Кај да читам, на гугле или на вики? Да знам и јас да се образувам. Структурно не биле исти... абе ај... малограѓанштина и дискриминација.
И машките и женските гради се исти, анатомски и морфолошки. Ерогени зони и интима и кај едни и кај други, ама кај мажите не е проблем да се шетаат и без маица во лето, а жена ако не носи градник под блуза е гнасно.
Исто како што машките и женските влакна не беа структурно исти па едните можат да шетаат длакави а другиве мора да се тасмосуваат поради хигиена?
Ааааа, ја разрешивме мистеријата. Мажите пошо не може да дојат, брадавиците и цицките не им се интима, а ние пошо доиме, интима ни се Фала ти, неписмена ќе останев
Самоо што прочитав божее, дел од женското тело ДОЈКА, било грдо и одвратноо. Мислам нема што да барам на темава после ова .
Јас лично многу би сакала кога е лето да се соблечам за време на излет нпр и да се оладам како мажињава. Дали тоа би било во ред? Не. Не затоа што е погрешно, туку веќе таквата постапка би била ту мач за социјалните норми во било која држава. Не ми е гајле за другите, туку ми е гајле за децата, кои се научени дека градите се сексуално нешто и не би го доживеале тоа како што треба. Сепак, ова е од аспект на социјални норми, а не од некој си биолошки аспект кој не постои а пробуваш да го наметнеш.
Не ми одговори. Еве уште едно прашање. Општо познато е дека мажите во лето седат голи горе, дал по дома, дал со пријатели, дал кога вежбаат. Дали би го направила ти истото и зошто не? Те молам одговори ми.
Ја убаво реков дека не сум видела маж шо му штрчат брадавици И реков дека и за нив е невкусно Ама кој да сфати.Само за нив нема градник, за нас има.Нашите се видно поголеми Овие први ми текнаа Кај им се гледа? Ааа еве Да не речете барам набилдани само У екплор рандом ми искочи на кого овде му се гледаат брадавиците? нему или неа?
Шознам. Значи јас знам што ми кажале на торакална и на ехо на дојка. Цел ден барам гугле фото од здравствено коректен прслук, цело време ми вади некои глупи прслуци со полнетици. Тук таму некоја небитна студија за врска меѓу прслук и рак на дојка, ама еј, тоа е скроз небитно... Да ви кажам и дека прслук треба да биде бел покрај памучен, на која клада за ерес ќе горам
Aма зашто во фебруар 2022 ви текна на ова? Кај бевте досега? Т.е знам, чекавте јавни фаци во САД да шетаат бралесс, па као чекај на Фемина ќе потрубиме. Знам од кај почна муабетов.Од фустанот т.е тиктокот на Спенџарска.Ама зашто на вас прво не ви текне нешто? Немате време од судење Затоа
Не само што не смееш да се соблечеш туку и прслук ќе ти речат да ставиш зашто срамота е пред татко ти/брат ти да шеташ со распашани цицки. Ама агата може по боксерки да пие пиво дома. Затоа на плажа топлес колку сакаш, дека интима се. @Feminka22 Што е вулгарно и гнасно (или кој збор и да беше) на последната слика?
Истото си го помислив, еј дај да видам попуС дали некаде има, дали некоја дала идеја.... и ме сочекаа мераци. Ќе сме се еманципирале, ахам да, мало сутра. Туга.