Вакви цицки да имам, никогаш прслук не би ставила ама буквално за ниедна пригода. Ми е гајле и за брадавици штрчеле, не штрчеле ама сега кога виснаа за жал морам да го облечам за да изгледам бар малку поубаво. Не за да бидам дама тетче, научи што е дама прво.
Го имам направено тоа. Со голи гради сум седела, дома. После двете породувања, на почетокот на доење, со двете деца. Пошто сите што некогаш доеле, знаат колку се преосетливи брадавиците, особено на почеток на доење, и дека знаат и да се раскрварат, и ништо не можев да трпам на нив. Иначе темава е за неносење градник под облека, а не за седење топлес кај се стигне.
Жените не се шетаат голи пошо така налагаат општествените норми, не поради некои биолошки разлики. Те имам приметено на повеќе теми како ги мешаш овие поими.
Кои општествени норми и зошто истите се наметнале? По темава, 90% имаат спротивно размислување, така да, кој остана да ги формира тие општествени норми?
Истите општествени норми кои налагаат мажите да носат панталони, а не фустани, жени да се депилираат, мажи не, машки бебиња да се облекуваат во плаво, женски во розе, мажи со повеќе партнерки - фраери, жени со повеќе партнери - курви...или и тука има некои биолошки разлики?
Примеров те поздрави. Многу добар чекор во нормализирањето на женската цицка. Зошто со пријателките не седнете по цицки? Или во теретана на справа? А темата знам што е. Само сакам да се ми се разјасни, зошто се срамите воопшто да ги покажете цицките пред пошироката јавност, ако не се интима? Затоа што за интимата вие се фативте.
Аман бе, сериозно сакаш да ти кажеме зошто биле наметнати општествени норми во врска со телото на жената?
Темава да не беше трагична, ќе беше комична. Како еволуираа мислењата од тоа дека не сакаат да се мета на манијаци, до тоа дека е нормално да манијачиш... mind blowing. Искрено и јас ко Јана, да не ја отвореше Кате темава, никогаш немаше да помислам дека неносење на градник е толку скандалозно за некои. И престанете да се вадите со тоа дека вас не ве погаѓа ништо и секој може да ви каже што сака, за вие да навредувате понатаму. Нормално е да се осетиш лошо и за мала ситница кога некој би те искритикувал. Не сме социопати. Стварно не изгледате онака ко што се замислувате.
Зошто муслиманките во шеријатски земји не седнат со пријателките со распуштена коса, не забулени? Или во теретана на справа? Зошто се срамат да ги покажат косите пред пошироката јавност, ако не се интима? И еве ти како експерт на тема разлики, која е структурната разлика меѓу машка и женска коса, па машката смее да се глеа, а женската е само за пред стопанот?
Зашто де? Кај нив налага законот така Или гилотиња Овде никој не ви вика дека не смеете голи да идете Ама ниедна не рече ,,да бе ќе искочам и без маица” или ,,иам искочено” Него знаете дека не е пристојно голи да шетаме Пошо некој поназад рече.. цицките без прслук нѝ се родиле Апропо тоа, може и голи да шетаме.Кога се раѓаме, се раѓаме голи
Ае Господе боже, исусе христе, света богородице и сите светци. По 123213213124343 пат, не треба да пропаднат фабриките за прслуци аман. Убави се, секси се, знаат и те како да ти ја подигнат самодовербата, знаат да го подобрат сексуалниот живот, знаат да направат аутфит да блеска, знаат под сако да стојат предобро. Нема никој ништо против прслуци. Ама исто така не треба да е гнасно, вулгарно, несредено, неуредно, вниманиепривлекувачко, не знам веќе ни какво ако жена одлучи тој ден да не облече прслук оти не и се носи. Исто како што некои денови ни се носи сукња и да сме препички, а некои денови сакаме само еден голем и комфорен дукс за да го протуркаме денот. Аман.
Што ме боли за муслиманките во шеријатските земји... Зборувам на територија на Македонија. Кој ги наметнува тие општествени норми ако не општеството? И ако општеството е народот. И ако народот е Фемина форум. Кој тоа ви наметнува да ги затварате вашите цицките во градници и разно разни штетници. Јас и пар луѓе тука? Толку сум ти битен фактор што твоето однесување, облекување и размислување, го конструираш според моето малцинско мислење?