Тука не налага законот така, исто како и во мн други земји, па пак имаш еден куп муслиманки забулени. Зошто? Затоа што така налагаат нивните морални норми, дека косата е нешто интимно и провокативно што смее да се покажува само пред сопругот, дека ако ја покажат пред друг маж го искушуваат. Од друга страна имаш афрички племиња кај што се шетаат и мажи и жени малтене голи, и никој не се потресува околу тоа, едноставно за нив е тоа природно, не го гледаат ни како срамно ни како одвратно, ни па се силуваат таму 24/7 како што си замислувате вие. Во среден век некоја да се облекла во фармерки и маица гарант на клада ќе ја спалеле, денес е нешто најнормално. Што се смета за срамно и неморално е општествена конвенција и варира во зависност од локација и временски период, нема врска со биолошки структурни разлики, тоа пробувам јас да појаснам.
Не штрчи брадавица зашто не и се набабрила на сликава. И, ако ти е гнасно, ќе ти биде и на фустанов гнасно. Пошо ти општо рече дека ти е гнасно брадавици да гледаш и дојки без градник како се таласаат (а на оваа у одење сигурно и се мрдаат). А инаку, кај мажите многу често може да се види набабрена брадавица преку маица или кошула тенка. Да им направат и на нив ако не градници за да не бљуцкаш на секое, м?
Се гледа твоето емоционално ниво на темава многу убаво. Членката во три поста ти кажа дека се најде навредена од твоите коментари, ти ниту еднаш не си стави прст на чело дека можеби не си во право и дека можеби треба да се извиниш.
А членката од што се навредила? Сериозно прашувам. Лично нејзината цицка е навредена? Не знам по кој пат... Форум е. Феминка даде општо размислување. На неа и е неубаво, гадно, што и да е. Ама на крајот од денот, ако јас сум решила пинг понг да играм со цицките надвор од моето живеалиште, што ми менува ако на некој му е гадно. Нека не постои форумот, најдобро. Посекако ќе постојат спротивни мислења. И ако не сакаш да ја чуеш другата страна, што бараш да читаш?
Од луѓето што ме познаваат појма немаат дека имам проблем со желудникот, сум имала и како некој почеток на хернија, така ми кажаа при преглед. Откако го имам овој проблем ама појма немате што значи да сте стегнати во прслук и да ве кине од болка и стомак и желудник и гради, буквално се. Па дури и кога носам потполно лабаво прслуче, памучно, без корпи, значи боли. Затоа не знаете кој каков здравствен проблем има, некој може со рбет, дојки, некој сосема трет, а само оти вие не сте запознаени со нечии здравствен проблем, не значи дека не постои.
Не го одговори ова прашање, која е таа огромна структурна разлика(на страна млекото) што ги прави женските брадавици срамни, а кај мажите океј? Спојлер
Го одговорив прашањето. Никаде не пишав дека постои огромна, уште помалку друга разлика. И никаде не пишав дека нештото е срамно, туку е интимно. Нешто и ти се губиш во преводот.
А шо тебе те боли брадавица за женските прслуци? Мислам стварно. Имаш дојки? Имаш видено мака од прслук? Ти мрмори некој ако ти се наѕира брадавица преку кошула? Ај седи мирен или од утре земи носи појас околу граден кош, за солидарност, па кажи колку ќе издржиш и зошто не.
Јас сакам да носам понекогаш ама @KateKane повеќе ме сака без и знаете хехехе Ај не се зафркавам веќе ветувам
Мали гради имам, мајка ми се сомневаше како ке дојам. Кога носам широка облека не носам градник, и да носам никој нема да примети. Кога носам тесна облека носам градник. За мене градите имаат сексуална нота. И деколте и брадавици кои се гледаат ми изгледаат провокативно.