За да не ме прашувате едното те исто. Женската града нема улога во само доење на своето потомство, туку причинува и сексуално обострано задоволство. Ваљда знаеш дека е ерогена зона. Ваљда не си пуританка. Од друга страна, тебе не ти се влажни на машка цицка, или би била една од ретките, ама веројатноста да се соблечеш пред мажи, еден да нема ерекција, тогаш треба да се испита за еректилна дисфункција. И некој претходно пиша, било тоа перверзија, манијакално или не знам што. Нема маж, а да е стрејт и да е имун на женска града. И не значи дека на истиот нешто му фали затоа што сексуално се надразнува на гради. Природата си го има направено своето. И кога нештото истовремено е и сексуализирано, мое е и да си го заштитам. Затоа би го нарекла интимно. И нема тука ништо спорно, измислено или што ти ја знам.
Не се согласувам, ама барем го почитувам конечно, целосниот одговор. Само да истакнам, не се пали скоро никој на машка града, ама мажите се палат кога им се допира или лиже брадавицата и те како. Значи и ним им е ерогена зона.
Со што не се согласуваш? Дека градите немаат и сексуална улога? Мене или себе се лажеш? И точно дека е обострана ерогена зона. Само што, тоа што не се нафаќаш да лижеш и допираш машка града, доволно кажува како истата ја перцепираш во твојот мозок, би рекла како нешто и не баш надразливо, скоро па и незаслужно за твоето внимание. Додека јас длабоко верувам, си немала ни еден партнер што не се посветил на твоите гради, напротив. Има разлика или нема? И искрено јас лично би се навредила некој да ми каже дека физички нема никаква разлика меѓу мојата цицка и онаа на партнерот. За тебе не знам.
Факт е дека да шетаат добри гради по улица и мажи и жени ќе гледаат и ќе се воодушевуваат. На кој не му пречи да биде зјапан додека шета надвор, нека го прави тоа. Не ја гледам потребата за дискусија на темава. А за тоа дека инстаграм забранува споделување фотографии каде што е тоа изразено, и подобро што е така. Зошто во случај да е дозволено и да летаат гради по инстаграм, барем 20 мажи ќе коментираат какви ви се градите.И тогаш тоа ќе е проблем.Препраќање, коментирање фотографии. А сепак тоа е природата, како што за лик ,насмевка ,коса се препраќаат слики и се коментира , така и за градите и брадавиците ќе е така. Но тогаш тие ќе се манијаци,нели?. И факт е исто така дека за машко тело, жена може да си помисли уф каков е и да остане на тоа, а за на машко да му се дигне доволно е да фрли поглед само...Па ако на некој не му пречи тоа, нека шета по улица така. Сепак кој како му одговара треба да има слобода да прави, но тогаш да не биде дискусија дека мажите биле манијаци и зјапале.Јас како женско би зјапала не па машко.А да ги превоспитаме луѓето да не зјапаат не можеме, така да јас лично надвор одбирам да се заштитам од невкусни погледи.
Можиме. Ако ќерка му, жена му, сестра му, мајка му шета без прслук и ги зјапаат, да видиш како ќе ги дожежи манијаците. Оти таквите, обично на туѓи цицки и газови се радват, ама на нивните блиски, никој не смее да се радва. Ко Никола Којо шо викаше: “Јебите мене, немојте њу“
Whoa, што сè не прочитав на темава Носам градник речиси секаде поради ххх причини кои не морам да ги наведам, нити да му се правдам на некого. Исто како што не мора да се објаснуваат оние што не носат. Читајќи ги мислењава можам само да кажам дека ви се восхитувам на храброста. Не е лесно да излезете помеѓу judgemental луѓе и да се справите со зјапањето кое, на мое изненадување, доаѓа и од жени, а не само од мажи.
Ти да кажеш дека мажи со долга коса не те привлекуваат, нема воопшто да ме погоди. Ама да кажеш дека сите мажи со долга коса се небањати, мрсни, имаат вошки, металци - секташи и те како ќе го сфатам навредливо. И после ќе ти каже, дека не мисли конкретно на тебе. Чист пример на дволичност, а не некаква сурова искреност или што ти знам. Од кај знаеш што прави во кревет?
Оти вие сте тие зјапачите што ги прават ненормални, гнасни и вулгарни оние што не сакаат да носат градник кога ќе излезат. Вие зјапате, осудувате, покажувате со прст. Не знаеш што е темата, ако знаеше, немаше да тропаш глупости во недостаток на аргументи.
Многу погрешно, страшно погрешно. Прво, не додавај свои зборови и претпоставки на моите постови. Дали некаде ги напишав тие епитети? Дали некаде спомнав дека истото ми е гадно, ненормално, вулгарно? Те молам... Од каде знаеш во која конотација, јас го доживувам неносењето градник? Може ме привлекуваат. Ако ме привлекува, ќе зјапам. Убаво ми е да зјапам во она што ми е понудено на излог. Интересно, знаете што манџа готви комшијата денес, ама боже сачувај, вие не гледате ништо кога го напуштате домот. И навистина не знам што подразбираш под зјапање. Дека ќе го привлечеш вниманието, те молам не се лажи себе и останатите. Кога вниманието е добиено, не очекувај да не побудиш погледи. Ако тоа го нарекуваш зјапање, нека ти биде. И секогаш ќе имам аргумент, и ќе добиеш уште подобар, кога ќе одговориш како што треба на она што те прашувам. И прибери се. Никаде не ти напишав дека ти лупаш глупости, ако нештото што го пишуваш не ми се допаѓа. Моето размислување не е глупост. Ниту пак твоето. Ако не ти се допаѓа, не го перцепирај за релевантно. После последниот пасус, не си доследна за понатаму да ти реплицирам.
Во принцип почесто сум со градник на себе отколку без, не спијам со него и дома не носам. Во последно време ги избегнувам градниците со жица, таков носам само на работа,а други денови без жица. Поудобни ми се без жица и посекси ми изгледаат отколку со жица па да ми се дигнат нагоре коа ќе кревам раце, па да ме чеша. Не ми е невкусно да гледам женски гради без прслук ама треба да се избере правилниот градник ако се носи. Градите ја красат женственоста па навредливо е да се каже дека служат за доење само. Не секој градник стои на иста форма гради.
Никогаш нема да сфатите дека неносење градник не е за да се поттикне внимание. Ама како што пишав претходно, ако вие правите нешто со цел да привлечете внимание, не значи дека сите луѓе се исти како вас и прават нешто за да другите да ги зјапаат. Според мене, зјапањето е непристојно. Во било кого, од било кој. И ништо не ти е дадено на излог, и никој што е поинаков од тебе не ти е добар изговор за да зјапаш. Манијачки е и некултурно е, колку и да те навредува тоа.
Од жените си патиме ние жените, не од мажи. Кога доев (иако искрено цицка не ми се виде никогаш, носев такви блузи пошироки и не се гледаше ништо) на клупа пример, можам да кажам дека гадни погледи, превртување на очи и коментари добивав од жени, мажите едноставно не реагираа никако, си поминуваа и заминуваа. Две деца имам доено, имам доста искуство со такви ситуации. За неносење прслук, се случувало да не ставам за надвор, никогаш не сум приметила маж да зјапа. Жените се тие што се кокошки, оговарачки, и што лечат комплекси на други жени. Ама тоа е, што ќе правиш... затоа сме 100 години назад, оти има такви кои не си гледаат пред себе, берат туѓи гајлиња. Мали сте ајде, ќе ве доведи животот да имате обврски, толку побитни работи од зјапање во цицки на жени дали носат прслук или не, па може ќе се опрајте. Ако не, тогаш стварно треба да си најдете хоби нешто, занимација... од живеење туѓи животи се отупува.
Како знаеш дека некој те зјапа, ако не зјапаш и ти? Физички како е возможно? Што има врска доење со неносење прслук? Дали некој го спори неносењето прсук по дома и кежуал моменти? Впрочем и никој не го коментираше доењето на темата. И ако погледнеш во некого, не лечиш комплекс, освен ако ти погледнеш некого и истото те асоцира на лечење свој комплекс. Туку, горе бидејќи бев повторно прозвана. Гради да споредиш со некој што е поинаков од мене во однос на зјапање е тотален нон сенс, што чудно ми е како воопшто се дрзнувате да давате такви претпоставки. И јас имам гради, така да не гледам како некој е поразличен од мене. Ама ако е пишано во друга конотација, срамота до кај ви одат претпоставките и размислувањето. Колку што сум јас манијак, толку се и вашите партнери и целокупен машки род во фамилија. Сиротите само напред гледаат и ич ама ич не гледаат во женски гради. Темава смрди на лицемерие. Повеќето носат градник и самите знаат зошто и кога треба, истовремено се пишува како тоа некој ви ја ограничува слободата на вашите цицки. Самите во вашиот памет си ја диктирате слободата, и тоа право, освен во диктатура, никој не ви го зема. Така да, не носете, ваше е. Мое е што мислам, како мислам и зошто мислам. Ваше право е да го коментирате, но не и да го деградирате. Јас никаде не пишав дека некоја е вулгарна ако не носи прслук, истовремено што туку дознав дека сум кокошка искомплексирана што гледам она што е во сопствениот видик. Браво, интересна опсервација.
Јас озбилно не знам како претпоставувате дека изгледа зјапање омг.... Јас не знам што правите вие кога излегувате од дома? Броите чавки ли? Или колку бекатон плочки поминавте? Ок
А што тоа жените страдале од жените или жена на жена било волк? Многу битна тема, градник, како да е од витално значење, и некој со коментар на фемина ви го загрозил живот. Убаво ви кажува @GrimTheReaper, ваше си е, сакате носете, сакате не. А дека никој во никого не погледнува, или ако погледнеш си манијак, од каде ви се сите тие чудни констатации? Каква тема и да се отвори, се од од крајности во крајности, од тоа „облечи бурка“ и да сме учеле деца да не зјапаат или не знам што. Облечете си градник, баталете прслуци, прслуци има во Србија.