Навредливо е да се каже дека градите ја красат женственоста. Што е со девојките кои имаат мали гради и со оние кои немаат (оперативно отстранети)? Сакаш да кажеш дека тие се помалку женствени од другите?
Јас имам мали и гради и не се навредив од мислењето. Градите не се само за доење, што со тие мајки меѓу кои и јас кои не сме можеле да доеме? И тоа е навреда нели, да кажеш дека се само за доење
Тоа што ти не се навреди не значи дека никоја нема да се навреди. Треба да размислиме пред да напишеме нешто. Всушност и апсурдно е да се мери женственоста со дел од тело кој го имаат и жени и мажи. Што се однесува до доењето, не ги прочитав сите коментари па да знам дали некој напишал така. А мислам општо е познато дека не се само за доење.
Доела или не доела, градите се за тоа!!! И кучката моја сега кај и да е ќе ја стерилизирам, нема никогаш да дои, ама сепак нејзините брадавици/гради се создадени за доење. И задникот (butcheeks) е создаден за седење, и устата е создадена за јадење/зборување, и стапалата се создадени за одење (ова за оние со фут фетиш)... e сега ние што си ги користиме сите тие делови од телото за повозбудлив секс, тоа им е секундарна функција, нели?
Брејј како ми го испреврте мислењето алал да ти е Ко прво јас имам мали гради и се чувствувам женствено.
Да не се правеме наивни. Колку пати на форумот имало 'фалби' за големината на градите, ако се само за доење зошто се истакнува големината? А на мажите за што им служат?
Добро ај, не се само за доење, за да се пикнат во прслуци постојат... Затоа ги дал големиот бог, рекол чеда еве ви еден гнасен орган, кој можете ако сакате да го користите за доење (ама не препорачувам оди е гаден интимен орган)... и да се гадите на тие женски чеда кои нема тој гнасен одвратен орган да го прекријат со 3-4 слоја облека, и да ги зјапате и да им превртувате очи, за ваше да биде после царството небесно!!!
Порано мислев дека МОРАМ да ги сокријам градите. Затоа и носев градници кои се доволно дебели, со жици, врагови. Денес носам бапски градник. Имам големи гради, ми пречат кога не носам, но затоа носам најобичен, без жици, без пуш ап, без ама баш ништо. И да, брадавиците преку овој ми се познаваат, и знаете што? Ич не ми е гајле. Јас знам која мака си ја имав прво со пронаоѓање соодветен градник, а потоа и општо, неудобност, нелагодност, мака. Овој не го ни чувствувам, а ја брка работата - сами без ништо исто така ми пречат И да, која како сака нека си ги носи градите. Како се чувствувате пријатно, комфорно, едноставно така бидете.
Чекај малце, жени со мали гради ќе се увредат, ама жени што не дојат нема да се увредат. Контрадикторни ти се одговорите и сама себе се демантираше.
Ок чим не е за мене. Искрено повеќе коментари сум слушала за тоа која има поголеми отколку за тоа која доела или не доела. Ама нели само за доење се. Затоа и има осудувачки коментари и потсмев ако некоја има мали гради.
Основна намена на женските дојки (поточен збор него гради) Е доење. Човекот е цицач. Основна биологија.
Форумче, тоа е поентата моја и на еден куп жени тука. Треба да се престане со потсмев воопшто, дали некоја носела или не прслук, дали има мали или големи гради, дали рацете и биле издепилирани или не... тоа е тоа. Треба повеќе прифаќање на жените, да се осеќаат убаво во својата кожа, премногу очекувања постојат и за во изгледот и за во носењето, и пак на крајот тие напаѓања и осуди се главно од жени. Сите се убави на свој начин, секоја ќе биде убава ако се осеќа убаво, нема што ние да зјапаме по улици и да делиме ордени на убавина и на гнасота. Јас може сакам да сум нашминкана денски, некоја не сака, јас може не сакам да носам градник до продавница, некоја сака... јас може сакам пунџа да носам на косата, некоја сака пуштена да ја носи.......... не смее да се осудува изборот на другиот, уште помалку да се гади и да зјапа.
Не сфаќам како се демантирав? Доење не споменав никаде, освен во делот каде што и одговорив на forumce. Па не сфаќам каде посочив дека жените што дојат нема да се навредат?
Кажуваш да сум припазела на пишувањето,а ти никако да припазиш на своето. Кога демантираш некого гледај да не го навредиш,ако не знаеш прашај. Ако немаш аргумент -ќути си. А тоа што го пиша за тие со остранети дојки тоа е друга тема, замисли некоја да го прочита тоа. Ве молам во иднина да не се спомнува ова,срамно е. Не им се остранети ради своја волја и срамота е да се прават споредби. Подобро да си молчите ако не знаете со што да нападнете. Кажав дека градите ја красат женственоста на една жена, но женственоста носи и други фактори. Исто така никаде не кажав дека ако една жена нема гради не е женствена. Намали со фрустрациите и не е навреда моето, твојата споредба со отстранетите дојки повеќе боли. Жена на жена најголема змија отровница,толку!
@buba4e89 вика градите ја красат женственоста ти @f.girl викаш абе како така, а жените на кои им се мали или ич ги немаат ќе се навредат @forumce ти вика е добро де еве мене ми се мали, ама не се навредив и не сум помалку женствена поради тоа. И споредбата со доењето е исто навредлива, ако одиме по таа аналогија. пак ти @f.girl викаш Епа добро ти си ти, ти не си се навредила за малите гради, тоа не значи дека некоја друга нема да се навреди. Тоа апсолутно исто правило важи и за доењето, само тебе тоа не ти пречи, дури не си ни забележала дека се коментира. Смешни се коментариве , начелно, за што СЛУЖАТ градите. Секоја жена ќе одлучи за што ќе ги користи. Не разбирам која ви е поентата, треба некого да прашувам дали ќе дојам или ќе ги шетам распашани или во оклоп или ќе ги служам за секс? Кај отиде темава.
Зошто се обидуваш да ми наметнеш зборови кои не сум ги кажала? Мојот цитат се однесуваше на коментарот од Бубаче, а во него немаше ништо за доењето. Ако сакав да коментирам на таа тема ќе цитирав друга членка, тоа што го напишав се однесуваше исклучиво на коментарот за женственоста. Потоа Форумче го вмеша доењето и јас кажав дека не знам што сè се зборувало за тоа. Моето "незабележување" и некоментирање на доењето не води автоматски до заклучок дека мене не ми пречи навредата за истото како што имплицираш ти, не знам од каде го заклучи тоа. Баш напротив, стојам зад кажаното и во двете ситуации, иако целта на коментарот беше само за женственост. За следен пат ќе знам дека до детали треба да ги прочитам сите мислења и да ги вметнам сите поими на дискусија во постот. Но, бидејќи ги интерпретираше моите зборови надвор од контекст, па некои жени можеби ќе се навредат, јас им се извинувам ако ги повредив. Тоа што не доите не ве прави полоши мајки од останатите исто како што градите не се мерка за женственост! Што се однесува до вториот параграф, за слободата на избор на жените, истото го напишав јас, а и многу други членови. Можеби не си забележала. Следен пат додади уште две-три реченици за да дообјасниш што мислиш. Да не мора ние да толкуваме што сака да каже авторот. И ако не гледаш навреда во она што го напиша тоа е веќе твој проблем.