Оф човече, секој пат кога ги читам темиве се УВЕРУВАМ дека луѓето воопшто не препознаваат што е општествена норма а што биолошки факт. И зошто на гугл кога ќе пишете ви искача тоа што ви искача. Ќе речев глупо е во време на толку лесно достапни информации да имаме вакви забуни, ама гледам дека не знаеме ни како да бараме информации in the first place. Друго, побогу, немате видено енциклопедии како помали, од оние за деца кај шо имаше слики од племиња, чисто колку да се изложиме на културниот шок дека голотијата не се третира исто во цел свет?Не дека треба голи да шетаме, туку да знаеме дека не е само нашето во светот. И уште еднаш, не се палат луѓето само на града, се палат и на мал милион работи. Следно, треба да мислам да не ми се види глуждот кога носам пократки чевли зашто некој со фут фетиш може да се напали? Баш ме интересира што мислите и за докторине што секој ден гледаат голотија, сигурно не може да се смират од ерекции.
Јас лично имам средни цицина, шо значи ги иако можам да се осеќам комотно без прслук пак морам да ги држам ко ќе слегвам по скали. Неносење на прслук нема никаква врска со сексуализација и барање внимание ко шо се некои членки убедени, јас лично барем имам поќе погледи добивано кога носам градник и сум целосно покриена одколку кога не носам, до степен шо едно баце застана со точак да ме слика, врска немам шо кур сликаше ама ај ок. Да се погледниш во нешто ако ти фати око е сосема океј и не значи дека е на сексуален начин, шо и да носиш ќе се најди некој да се погледни, ама зјапање и мањачене е сосема друго и ТОА е проблемот, а не само да зирни некој и никому ништо. Секој дел од телото може да е сексуализиран, фут фетиш имат прееееемногу луѓе и ај са да не смеам сандалки да носам. Ако гледање на цицки под маичка без градник ти претставува проблем, не е до цицките....
Искрено им завидувам на тие кои имаат убави гради, и ептен ми е убаво за око женско деколте, ама во пристојни граници, не цели цицки вулгарно на изволте јас го немам тој луксуз за убаво деколте, јер немам убави гради за око и посебно го немам тој луксуз да шетам без градник бидејќи немам гради, туку градишта, јас во живот немам излезено без градник, до скоро буквално и за спиење не го вадев, сега почнав да го вадам да издишам раат за спиење барем
Уф само ние сме 100 години назад... По дома не носам дефинитивно. Лето па никако. Ако можат мажи да се шетаат без горна маица, можам и јас без градник. На работа носам односно коа се мора. Еден период имав најдено одличен градник без корпи, само материјал, многу пристојно изгледаше во смисла ни пупка ни ништо не се гледаше, а можев да дишам. Сега го барам и под дрво и под камен, ама не го произведувааат изгледа повеќе. Незнам зашто на плажа е нормално да се познаваат и пупки и свашта, а вака е безобразно, провокативно.
Чисто се сомневам дека било која жена не носи градник летно време, освен ако не по дома. На работа сигурно "не носете". Едно е вака пишано, друго излегува во реалноста.
Ух, мудролија на денот. Во мое друштво носиме само ние што имаме поголеми гради, а имам другарки кои прслук не виделе освен кога ќе се дотераат со секси долен веш во сексуална атмосфера.
Сто пати пишавме дека темава е за неносење градник во неформални средини, не во формални. Збориме за кога се иде на кафе, на прошетка во парк и до продавница. Девојка/жена да може да излезе и да оди на тие места без да слуша коментари за тоа што не носи градник. Да престане стигматизацијата.Да престане зјапањето.
И што е поентата на ова? Целта е сите да не носат кога сакаат или во неформални средини како што се пишува тука...единствено поради потпора гледам разлика ама ако тоа не е проблем тогаш пак доаѓаме до заклучок нормално е за мали гради без градник но не е баш така за големи.
Ако пратам линк од Инста ќе се види некако кој праќа? [COLOR=rgba(0, 0, 0, 0.87)]Као на тикток? Или не би требало Да ви пратам едно видео за муабетов @Ahoy @Billy Idol ве тагнав пошо знам дека баратате со форумкв и со сѐ електронско Јес ор но[/COLOR]
Мене ми е убаво кога ќе видам убави женски гради од естетска гледна точка, значи не за манијачење, туку онака чисто дека е убаво да се види, а не ми смета да гледаме и заедно со мојот партнер. Мада јас повеќе забележувам од него и самата му кажувам кога ќе здогледам убава типка со убави гради или задник. Не да зјапаме, туку да погледнеме. Убави женски гради кога ќе се појават пред тебе неизбежно е да не ги забележиш. Е сега да зјапаме како манијаци тогаш проблемот е во нас, а не во типката со убави гради. А, тоа за шетање без прслук тука е уште многу заостанато и ептен се сексуализира, а нема да се смени. Менталитетот тешко да се смени.
Женторини кои веќе не им ги дигаат на мажињата, се плашат на маже да не му се дига на другите девојки, кренале сељачка буна зошто жените не носат градник.
Вулгарно ми изгледа пупки накострешени под маичка. Јас имам средни гради и слободно можам да не носам градник но едноставно не ми изгледа пристојно.
Знаете,децата на моја возраст(повеќето од нив) се вулгарни и,да кажам,не воспитани,што се за нив не им се допаѓа го сметаат како мета на потсмев и понижување. Wrong. Не те гледаат тебе-како личност,те гледаат тебе-тоа што носиш.А тоа што го носиш има големо влијание врз тоа што ќе ти се гледа од внатре. Сметам дека секој треба да го носи тоа во што се чувствува удобно. Јас,лично,носам градник,поради тие причини-да не бидам исмејувана и да не привлекувам внимание. Ама,не го носам секогаш.Не го носам кога носам џемпер или широк дуксер,или кога сум дома. Навистина е тешко да се носи,те стега,ме боли после грбот,и сл. Затоа јас сум против носењето градници.
Природата на човекот е таква. Јас што сум женско кога ќе видам некоја со убави цицки очите сами ми идат таму. Можам да замислам машко.
Ах, да имав големи цицки, ко ќе ви доев тамо во Мк, ко ќе го извадев прслукот..... имаше на сите очите да ви излезат од главата. Ама немам. Моите личат на исцедени портокалчиња.