Во право си. Не дочитувам секогаш. Посебно кога сум на повеќе фронтови паралелно *Гледам документарец во моментов.
Не носам градник, освен ако е проѕирно парчето облека или пак понекогаш имам желба за пушап. Градникот е за мене моден детаљ и ништо повеќе. Можда да не ми беа затегнати градиве, ќе ми пречеа и ќе носев, вака не гледам потреба.
Основна функција на градите е доење на бебето - точно. Но градите имаат и сексуална конотација и да, вулгарно и невкусно е да не носиш прслук во јавност освен ако не ти е поентата сите мажи да зјапаат во тебе. Ама ако, немам ништо против некоја да сака на таков начин да привлече внимание.
Не ми е нормално жена у јавност без прслуци. Невкусно изгледа. Дома кој што сака нека праи, како сака нека носи. Од раѓање носам затворени (и дома) блузи. Само за ептен свечени прилики може поотворено нешто. Се осеќам ко гола ако носам нешто на прекорамки.
Од ова што го прочитав досега се заклучува дека: - Носење прслук (или нешто за поддршка) е медицински оправдано и реално им треба само на жените кои имаат големи гради имаат тежина и ортопедски проблем. Јас би додала и кај жени кои спортуваат или се танчерки за да ги држат градите и да не им пречат во работата. Ама и тоа е практична причина повеќе па после здраствена. Друга здраствена причина нема, реално. Сите други може во естетски да се стават сосе висењето и обликот. - Повеќето жени мразат да го носат и максимално избегнуваат да носат. Го носат само за да се заштитат од погледите на другите или заради кодекс на облекување. Секако има и исклучоци кои повеќе сакаат да се со него без него, ама мислам помалку се. Освен на оние што им помага за реална потреба сите други го носиме зошто тоа ни е наметнато. Културата во која припаѓаме ни одредува кој дел е премногу интимен за туѓи погледи а кој не е. Некаде и раката над дланката е премногу интимна, а некаде топлес е нормално. Здолништата се скратуваа секоја деценија се повеќе и повеќе во некои култури, како што таму се менуваа перцепциите за тоа до каде е дозволено и прифатливо да се гледа ногата. Некаде е прифатлив камелтоу а некаде ни косата на главата не смее да ти ја видат. Значи секој дел од телото може да се сексуализира.
Основната функција на устата е за зборување и јадење, но има и сексуална конотација (со неа се изведува орален секс), и вулгарно и невкусно е да биде видена во јавност. Поради што е на исто рамниште со градите (сексуално гледано), мора да се носи прслук за уста (ќе го измислиме ако треба), а во едно над него маска, ако може и две и три, the more the merrier. ПС Блудници едни, не само што не ги покривате устите, туку и силикони ги полните уште посекси да бидат, мажите да паѓаат во искушение по улици
На youtube, женските гради се цензурирани, а машките не. Зошто? Треба да се праша youtube. Од една страна ако фрлиме све од покривала на тело веројатно би настанал некој мал хаос. Колку и да сум за тоа секој да си носи што сака, сепак сакам кога има некој дрес код некаде. Од друга страна ако се покриваат гради на женски, зошто да не и на машки? Елечињата и прслучињата ги гледам како помагала за да се намали непријатноста, не како неопходност. Не знам дали ми е ок ако се стигнати до стомак ама ако на тие што ги носат тоа им е ок, тогаш јас нема да се бунам.
Лично, кога пример одам на дејт и сакам да сум во „најдобро“ светло, клавам прслук да ми ги крени, да ми се познават убо дека ги имам, пошто ем без прслук ем џемперче зимава, исто ко да немам. Зато и сум малку изненадена од аспектот на кој се коментира против градите кои не се во прслук. Love it.
Дома, до продавница не носам прслук ама кога излагам на кафе или некаде на прослава носам така бар за момент имам чувство дека имам гради , иначе не е прво што ми паѓа кај жена е дали носи прслук, ама секогаш ми било синоним за прибраност на некој јавен настан
Шо е муабето бе Јас во тема за цицки сум, за орален не, а башка шо баби и жаби не споредуваме. Јас не, ти не знам.
Не ми е пријатно со тесни блузи и кошули да бидам без градник и во тој случај носам. Во широка и слоевита облека - многу ретко. Во средно секој ден носев, особено кога требаше да имам спорт - непријатно ми беше, иако сите бевме девојки. А и блузите кои ги носевме беа бели и најчесто ги оцртуваат брадавиците - едноставно срам ми беше да не носам градник. Еднаш носев спорски, ама премногу тенок, еднослоен, и забележав дека се ми се познава, веднаш облеков палто. Имав околу 13 години и бев излезена без градник. Тогашната другарка ми кажа дека е срамота да одам така и дека машки ме зјапале. Имав само 13 години, нормално се уште во развој, но тогаш девојчињата започнуваа да носат бебидол уште од 11 години. Од денешна гледна точка ми е смешно и ме нервира истовремено кога ќе помислам дека уште на 12-13-14 години неносењето градник било за исмевање. Едноставно живееме во таква култура, во која според мене требаат промени. Не сум за непрофесионално облекување на работа, но не сакам и за 10 минути до продавница во лето да се нервирам дека е срамота и ме зјапаат луѓето бидејќи не сум носела градник.
Буквално иста споредба е. Едното има главна примена на доење, но и сексуална исто така. Другото служи за зборење, но и за пушење к*р. Исто е. Ај побрзо сеа да се покриеме целосно, да не не гледаат муживе Невкусно е шо постоиме.
и? шо постигна со ова? сакаш да ти аплаудира некој или како? не сфаќам која е поентата на сликава.Ама не те ни прашувам, пошо прв и последен пат коа сум те прашала на форумов, ти ми го изврте муабетот.
@Celltica убаво пиша, мора да се однесе дискусијата во крајности. За “либералните”: шо правиме со газот? Која му е основната функција? Зошто го покривате во лето? Зошто не се шетате со проѕирна марама врзана? Дали за вас неносење прслук во јавност е оправдано секаде? Која е границата и дали ја има? За “конзервативните”: Мажите што се сељаци и манијаци се такви оти се прости, не оти некоја жена не носи прслук. Ако така ви се правда дечкото што зјапа други, да си најдете друг. Аман, не е сѐ црно-бело, пробајте да дадете разумен одговор, погледнете од повеќе аспекти.
Нешто како ова? Кој сака нека шета и со прозирни алишта кај газот, само со манијациве не ќе се справат многу