Стигматизација

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Gordana10, 29 март 2012.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.174
    Пол:
    Женски
    Познато е дека оваа појава не е нешто ново, низ историјата се спомнуваат некои луѓе кои истата ја имаат.Тие тврдат дека ги имаат раните на Христос, всушност живи рани кои за истите сметаат дека се сами по себе појавени.Кое е вашето мислење во однос на оваа тема? Дали сметате дека целото тоа е само за да се привлече внимание, можеби дека има некаква вистина во нивното тврдење или пак постојат медицински објаснувања за сето тоа?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.155
    Самиот поим ,,стигма,, означува знак на тело кој укажува на некои недостатоци (морално-правна природа) кај личноста која со нив е обележана. Во античка Грција така ги жигосувале робовите, крадците, издајниците, како луѓе кои треба да се избегаваат особено на јавни места.
    Потоа со христијанствотот, стигмата добива ново значење. Како прво се поврзува со телесна унакаженост како последица на божја воља а потоа и промена на кожа религиозен хистерик кој се јавува на она место од телото на кое Христос бил фиксиран на крст.
    Божемно појавување на раните на Христос кај некои (стигматизирани) луѓе, особено кај хистеричните и верските фанатици што тврдат дека имаат живи рани, мислам дека сеуште не е научно докажано. Бар ова не е толку искомерцијализирано колку што беше она кога течат солзи на Дева Марија (не ми текнува во која црква беше).
    Се додека не се докаже некако ќе мислам дека е повеќе да се привлече внимание
     
  3. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.514
    Стигмата е феномен што се појавува многу ретко кај луѓе и карактеристично за неа е тоа што се појавуваат рани или стигми како тие што ги имал Исус Христос сѐ до неговото распнување. Стигмите се траги, рани или болни сензации што се појавуваат на места на телото каде биле нанесени рани на Исус Христос при неговото мачење се до неговото распнување. Такви рани се пет на број како на пример стигма на рака, нога, стомак и глава. Терминот води потекло латинскиот назив за знаци- stigma. Терминот за прв пат се спомнува од Свети Павле каде тој вели: „Ги носам на своето тело Исусовите знаци“. Личноста што ги носи овие стигмати се нарекува стигматичар. Раните се појавуваат сами по себе, без соодветна надворешна повреда.

    Причините за појавување на стигмите се тема на голема полемика. Некои тврдат дека стигмите се чудотворни, а наспротива се луѓе што тврдат дека зад тој феномен стои медицинско образложение. Најчесто стигматичарите се од католичка вероисповед.


    Го гледав и неколку пати филмот http://www.filmovizija.com/search.php?k ... btn=Search
    исто и многу видеа на јутјуб.
    Сигурна сум дека овие луѓе постојат, но како и поради која причина ја добиваат стигмата не сум сеуште сигурна. Се вели дека најчесто ја добиваат верски фанатици, но исто и атеисти. Се вели дека најчесто ја добиваат жени но зошто? во филмот стигмата ја добиа жена атеист по име френки, но неа ја запоседнува духот на отец Алмеида, преку бројаницата која и ја испрати мајка и. ОК ете таа е еден од случаити, но зар сите атеисти ги запоседнуваат духови на верски фанатици?
    Ех многу длабока и широка тема а малку познавања.