1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стигма кон луѓето кои се хив позитивни

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MarijaMi90, 1 декември 2021.

  1. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    19.445
    Пол:
    Женски
    Денеска е први декември, светскиот ден за борба против Хив/Сида, па се сетив да отворам ваква тема.

    За среќа, во Македонија нема многу случаи на Хив/Сида, но затоа пак стигмата кон луѓето коишто живеат со овој вирус е многу голема. Сите ги знаеме оние фрази од типот " Што бегаш од мене како да имам Сида?" како да треба навистина да бегаме од луѓето што имаат. Исто така, по автоматизам се смета дека ако некој добие ваква дијагноза мора да бил премногу промискуитетен или хомосексуалец, наркоман, сексуален работник итн.

    Токму затоа сметам дека има луѓе кои не се осудуваат да се тестираат и покрај тоа што имале некаков ризичен однос (или барем тие го сметаат за таков), плашејќи се од осудата на околината. Луѓето дури и се плашат да не ги види некој дека отишле на тестирање.

    Спротивно на ова, во Америка е пракса сите сексуално активни лица, особено оние коишто не се со години во моногамна врска (под претпоставка дека навистина е таква) да се тестираат за сите сексуално преносливи болести еднаш годишно. Особено ако во меѓувреме сменале партнер или за првпат имале незаштитен однос со нов партнер.

    Па така, сакам да ве прашам:

    1. Колку сте вие запознаени со начинот на пренесување на Хив/Сида? Дали знаете кое однесување е најризично, кое носи помал ризик со себе? Дали сте свесни дека Хив вирусот всушност исклучително тешко се пренесува и дека незаштитениот сексуален однос со Хив позитивно лице не значи дека сигурно ќе дојде до инфекција кај негативното лице. Исто како што не доаѓа до инфекција со корона при секој контакт со позитивно лице. Само што кај Хив шансите за зараза се многу помали.

    2. Дали знаете дека лицата со Хив може да живеат подеднакво долго како и Хив негативните лица ако се на соодветна терапија и ако порано се открие инфекцијата? Исто така, терапијата може до толку да го намали количеството на вирусот во крвта што тоа станува недектабилно. Кога нивото е толку мало личноста не е веќе заразна и не доаѓа до пренос на вирусот дури и при незаштитени односи со партнерот.

    3. Дали вие имате предрасуди кон луѓето коишто се Хив позитивни и дали на пример би ви сметало да се дружите со Хив позитивна личност или да сте во врска, се разбира притоа заштитувајќи се себеси?

    4. Зошто луѓето од една страна тврдат дека се мн слободоумни, дека немаат ништо против секс без обврски итн, а од друга страна имаат огромни предрасуди на пример кон Хив позитивните лица. На ова веројатно ќе кажете дека човек може да има поголем број сексуални партнери, но да се заштити себеси. Сепак, треба да имаме во предвид дека особено младите луѓе понекогаш знаат да се невнимателни и да не се заштитат себеси. Лично јас сметам дека не треба да бидат осудувани заради тоа, само едуцирани за во иднина да не го повторуваат таквото однесување.

    5. Дали знаете дека во светот досега над 70 милиони луѓе биле дијагностицирани со Хив?

    6. Дали сметате дека стравот од Хив е всушност добар начин да се превенира заразата зошто ги прави луѓето повнимателни или само придонесува за стигмата и дискриминацијата? Со самото тоа луѓето одлагаат да се тестираат плашејќи се од осуда и го загрозуваат сопственото, а некогаш и туѓото здравје.

    7. Дали вие сте се тестирале за Хив, чисто превентивно како што правиме Пап тест или па можеби зошто сте биле уплашени ако сте имале незаштитен однос со лице кое сте го сметале за ризичен контакт?
     
    Последна измена: 1 декември 2021
    На Bezimenka90, staycalm и WildMk им се допаѓа ова.
  2. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.127
    Пол:
    Женски
    Потолно сум запознаена за се околу ХИВ/СИДА, болеста, начинот на трансмија. Во 21 век срамота е да не си запознаен покрај сите достапни информации што ги имаме само со еден клик.
    Немам предрасуди кон позитивите лица. ХИВ позитивно лице може да биде лицето што ќе ме услужи во ресторан, лицето што ќе седне до мене во бус, мој колега од факултет, тоа не можеме да знаеме, така што не би можела да кажам дали сум била во контакт со лице кое е ХИВ позитивно.
    Некаде во светот знам дека се прават обиди за комплетно излекување од ХИВ и се надевам дека во блиска иднина ќе се случи тоа.
    Дали би била во врска со ХИВ позитивна личност?? Тоа е многу дискутабилно прашање. Ако би била во врска, треба да бидам свесна и за ризикот од таа врска и колку сум спремна да го прифатам тој ризик, не е исто дружба со пријател, другар и партнер.
    Не значи дека со ХИВ се заразуваат само промискуитетни и со еден однос можеш да се заразиш ако лицето е ХИВ позитивно.
    Стравот не, ама едукацијата е патот до превенцијата.
    Не сум се тестирала досега.
     
    На Pea, Bezimenka90, MarijaMi90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Искрено, не знам за некој околу мене што е ХИВ позитивен, па да знам дали имам предрасуди.
    Вака 'од далеку', немам никакви...
     
    На st-el, Snowflake97, staycalm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.299
    Пол:
    Женски
    И јас делам исто мислење.
    А да бидам во врска со ХИВ позитивна личност? Нема шанси.
    Мене здравјето ми е на прво место, пред работа, едукација, љубовните и родителските врски..
    Никогаш не би била во врска со хив позитивен, невер еверррр!
     
    На cresa-jagoda, EvAngelos и WildMk им се допаѓа ова.
  5. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    19.445
    Пол:
    Женски
    Напишав погоре дека кога Хив лицата се редовно на терапија после некое време
    нивото на вирусот во крвта станува недектабилно и тогаш личноста не е заразна. Ако те интересира баш прочитај на нет и ќе се увериш.Се разбира, за да се ослони некој на ова, треба да постои доверба меѓу партнерите и лицето да е редовно со терапијата.

    Ете токму ваквите коментари, иако се разбира се најнормални, покажуваат колку луѓето не се запознаени со Хив вирусот и колку луѓето кои имаат се осудени на социјална изолација на некој начин. Живот без партнер, деца итн. Токму тоа е стигма. Токму затоа некогаш и не се тестираат, плашејќи се од осудата и од тоа дека ќе бидат избегнувани од околината. А, исто така, ако се на терапија може да имаат и Хив негативни деца.

    Инаку во склоп на работата морав да работам на еден проект за Хив и се изненадив колку сите ние сме неинформирани околу оваа тема.

    Да одговорам на моите прашања:

    1. Запознаена сум со начинот на пренесување на Хив многу добро, но сметам дека најголем број од луѓето не се точно запознаени. Зошто она што не учеа порано баш и не е точно. На пример сеуште не се знае со сигурност дали Хив се пренесува по орален пат иако порано се тврдеше дека и тоа е еден од начините на пренос.

    2.Знам дека лицата со Хив може да живеат подеднакво долго како и другите ако се на терапија. Во денешно време Хив, од здравствен аспект, ако е навремено откриен, е генерално сведен на исто ниво како дијабетисот, на пример, и останатите хронични болести. Но, луѓето сеуште сметаат дека е смртна казна.

    3. Мислам, најискрено, дека не би имала предрасуди кон Хив позитивните луѓе. Иако ни јас не познавам лично такво лице, а верувам дека можеби и повеќето од нас знаат некој што е, но не се свесни, зошто овие луѓе тоа најчесто го кријат. Така да, со оглед на тоа дека не познавам такво лице, не можам да знам како би реагирала навистина, во реален случај, но би дала се од себе да се однесувам со подеднакво почит како и со сите останати.

    6. Стравот и мислењето на луѓето дека овој вирус се пренесува мн полесно отколку што е тоа реално најчесто ги прави повнимателни, но ја зголемува и дискриминацијата. Значи стравот е во ред кога е во здрава доза, кога ги прави луѓето свесни за опасностите на сексот ако не се заштитат себеси и кога токму заради тоа се заштитуваат. Но, ако се претвори во фобија не е во ред и може дури да води кон контрапродуктивно однесување.

    7. Да, и јас и сопругот се имаме тестирано за Хив, иако не зошто нас ни текнало, туку заради тоа што овие испитувања се неопходни кога сте во постапка за потпомогнато оплодување. И овој тест важи само 6 месеци, после 6 месеци ако правиме пак некоја постапка или ако некој од нас сака да дарува крв, ќе мора повторно да приложиме понов негативен резултат.
     
    Последна измена: 3 декември 2021
    На WildMk и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  6. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    844
    Пол:
    Женски
    Мислам дека тука треба да диференцираме посебен тип на случување.
    Што ако хив позитивно лице (или со веќе развиена сида) неодговорно свесно,
    или наивно несвесно негаторно кон состојбата, се впушта во ризични типови
    на однесувања и така ја шири болеста?
    Имаше случај во соседна србија така, типката ја уапсија за одговорност, ама
    штетата веќе беше направена.
    Не знам кај нас дали е опфатено законски.

    Знам нема како да се знае некој дали е позитивен или не освен ако не им се
    влези во досијеата, па и тестови се лажираат (пр. ковид) кај нас.
     
    На Ljubova и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.070
    Пол:
    Женски
    Па со оглед на тоа што уште има луѓе што кажуваат дека им е гадно да имаат физички контакт(нормален секојдневен) со хив позитивни што друго има да се коментира..
     
    На WildMk, Waverly Raven, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Во Македонија слабо е покрената свеста за превенција против сидата. На пример, во име на лажната „недискриминација“, се премолчува една сурова, но многу важна вистина дека сидата се шири најмногу меѓу мажите хомосексуалци. Во Македонија и во светот, околу 70% од сите новозаразени ХИВ позитивни се мажи хомосексуалци. Според официјалната статистика на hiv.gov , 69% од новите заразени со ХИВ во САД во 2019, се мажи што имаат секс со мажи.
    Во Македонија овој процент често знае да биде и поголем. На пример оваа година имаме 42 нови ХИВ позитивни, и од овие дури 37 биле мажи хомосексуалци (линк). Тоа се 88% !!!

    Зошто е важно гласно да се говори оваа статистика? Затоа што е важно овие луѓе да се освестат дека нивниот промискуитетен живот е деструктивен, смртоносен и дека тие се најголемите жртви на сидата.
    Не треба да се плашиме да не ги навредиме со овој факт, или да мислиме дека ги „дискриминираме“ ако јавно го објавуваме овој факт. Напротив, премолчувањето не им прави услуга на хомосексуалците кои се жртви на сидата.

    ЛГБТ лобито, каде многу се членови заради личен профит, а не дека им е гајле за лгбт лицата, тие веруваат за себе дека се грижат за жртвите со тоа што им ги премолчуваат овие факти. Но со тоа им прават контра услуга. Не ти е пријател секој што те тапша по рамо, дури и кога одиш во провалија. Напротив, некој може и себично да профитира од твојата деструкција. Вистината е таа што ослободува и лекува, макар и била привремено болна.
     
    На Need for Speed и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    19.445
    Пол:
    Женски
    Истото важи и за короната, на пример. Според мене свесно загрозување на туѓото здравје треба да е казниво. Зборувам за свесно. Од друга страна пак, секој има право да се заштити и сам за себе одлучува. Така да, партнерите на таа жена можеле да одбијат секс без кондом, но по принципот "Тоа мене нема да ми се случи" не одбиле. Ете, момент на страст, понесеност од ситуација итн. Тешка тема.

    Според мене и неверството, кога некој изневерува без притоа да има заштитени односи и со тоа го става во опасност здравјето на својот партнер, треба да е казниво.

    @EvAngelos така е, не ти е пријател секој што те тапша по рамо и да, точно е дека Хив се шири најмногу помеѓу хомосексуалците, мажи, при незаштитен анален секс. Таа вистина апсолутно не треба да се премолчува, заради правилна едукација.

    Но, гледам дека од старт ќе имаме сосема различно мислење на темава, делумно и зошто ти го знам генералниот став од други теми.

    Овој факт не е причина да осудуваме, туку да се превенира, а тој којшто веќе се заразил, да направи се што е потребно за да си го зачува сопственото здравје и да не ја пренесува инфекцијата на 3ти лица. Постои начин да се заштитат и хомосексуалците и потребно е да ги знаат тие начини.

    Според мене многу е важно луѓето да се свесни за сопствената сексуалност и да не ја потиснуваат. Еве хипотетичка ситуација: Маж, којшто се сомнева во својата сексуалност, одлучува да ја потисне и да се жени или да има девојка. Но, со текот на годините сфаќа дека овој однос не го исполнува и дека едноставно не може да има нормални односи со партнерката. Почнува да "шврља" на страна, има односи со мажи. Не дај боже, се заразува со нешто и и го пренесува на сопругата. Оваа жена е на некој начин жртва на стигмата на опшеството кон геј мажите. Ако таа не постоела, тој немало да се срами да биде она што навистина е и немало ни да се жени и да и пренесе на својата жена болест. Инаку жените се поподложни на инфекции и полесно може да се заразат од мажите, зошто рецептивниот партнер е секогаш во поголем ризик. Верувам дека има многу прикриени хомосексуалци, во брак со жена. Не знам кога ќе сфатите дека хомосексуалноста не е помодарство, туку природна склоност. Веројатно никогаш, секој со сопствените убедувања.

    Решението не е да се потиснува, и сам си кажа, вистината е болна, ама ослободува. Решението е луѓето да се едуцираат и да внимаваат на себеси. И да, не секој хомосексуалец има Хив, нормално.
     
    Последна измена: 3 декември 2021
    На WildMk, JoyJoy и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    На кој начин можам да направам дете со хив позитивен партнер, а да не се заразам?
     
  11. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.772
    Допаѓања:
    46.344
    Мислам дека секој треба да е доволно свесен дека секс без кондом со странец не треба да имаш. Не се пренесува Хив преку поглед, па на кој сакаш ќе му го пренесеш.

    Хив вирусот е премногу искомерцијализиран, затоа изникнуваат секакви приказни, кои повеќето најверојатно не се ни точни.

    Го прочита некој воведот на темата и вториот пост на членката?

    Да ја надополнам, по методот на кој е направена вакцината модерна, направена е и вакцина против Хив која е 98% ефективна. Пред неколку месеци кога го прочитав ова, требаше да помине низ уште едно финално испитување вакцината, немам апдејти за понатаму, ама исто прочитав дека во Шпанија веќе може кој сака да се вакцинира доброволно против Хив.

    Исто така, измислена е и нова терапија за тие што веќе имаат Хив. Нема да мора да ја примаат секојдневно орално ко апчиња, туку на неколку месеци ко инекција.
     
    На WildMk, crimson, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    19.445
    Пол:
    Женски
    На нет има многу информации за ова. Има многу случаи, маж и жена живеат со години заедно, имаат незаштитен секс, а не знаат дека едниот е позитивен, а другиот негативен. Негативниот тест на твојот партнер, или твојот негативен тест, не е гаранција за другиот. Исто како и за секоја заразна болест, наједноставен пример е короната.

    Поверојатна е обратната ситуација. Жената да е Хив позитивна, а мажот негативен. Таа забременува и открива дека е позитивна. Добива терапија на почетокот од бременоста, нивото на вирусот во крвта се намалува и се раѓа хив негативно дете, најчесто. Зошто инаку правиме Хив тест во бременост? Токму на овој начин е мн намалена стапката на дечиња кои се раѓаат со Хив.

    Или па, мажот е Хив позитивен и зема терапија, која е ефективна кај него. Нема да ја зарази партнерката и нема да се роди позитивно детенце.

    Ова не значи дека треба да сме помалку внимателни, ризик секогаш постои, но нема ништо лошо во тоа да се знаат фактите и да се намали дискриминацијата.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    3.986
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Машки
    Кажи ми дека си хомофобичен без да ми кажеш дека си хомофобичен.
     
    На WildMk, Waverly Raven, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Искрено, сум немала потреба да барам информации на интернет. Запознаена сум колку што ме запознале на предавања, повеќе од тоа фала богу не ми требало. Никогаш се немам тестирано, ме замисли за ова во бременост (не ми текнува дека ме тестирале).
    Не би се тестирала толку често како пап тест зашто не гледам причина бидејќи сум во моногамен брак.
    Предрасуди немам, зошто би ги имала. Но, секако не сум имала хив позитивен во фамилија, што вика Вајлд вака од далеку ги немам.
    Партнер не би имала ни со кламидија, а камо ли хив. Не сакам едноставно.
     
    На WildMk и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.080
    Toa deka se usovrseni lekovite za lecenje na HIV i deka HiV pozitivnite lica mozat podolgo da se spravuvaat so virusot za razlika od porano si stoi no deka nekoj treba da prevzema takov rizik da ima seksualen odnos so HIV pozitivno lice def ne preporacuvam posebno ne ako se planira bremenost a edniot partner e pozitiven vo toj slucaj se zagrozuva zivot na treto lice sto e krajno neodgovorno i treba da se smeta za krivicno delo.

    Vo odnos na statistikata od pogore 88% od hiv pozitivnite kaj nas se homoseksualci a pretpostavuvam deka i vo ostanatiot procent se zastapeni homoseksualci koi se vo straight brak a imaat izleti nadvor od brak so mazi taka sto neretko i zenite se zrtva vo vakviot slucaj.
     
  16. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.546
    Допаѓања:
    19.445
    Пол:
    Женски
    Да, нормално. И во ред е тоа, не си чувствувала потреба да се информираш и не си се информирала. Реално немаш ни некој ризик.

    Ваљда што луѓето ризикот различно го сфаќаат. Некои велат дека мн се пазат од корона, според мене ич не се пазат. Не зборувам за тебе, туку генерално. Најголем дел од луѓето сметаат дека само одредена категорија на луѓе е под ризик и дискриминираат. Тоа е тоа што не ми се допаѓа. И не само за ова, мразам дискриминација по било кој основ.

    Јас на пример отсекогаш сум била љубопитна генерално за се, отсекогаш ме интересирале меѓучовечки односи и плус се информирав за ова кога морав да пишувам на темава во склоп на еден проект на работа.

    Ајде, ќе биде за брзо пак :) и ќе видиш дека тој тест се прави обавезно во бременост, заедно со хепатит б и ц. Може не си забележала на упатот, мислам дека Торч кога правиш и за тоа даваат упат. За инсеминација, ин витро ваучер, спермограм, се прави секако.

    @Need for Speed не препорачувам ни јас ништо, кажувам само како е. Секој си прави како што се чувствува лагодно и мирно. Но казниво дело не е никако зошто ризикот може да се сведе на нула, само треба да се прави под надзор на медицински лица.
     
    Последна измена: 3 декември 2021
    На WildMk и Jana06 им се допаѓа ова.
  17. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    93.431
    Јана, овие вируси не се пренесуваат само преку сексуален однос.
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.127
    Пол:
    Женски
    Сакаме да дебатираме како да ја намалиме стигмата кон ХИВ позитивни лица, а се оградуваме со став како нема потреба да се информираме за ХИВ/СИДА, затоа што не ни притребало :x. Дај затворете ја темава барем да не се пишуваат глупости.
     
    На WildMk, Dekorado, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.784
    Пол:
    Женски
    Да, знам дека се пренесува и преку крв, но не и преку плунка или воздух, па затоа би требало да се поклопат многу коцки за да ме зарази некој со кој немам сексуален однос. Реално, кој се тестира редовно за Хив?

    @Guns N` Roses Не, не сакам да дебатирам, си напишав мое мислење. Информирана сум колку што ми треба да бидам информирана за да се заштитам. Не читам секојдневно за Хив, не е тоа оградување.
     
    На cresa-jagoda и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  20. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    93.431
    Па не преку плунка, ама преку раничка во устата или отворен заб, се пренесува. Во болница, од забар, еве нокти правиме, тетовирање... Има значи повеќе извори.
    Никој не се тестира редовно, јас зборував за пренесувањето, зошто нели спомна моногамен брак.
     
    На WildMk и Angie1432 им се допаѓа ова.