Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стигма кон луѓето кои се хив позитивни

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MarijaMi90, 1 декември 2021.

  1. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Да да, јасно. Затоа треба да се внимава секаде каде што одиме. Ете тетовирање не знам ама на забар гледам дека отвораат стерилни инструменти пред мене, лабораторија исто итн, знам дека не можеме секогаш да бидеме 100% претпазливи ама внимателно да бираме каде одиме. Тоа мислев се подразбира кога пишав дека сум информирана колку што ми треба ама ете на Аксел роуз не и е денот :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    16.455
    Пол:
    Женски
    Денот ми е совршен за твоја информација, а темата не е каков ми е мене денот и не мора да секоја тема да се закачувате со зајадливи коментари.
    Препрочитај си го коментарот што си го напишала, како изгледа.
    Да според мене срамота е во 21 век да се нема познавање за елементарни работи.
     
    На Dekorado му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    Баш хомофобијата е главен виновник за игнорантноста и стигматизацијата околу ХИВ, а луѓето кои спаѓаат во она што ти го нарекуваш „ЛГБТ лоби“ први се залагаат за едукација и превенција.
     
    На WildMk, mode-kristina, staycalm и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Зајадлив? Ти пиша да се избрише темата зашто се пишувале глупости. Ете погледни @MarijaMi90 како има образложено зашто работела на таков проект, па неизбежно било да биде во тек со настаните, јас не. Во слободно време не читам за болести.
    Елементарни работи е едно, напредна медицина е друго. Пишав дека знам колку што ми треба, да дебатирам за терапија на хив позитивен нема зашто немам доволно познавања. Ти ако имаш повели, не кажувај што се глупости туку пријави ми го мислењето.
     
    На MarijaMi90 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    16.455
    Пол:
    Женски
    И на лицата што се инфицирале со ХИВ сигирно не им требало да пребаруваат на нет информции за ХИВ и да спремаат докторати на таа тема. Твоето мислење алудира на тоа дека само одредена група треба да очекува дека може да се зарази. НЕ, секој може да се зарази а не само одредена група на луѓе, а едукацијата е повеќе од потребна. На никого на чело не му пишува дека е ХИВ позитивен, некој лица со години не ни знаат дека се носители на заразата. Да познавањето за ХИВ е елемтарна работа и срамота е да не се знаат некои работи и нема апсолутно никаква врска со напредна медицина, ниту пак е ново откриена болест.

    Едит: Мојот коментар не е зајадлив, за разлика од твојот. Глупости пишувате на осетливи теми, без да размилите двапати за тоа што ќе го пишете, а твојот коментар е баш зајадлив и нема врска со темата.
     
    Последна измена: 3 декември 2021
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Мојата одлука да не бидам во врска со хив позитивно лице нема никакво влијание врз стигмата.
    Исто како што не би била во врска со некој кој не ми е атрактивен.
    Информирана сум до крајност за ХИВ.
    Но, едноставно неќам.
     
    На cresa-jagoda и EvAngelos им се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Што сакаш уствари од мене не те разбирам?
    Напредна медицина мислев на терапија, што тоа јас не сум запознаена и треба да се срамам? Која осетлива тема, во чиј живот навлегов јас? Свашта, да не смееш мислење да изнесеш на форум.
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Први се бутаат да лапаат пари од Сорос лгбт фондови.
    А штом и после 20+ години „едуцирање“, хомосексуалците се уште се 70-80% од сите новозаразените со ХИВ, очигледно едукацијата ви е у сосема утната насока.
    Како што се бара оставка од Филипче затоа што сме број 1 по ковид смртност во Европа, така треба да се бара оставка и од лгбт едукаторите чија работа не покажала никаков прогрес во намалување на ширење на сидата меѓу геј мажите.
     
    На Dekorado, Need for Speed и Indiegurl им се допаѓа ова.
  9. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    16.455
    Пол:
    Женски
    Немам намера да ја полнам темава со мислења надвор од темава и да трошам енергија беспотребно. Кога не знаете да дебатирате најдобро е да ја свртите на кавга и тука веќе нема простор за дискусија.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.309
    Допаѓања:
    19.657
    Пол:
    Женски
    Сида се пренесува преку: Крв, Сперма, Вагинален секрет и Мајчино млеко. Преку допир, плунка не. Постои шанса хив позитивни родители да имаат хив негативно дете со посебна терапија. За ова имавме предавање во основно и како да се заштитиме.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Каде што има страв за живот, не можете да фрлате дрва и камења зошто некој би избрал да нема хив позитивен партнер.

    Особено како што пишуваме по сите теми, изборот на партнер е индивидуален и нема што да се смета за дискриминација изборот на истиот.

    Не сфатив кај настана кавгата на темата, ама ако беше тоа, не верувам дека голем е бројот на луѓе кои би избрале да се со хив позитивно лице во некаков интимен однос. И за тоа нема лутење. Како што може да бираме партнер на база на баналности, како на пример јас сакам високи мажи, тогаш сигурно пооправдано е да сакам партнер кој не е хив позитивен.

    Настрана од тоа, не познавам ни едно лице за кое знам дека е хив позитивно. Немам предрасуда во однос на тоа дека секако може да се случи да ме служи хив позитивно лице, да ми подготвува храна и слично. Не би одбила услуга од хив позитивно лице каде нема ризик од пренос и слично.

    Целосно искоренување на стигмата во таа смисла во која се зборува на темава тешко да се случи, прво зошто се работи за сериозен вирус. Можеме да се правиме луди до бесвест, ама и вие што како сте либерални на темава сигурна сум дека не ви е сеедно дали имате хив позитивен партнер.

    Во однос на терапијата, постои терапија што го намалува количеството на вирусот до недетектибилност, но не знам кај нас ни дали е достапна. Може еве да пише некој ако знае.
     
    На WildMk, Angie1432, Jana06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.837
    Допаѓања:
    5.582
    Сметам дека сум доволно едуцирана, за начин на пренесување. Околу новата терапија и дека може да се намали количеството на вирусот толку не знаев. Немам никаква стигма околу вирусот, ризиците за пренос ги знам и секогаш сум користела кондом како заштита. Другите начини за пренос како преку уста, отворена рана мислам дека се минимални за пренос е сега заразување од заболекар, од трансфузија тоа е веќе ,,виша,, сила и тука сам не можеш да влијаеш, освен за тетовирање да одиш кај тату мајстори што имаат студио и ја отвараат иглата пред тебе.
    Не сум се тестирала до сега бидејќи сметам дека не сум имала ризичен контакт.
    Околу изборот на партнер, малку е контраверзно кога ќе се пише, немам предрасуди знам се ама избирам да немам хив поз партнер.
    Доколку партнерот е отворен од старт за ова ќе користиме кондоми, сигурно и тој веќе ќе прима терапија па во согласност со препораки на лекар ќе се бориме понатаму, исто како и ако има хепатит Б пример.
    Друго еве сите изјавија свесно не би биле во врска со хив поз лице, но што ако лицето дознае дека е позитивно откако веќе сте во врска, еве пример се тестира за некаков скрининг и тестот е позитивен, затоа што хив може да биде носител и 10 год без симптоми. По истата логика треба да прекинете врска, брак. Или кога веќе сме емоционално инвестирани ќе речеме па го одбравме веќе партнерот тој е за во добро и лошо?
     
    На WildMk, crimson, mode-kristina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Темава ме потсети на многу глуп момент од средно, имавме презентација за сексуално преносливи болести, и докторката (да, докторката) ни објаснуваше за ХИВ и за тоа како се пренесува истиот, исклучиво со хомосексуални односи. Во презентацијата имаше малку содржина за тоа, ама вербално мораше да ни објасни детално за нејзиниот немедицински став дека хомосексуалноста е неприродна и затоа хив многу лесно се пренесува меѓу мажи, единствен здрав однос бил меѓу маж и жена. Поентата на муабетов е дека дури и медицински лица не знаат точни информации за хив и пренесуваат погрешни информации на тинејџери, што остана за други луѓе.
     
    На WildMk и mode-kristina им се допаѓа ова.
  14. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Не познавам никој хив позитивен барем така мислам. Предрасуди немам се додека не сум во ситуација да биде ризик од преносување. Имам доста читано на темава радознала сум за мн работи. Тестирана сум 3 пати. Еднаш на времето кога разбрав дека дечкото се гледал со уште 5 други. И два пати во моите 2 бремености. Не те пораѓаат ако не го знаат статусот. И се во приватна лабароторија не бев на анонимно тестирање не гледам што е срамно тука,треба да се грижиме за здравјето наше.
     
    На WildMk, Dekorado, KittyAgnes и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ако некој хив позитивен започне врска, да не речам должен, ама пожелно е да каже за тоа, макар и да прима терапија и да се минимални шансите да пренесе.
    Пошто да, безобразно е да скриеш за болест која го афектира и другиот, без разлика примал терапија или не.

    Како што ако планираат деца некои двајца, треба еден на друг да си кажат за генетски болести кои ги имаат во фамилија и на кои се можеби носители, иако детето пак може да испадне здраво

    Едит
    И не е моја должност да бидам со некој во врска само за кутриот да не кенка дека е дискриминиран.
    Сори ама кога некој се жали за дискриминација само зашо некој неќел да биде со него врска ми е одвратно.
     
    Последна измена: 4 декември 2021
    На WildMk, Celltica, Dekorado и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Statistikata ne e vo nivna polza.
     
    На Dekorado му/ѝ се допаѓа ова.
  17. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Мислам дека поготово за хив а и за се што е заразно и живото-загрозувачки ако свесно е пренесено се одговара и кривично. И не да не речиш туку должен е,затоа што пак ќе кажам - заразно е.
     
    Последна измена: 4 декември 2021
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Браво за дечкото, немам коментар. Имам примери слични на твојов, другарка во врска со дечко после дознава дека не да бил со други истовремено туку муабети за групни секс забави и што ли уште не...не е забеанција, нема ништо срамно. Знам неолку што се тестирале, важно е доколку постои сомнеж и не смееш да живееш во denial дека нема шанси тебе да ти се случи
     
    На WildMk, MarijaMi90, Need for Speed и 2 други им се допаѓа ова.
  19. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    Да не зборуваме за истиот ? :rofl: шала на страна, секој што имал без кондом секс со личност на која не му верува треба да направи. Погоре исто се спомнаа забари козметички салони.. верувам дека забарите се безпрекорни но треба да внимаваме каде одиме на козметика . Не е само хив, хепатити мепатити и тие се зараза.
     
    На WildMk, Guns N` Roses и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  20. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    906
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    искрено се изненадив колку честа е појавава на секс забави сега (зборувам последниве 5 год) како и незаштитен секс со непознати... хаос
     
    На WildMk, Indiegurl и NewMama им се допаѓа ова.