Каква врска има тоа колку некому веруваш или го познаваш со тоа дали има или нема хив? Нас пред 100 години, ко се појави првиот случај на ХИВ во МК, не научија дека секс се практикува со кондом и тука отприлика завршува приказната. Јер нема врска дали бил со една/еден или сто и еден, да ризикот е поголем, ама веројатноста постои и во тој случајот со еден. Е сега не знам, дали им барате хив тест на партнерите пред да влезете во ,,озбилни,, води, инаку како би знаеле? Исто пред 100 години, имав другарка, која се сомневаше дека има фатено хив од некого. Нормално ја третирав и комуницирав, секако телесни течности не разменувавме.
муабетот е да почнуваш интима со човек кој му веруваш односно- -доколку сака да има секс со тебе, ако му побараш е спремен да се тестира! -да има помал број на партнери односно не му е премнг бурно минатото негово -да нема некоја (богата) историја на сексуално преносливи болести (доколку имал да ТИ КАЖЕ) -да е спремен да превезеде одговорност доколку е позитивен а незнаел и ти пренел на тебе значи повеќе фактори се.... најубаво да не се започнува интима со непознат!
Не ми сметаат таквите луѓе, не знам таква особа, ама искрено не би имала односи со нив. Неам некои стереотипи ама не сакам. Им посакувам исполнет сексуален живот и добро здравје.
Абе какви се ,,тие,, луѓе? Никому не му пишува на чело дали има Хив, не знам како да ви објаснам. Може, и голема е веројатноста и самата особа да не знае.
@Biljarkata па еве за мене пример. На сопругот мој му верувам во смисла дека не оди по други кревети. А и не дај боже ако оди сигурна сум дека ќе стави кондом затоа што таква особа е. Педантен, претпазлив како со се па така и со тоа.
Тоа разбирам, моногамна врска и доверба. Ама прашањето ми беше друго. Пред да влезеш во врска со некого, не можеш да знаеш, освен ако не му бараш хив тест претходно. Значи сите сме имале врски, ама само една евентуално завршува со брак. Што со тие врски пред бракот?
Па ќе користиш кондом. Тоа ќе процениш и по дечкото ако те тера без кондом од првиот пат и неќе да стави или воопшто не иницира на тоа, значи направил и друг пат со друга така. Другата па не знаеме со кој исто така имала незаштитен однос и дали сеуште тие не се гледаат. Значи пре дискутабилно е. Сите сме имале секс без кондом ама затоа убаво е да си направиш тест, тоа ми беше муабетот.
Никој свесно нема да има односи со Хив позитивна особа, ни со кондом, којашто патем мн веројатно е да прима терапија и да не е заразна, ама сите несвесно ќе имаат незаштитени односи после извесно време во врска со некој што сметаат дека е здрав. Е таа особа, ако по некоја случајност е Хив позитивна (а шансите секако се многу мали) е поверојатно да е заразна зошто не го знае својот статус и не прима терапија. Сега, да сме реални, Хив сепак е прилично ретка болест во Мкд и не се фаќа толку лесно колкушто мислат луѓето, ама ако веќе правиме муабет за логика, логика нема. @NewMama не бе, јас на Фемина не сум сретнала некој да има секс без кондом, ниту пак некој што има маж што изневерува, ниту жена, ништо од тоа. Затоа сите се сигурни дека се негативни и покрај тоа што тест имаме правено само ние што заради некои процедури сме морале и многу рееетки исклучоци (веројатно "единствените" тука што се осудиле да имаат секс без кондом). А пап зошто правиме еднаш годишно? Еве хпв не сум имала досега на пап, во моногамна врска сум, ама правам редовно. Факт е, луѓето секогаш ќе го осудуваат тоа што им е помалку познато, тоа што е поретко итн. Дали знаете барем еден единствен случај некој да се тестирал пред односи? Барем во Мкд, ако прашаш тоа, толку ќе се налути особата, ќе се навреди, ќе ти рече што ме мислиш ти мене итн. Убаво звучи во теорија, во пракса само ние самите се грижиме толку мн за сопственото здравје.
Да ок, се ти држи место целиот муабет. Јас поради тоа што немав однос со кондом после година цела од тој однос направив тест. Шпанска серија е ако фатам да објаснувам за девојките со кои се гледал мојот дечко и плус нивните дечковци кои исто така ги изневерувале нив. значи колку и да е ретко во мк во ваков случај тркни си до најблиската лабарототија и јасно и гласно побарај си хив статус . Да надополнам : провери си и други сексуално преносливи болести.
Epa tuka isto lezi stigmata, zasto da e problem da napravis test koga moze na toj nacin da preveniras da zarazis drugi lugje samoto cuvstvo na uvreda deka nekoj ti trazi test e stigma. Kolku povekje promeneti partneri tolku pogolema verojatnost i prostor za somnez.
Не ги реков ,,тие" а под нив се знае на шо мислев, на ХИВ позитивни. Добро де, мислев ако знае и ми каже хахахаха сеа ако не знае, да сме живи и здрави ќе си ја делиме никому ништо
Секој може и што сака со кого сака да прави али факт е е и секогаш бил и ќе биде дека сидата најмногу ја имаат и пренесуваат геј мажите преку НЕЗАШТИТЕН СЕКС. Знам наш млад македонец геј маж што почина од сида закачена од Германија од маж Германец ... ТОЛКУ !
Точно е дека сидата е распространета кај мажи-хомосексуалци, но многу погрешно е работите да се гледаат толку црно-бело. Дали сте се информирале за распространетоста на ХИВ кај африканската популација? Дали знаете дека оваа болест во Африка зазема епидемиски размери и речиси невозможно е да ја стават под контрола поради сè почестото практикување на анален секс помеѓу маж и жена? Значи освен кај хомосексуалци болеста е релативно честа и кај хетеросексуалци. Причината за практикувањето на анален, наспроти вагинален секс кај оваа популација се должи на потребата жената да остане невина сè до моментот додека не стапи во брак. Мојата поента е дека ризикот за заразување се врзува со практикувањето анален секс, недоволната едукација и непознавањето на сопствениот хив статус. Поздрав
Ова е многу битно, ако е сида , бар да е ариевска Првиот случај во Македонија беше хетеросексуален маж, кој на печалба, и сида спечалил, па и на жена му ја донесе. Бог да го прости, ги снимаа на телевизија, па цел град ко од лепрозни бегал од нив, никој појма немаше што е тоа, дали и од колку далеку се префаќа. Е тоа е стигма, изгледа не се напреднало многу, а.
Во практика доволно лесно е да се пренесе и преку вагинален однос ако сексот е малку по "агресивен". Крвните капилари се шират се полнат со крвоток и од стимулацијата доаѓа до нивно пукање.
Се согласувам дека сите кои не практикуваат заштитен секс дека можат а и не мора да ја закачат.Меѓутоа да не се лажеме дека не е најраспространета кај хомосексуалците само за да не ги навредиме.
Нема врска тоа со груб секс. Секако преку гениталните течности се пренесува, не мора ни пукнат капилар да има. Не е помала шансата да се пренесе при вагинален секс, напротив, голема е. Сериозно ти кажувам без намера да те навредам, информирај се.
Не Ок де ,го пишувам тоа што го знам, не сум стручно лице. Не треба ли течностите да дојдат во допир со пукнатина, раничка, капилар ,крв ? Како ке се насели вирусот во организмот ?
Преку телесните течности, освен плунка. Се пренесува при контакт на секретите од вагина/пенис, аналниот мукус, сперма, крв, мајчино млеко. Не мора да има раничка, секако ќе се пренесе преку телесните течности. Не треба да си експерт, треба да си информирана за свое добро.