Не си тачна, ме изнасмеа Еј мислам дека се сеќавам на приказнава, јас тогаш малечка бев, ама меѓу повозрасните се вртеа муабетиве и уште оттогаш се сеќавам како се зборуваше на темава, баш како лепрозни да се. Ајде за тогаш ќе разбереш, непознаница, како за коронава кога мислевме дека од пошта од Кина се фаќа и дека во воздухот лебди. Ама колкушто гледам и јас, не се сменало нешто многу. Fun fact: Мажите коишто имаат направено сунет, народски кажано, се многу помалку подложни на СПБ и генерално на било какви бактерии и вируси на половиот орган. Тоа е така затоа што под кожичката се збираат бактериите и вирусите и имаат поволна почва да се развиваат. Сунетот ја намалува можноста за опстојување на бактериите над 60%. Ова важи и за хомо и за хетеросексуалните мажи. @Celltica нема СЕКАКО да се пренесе. Но, добро е што луѓето сметаат така, зошто на тој начин се повнимателни. Шансите да се пренесе кога нема раничка преку вагинален секс се мн мали, особено за машкото. Токму затоа при анален секс повеќе се пренесува, не само Хив, и сите други Спб, зошто на тој начин е поверојатно да дојде до крварење, нежно е местото. Други фактори исто така играат голема улога. Ако станува збор за акутна инфекција (ако лицето штотуку се заразило) шансите да го пренесе вирусот се мн поголеми, во тој период е позаразно. Ако лицето има некоја друга Спб исто е поверојатно да се зарази итн. Еве овде има и табела со процентот на ризик при секоја активност која може да доведе до инфекција: https://www.aidsmap.com/about-hiv/estimated-hiv-risk-exposure Сега маживе да не се опуштат многу со процентите, зошто сепак за секоја инфекција е потребен само еден однос. 1000 пати нема да дојде до тоа, но еднаш ќе дојде, не дај боже.
СЕКАКО се однесува на секој тип на однос. Сосема можно е маж да се инфицира од хив позитивна жена при вагинален секс, зошто вирусот влегува преку мембраните на ткивата кои лачат телесни течности. Во ред е тоа дека е помал или поголем ризикот при различни односи, ама не знам некој нормален што би се потпрел на процент или бројка кога е ХИВ во прашање.
Судејќи по тоа колку глупи споредби меѓу ХИВ и короната сум слушнала и прочитала овие две години во врска со потребата од маски и дистанца за второто, очигледно воопшто не се напреднало.
Абе при незаштитен однос да се пренесе не се мали у смисла мали мали, имало раничка или не. Тоа за раничка на кожата е надворешно, без да вклучуваме односи него контакт на две отворени рани или секретот со рана. Како и да е, при однос се пренесува така што раничка, терапија иако може да се земат предвид ама разбирливо е сосем ако некој воопшто неќе да ризикува.
И јас не знам, ама затоа знам многу нормални коишто се потпираат на среќа, а не на користење кондом. Поентата е што цело време се зборува на темава во стилот "Што ако знам дека лицето е позитивно". Лесно ќе беше да се знаеше. Во пракса, најверојатно нема да знаеме и тогаш единствено може да се потпреш на процентите. А тие се дека кондомот е голема заштита, но не и 100%. Но, упорно истото го кажувам. Младите сега почнуваат со односи мн рано. Навистина сметате дека на 15-16 години сите се доволно свесни да се заштитат? Не го земате пример алкохолот во предвид при носењето на рационални одлуки. И ако се заштитат, јас сум сигурна дека кај 90% од нив тоа ќе е заради несакана бременост. Затоа сум за навремена едукација на младите. Без дискриминација, без осуда и ако веќе им се згрешило, без да им се создава нереален и преголем страв, само со здрава доза на внимание.
Колку од вас има седнато на кафе,ручек со ХИВ позитивен? Јас ќе си кажам за себе - немам. А би, што да не треба и нив да ги обележиме сега. Се заразиле и тоа е, но не значи дека тука животот застанува.
За короната не разбирам што сакаш да кажеш, еве, релативно нова појава во светов е, секој ден нова приказна, како и да е... Ама првиот случај Хив во МК беше 1987, колку години поминаа од тогаш, 35? Интернетот башка.
За рандом луѓе да, нема да знаеш. Ама ако имаш однос или врска со некој, од негова страна е крајно безобразно да скрие и не може после да се вади со - ама се плашев дека ќе ме одбиеш ако кажам или дека е "негова работа" Едит - ако веќе знам дека Е позитивен, ни проценти ни кондоми не рачунам. А ако скрие, вака или така би платил.
Да, ама ако не знае? Според тебе кој е тој што треба за себеси да мисли дека е можно да е позитивен? Кој е ризичен? Според мене истово важи за секоја друга заразна болест, не само за оваа.
Ако знае или има оправдан сомнеж, да, апсолутно се согласувам. Крв кога се дарува, обавезно ја испитуваат за вакви работи. Ако има нешто се јавуваат. Сепак, ако некој има оправдан сомнеж, не би требало ни да оди да дарува пред самиот да се тестира.
Ова преѓе ми излезе дури барав инфо за првиот случај. Инфо за 2014. ...Според начинот на пренесување на ХИВ, се констатира дека досега за споменатиот период кај 114 лица е добиен податок за хетеросексуален контакт при трансмисија на ХИВ; кај 93 лица бил сексуален контакт на маж со маж (МСМ); кај 12 лица било интравенско користење на дрога (лица кои инјектираат дрога – ЛКИД); 6 лица биле хемофиличари; кај 6 лица е регистрирано пренесување на ХИВ од мајка на плод и за 5 лица не е добиен податок за начин на трансмисија на ХИВ. Од вкупно 236 лица кои живеат со ХИВ/СИДА, 189 лица се од машки пол, а 47 лица се од женски пол... ...Заклучно со 1-ви декември 2014 година, во Македонија од СИДА се починати 75 лица од СИДА. Во земјата има вкупно 160 лица кои се болни од СИДА и 76 кои се ХИВ позитивни. Актуелно инфо можеби авторот на темава има при рака. @MarijaMi90 ? Во однос на дарувањето крв, нели трансфузиологија мора да ја провери крвта бе, како така? Каков би имала јас оправдан сомнеж, ако имам еден дечко рецимо 3 години, ама појма немам со кого тој бил претходно, или во меѓувреме. Што е со оние 6 хемофиличари погоре во начинот на пренос, што пренос е тоа?
Не се објаснив убаво. Кај хемофоличарите, затоа што најчесто имаат потреба од крв и им е потребно трансфузија на крв се под повисок ризик да се инфицираат со ХИВ.
Има период од заразување со хив до детектирање на вирусот во организамот. Може да биде до 90 дена. Затоа најчесто се прават последователни тестови ако има сомнеж за хив, нс месец или два. Најверојатно испитувањата на трансфузиологија се направени во тој меѓупериод и/ или е направен пропуст во периодот за повторно тестирање.
Последниот таков случај бил пред 15 години. Затоа кога се дарува крв мора да се наведе дали во изминатите 6 месеци сте имале нов сексуален партнер, зошто како што пиша @violetblue не може да се детектира веднаш. Истото важи и за Хепатит Б и Ц. https://libertas.mk/ka-94-od-korisn...-a-hiv-virusot-vo-krvta-bil-celosno-potisnat/ Ахаххахахаха не ви го оставам заради насловот, туку има информации за вкупниот број на заболени лица во Мкд. Отприлика колку со корона во еден ден. Некој праша дали во Мкд ја имало терапијата. Ја има да, а и не е нова, во светот ја има од 1996.
да знам такви примери, убаво звучи во пракса и има доста што го применуваат ова, барем во мојот круг на познајници и блиски. На крајот на денов вашето здравје е ваша одлука.