Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стигма кон луѓето кои се хив позитивни

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MarijaMi90, 1 декември 2021.

  1. NYC

    NYC Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Бидејќи 1-ви Декември се одбележува како светски ден посветен на борба против сидата мислам дека имаше по тој повод објавено податок од ИЈЗ дека во Македонија се регистрирани 45 нови случаи оваа година, од кои најмногу во Скопје (19 случаи чинам беа)
     
    На WildMk и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  2. NYC

    NYC Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Не негирам дека и вагиналниот секс не носи ризици. Но, аналниот секс е сам по себе поризичен поради големиот број на венски сплетови кои се анатомски лоцирани во тој дел. Оттука и поголемиот ризик за раскрварување на аналната слузокожа при однос и контакт на семената течност со крвта.
     
    На Need for Speed, WildMk, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Точно така, според некои статистики пренесувањето на хив вирусот при анален однос е 18 пати почесто отколку при вагинален. Но, тоа се последиците кога човек оди против својата природа и злоупотребува дигестивен орган за исфрлање отпад за сексуални цели.
    За жал и овие статистики се кријат од хомосексуалците и наместо да им ги укажат, они им даваат бесплатни лубриканти |(
     
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Мене ме загрижува тоа што возрасни луѓе, во бракови практикуваат секс со рендом партнери, без кондом.
    Премногу ги има.

    Мислам дека младите многу повеќе знаат, отколку оние во мојата генерација.
     
    На Amellie13, Bezimenka90, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Абе во ред статистички, ама никако не можам да сфатам зошто упорно минимизирате дека ХИВ се пренесува и преку вагинален секс. Демек вагината што е наменета за секс, отпорна на ХИВ или маж што го става само во вагина не може да фати ХИВ. Стварно не ве разбирам. Не се шири само и само ради анален секс, па колку сака нека е поверојатно, а имам впечаток дека на тоа алудирате неколку души.
     
    На Bezimenka90, staycalm, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  6. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Цело време алудираат дека само геј мажи шират ХИВ :)
     
    На Bezimenka90 и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Статистички да, геј мажите се најмногу погодени од ХИВ, ама некако како да де занемарува дека ХИВ можеш да фатиш и преку хетеро однос. Мислам, колку сака нека се помали шансите, не верувам дека некој пред секс мисли еј чекај да пресметам ризик, па да решам дали ќе имам без кондом. Нормален човек свесен за ризици ќе користи заштита нели? Ај ако не нека им стават во глава на девојчињава и момчињава од 15 години дека ХИВ само отпозади може да добијат.
     
    На Amellie13, Bezimenka90, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Isto treba da se napomene deka i kondomot ne e 100% sigurna zastita od HIV tuku 70%.
     
    Последна измена: 5 декември 2021
  9. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Од каде е 70%? Јас знам дека е некаде 90-95%.
     
    На WildMk и violetblue им се допаѓа ова.
  10. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.837
    Допаѓања:
    5.582
    Според гоогле 90-95%.
    Се пренесува и преку вагинален и преку анален секс. Ама ако пример користат кондом за вагинален секс за превенција пд бременост, нема да користат при анален. Затоа е поголем проблемот за пренос преку анален, плус дека при анален е поголема можноста за повреди и микрокрварења.
     
    На staycalm, Bezimenka90, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  11. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Можеби не сум во право (бидејќи ова е само мое мислење), ама некако мислам дека статистички најзастапени се ХИВ позитивни геј мажи, затоа што најчесто геј/би мажи се тестираат. Често има бесплатни анонимни тестирања организирани од невладини организации кои таргетираат МСМ (Мажи што имаат секс со мажи). Јас лично не познавам стрејт маж да каже дека редовно се тестира за ХИВ, бидејќи мислат дека нема ризик да се заразат.
     
    На BlackAndWhiteSwan, Bezimenka90 и violetblue им се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Можно е, искрено и не знам кои би биле причините. Може и да е заради тоа што делумно во хетеро односиве повеќе се плашат од бременост, па повеќе користат заштита, не знам. Имам генерален впечаток дека луѓево повеќе се плашат од бременост отколку спб. На крајот не е ни битно, секој еден треба да знае се заштити. Лежење на уво еј само кај геј мажи ова се случува ништо нема да направи добро.

    @violetblue Сега гледам дека слично сме пишале :)
     
    На Bezimenka90, mode-kristina и violetblue им се допаѓа ова.
  13. Need for Speed

    Need for Speed Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2021
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.081
    Tuka procitav ali izgleda se odnesuva na druga statistika za lugje sto koristele kondomi, moja greska :D
    Screenshot_20211205-182056_Chrome.jpg
     
    Последна измена: 5 декември 2021
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NYC

    NYC Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    Ако добро ги читаше моите претходни мислења ќе увидеше дека дадов информација за епидемиските размери на ХИВ кај африканската популација која се должи на практикување незаштитен анален секс кај ХЕТЕРОСЕКСУАЛНИ двојки. Тоа за кое се дискутираше беше ризикот за пренос на вирусот преку вагинален наспроти анален секс. Ризикот постои во обата случаја и никој не се обидува да го занемари пренесот преку вагинален секс, ниту да ги етикетира геј мажите како единствен преносител. Но, анатомски и според епидемиолошки сознанија ризикот за пренос преку незаштитен анален однос е поголем безразлика дали се работи за геј или хетеро двојки. Не тресам податоци од ракав, бидејќи сум студент на медицина и ми е позната оваа проблематика која е зборувана на предавања по епидемиологија. Поздрав
     
    На Angie1432 и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Аха да, само ти теши се. Секој што имал неколку незаштитени односи со малку познати луѓе, ќе го јаде црвот да не закачил нешто, па ќе се тестира. Плус ако вирусот се развие во сида, и да не се тестираш ќе си дознаеш дека си болен.
    Ако сакаш да знаеш зошто сидата се шири најмногу меѓу геј мажите, земи длабоко воздух и читај:

    Промискуитетот (менување сексуални партнери) е најзастапен меѓу геј мажите. Тие најчесто не прават стабилни врски, туку се сосема во ред на некој од нивните платформи да начекаат некој напален и одма договараат секс средба. Нема тука запознавање, кафиња мафиња, емоционално поврзување, планирање ова она... туку директива на геј перверзии и чао пријатно. После 3-4 дена или со истиот или со друг.
    И не е ова така затоа што некој е „роден ваков“. Ова е животен стил, избор. Многу се отрезниле и престанале. Затоа вреди да се покрене свеста меѓу нив дека таквиот животен стил води до сериозни зарази од сексуално преносливи болести и многу други прооблеми.
     
    На Need for Speed и Indiegurl им се допаѓа ова.
  16. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Прво, промискуитетноста е застапена генерално кај мажите, независно дали геј или стрејт, колку сакаш негирај го тоа и врти ја приказната дека само геј мажите се промискуитетни. Второ, секс средби се договараат секојдневно од стрејт лица, геј мажите не го измислија сексот без обврски. Трето, во однос на „стабилни врски“, не може да формира геј лице стабилна врска во која ЈАВНО НЕ МОЖЕ да биде со друг маж, надвор од своите четири ѕида. Одјеби со хомофобијата на тема ХИВ, задржи се на твоите религиски проповедања. Не е избор да си глуп, така да, не ти наоѓам маана.

    @Indiegurl до вчера го ругаше типов на секоја тема, сега на секое мислење му ставаш лајк. Која иронија човече. :rofl:
     
    На Indiegurl и Besmrten им се допаѓа ова.
  17. MarijaMi90

    MarijaMi90 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.599
    Допаѓања:
    19.957
    Пол:
    Женски
    @staycalm секако дека и вагиналниот однос носи ризици со себе, но сепак се прилично помали. Има удел и тоа што геј мажите почесто се тестираат, сепак мислам дека причината за тоа е што спаѓаат во поранливата категорија.

    Акцентот не треба да се става на геј или хетеро, туку на аналниот секс. Истиот ризик го носи и кога е помеѓу маж и жена, иако сметам дека кај ваквите парови почесто се практикува во моногамна врска. Можеби грешам, но мислам дека е така.

    Освен кондомот како заштита постојат уште неколку начини на превенција кај луѓето што практикуваат анален секс. На пример постои терапија која може да ја земаат Хив негативни лица како превенција од зараза (не е 100%, но е високо ефикасна). Исто така постои и терапија во стилот на апчето ден потоа, за превенција од бременост. Ако лицето смета дека било изложено на ризик од зараза може да земе таква терапија, не сум сигурна како е, но знам дека е важно да е непосредно по односот, значи во рок од 24 до 48 часа, така нешто, за да се превенира заразувањето.

    Другата опција е обрежување, но ова има ефикасност само кај инсертивниот партнер (и ефикасноста секако не е 100%).

    Воопшто не ми е намерата да навредам, но факт е дека овие односи со себе носат поголем ризик, но секако дека и хетеросексуалните лица не се имуни на овој вирус, како што не се ни на останатите спи.
     
    На staycalm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    10.211
    Пол:
    Машки
    Немам ја хомофобија, туку ти имаш фактофобија, вистинофобија и разумофобија. Просечен стрејт маж, има по 4-5 секусални парнтери во животот. Дури и оние што се фалат дека се фраери или ебачи, просечно немаат повеќе од 10 сексуални партнери. Збориме за просек нели.

    А просечен геј маж кој практикува таков животен стил повеќе од 2 години, има над 50 сексуални партнери сигурно. А некои од тие сексуални партнери можеби биле и со 100 други мажи. За жал, познато е дека хомосексуализмот најмногу се шири меѓу ромската популација, кои помалку се замараат за сексуално преносливите болести, а некои и немаат пари за кондоми.
     
    Последна измена: 5 декември 2021
  19. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Кај ги вадите овие митови луѓе? За обрежувањето, претпоставка е дека МОЖЕ (под знак прашалник) да ја намали шансата за пренос заради дел од ткивото кое е отстрането е подложно да го прими вирусот. Слични ткива има и остатокот од пенисот, т.е. ткивата што лачат. Истово не е никогаш научно докажано, уште е претпоставка, ама и секако зборуваме за намален ризик од пренос, а не заштита. Ображување НЕ Е превенција за ХИВ ни кај инсертивниот партнер.
     
    На Need for Speed му/ѝ се допаѓа ова.
  20. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.635
    Допаѓања:
    25.343
    Пол:
    Машки
    Те разбирам потполно за ризикот кај аналниот секс и во право си. Муабетот за хомофобија ми е насочен за друг член не за тебе :)