Не сакам стикери, можеби поради причината што кај нас не се воопшто квалитетни, секако, може од колаж на метро да се напраи све, имам пробано, ептен е закон. Но сепак преферирам добра идеја со фин колорит, рачно изработен со четкицки, ^^, ем по желба of course. )
Пишете на ФБ -Апликации за ѕид и побарајте ги за пријател , во инфо им пишува дека сите апликации се достапни во сите бои,цената им зависи од димензиите а нивна испорака е 24 часа. Има преубави стварно за сите вкусови.
Па чим гледам, разменувате информации за луѓе кои изработуваат стикери, да се уфрлам, и јас изработувам ) Освен стикери, ко што кажав, и цртање на самиот ѕид.
Зошто бе го американизирате македонскиот јазик со овој збор што не е ни збор- СТИКЕРСИ?! Си имаме златно зборче за тоа, се вика ЛЕПЕНКИ. Чекајте малку, уште во Европа не сме влегле, вие и со Америка сакате да си имате работа!
МНогу ги сакам и мислам дека баш и даваат посебен шмек на собата се разбира доколку се правилно вклопени со останатиот дел од просторијата. Ги има во Џамбо али нема некој избор повеќе се детски. Спојлер
Во џамбо се многу детски каде конкретно може да се најдат овие стикери ми требаат така малку по озбилни и естетски за спална соба. Дали има во Скопје специјализирана продавница баш за вакви работи ?
Јас пред некое време случајно најдов на фб мислам дека се од штип, според мене не се скапи а и доставата е гратис побарај само Апликации за ѕид, имаат преубај
И јас сакам стикреси за ѕид и даваат посебен изгледа на собата онака посебен весел убав ама не знам каде би можела да најдам вакви во прилеп ?
Овие стикерси се во мојот дом,едниот е во дневната соба,а другиот во ходник,само се извинувам за квалитетот на фотографиите.
Не знам зошто не ми текнало на налепници до сега, ама дневнава, бледа како што е моментално, плаче за една ваква! Е многу ми се допаѓа, и совршено би ми се вклопила! А најверојатно нема да останам само на дневна...
Како би си закачила некоја лепенка на ѕид кај мене, да не е вака цел бел, да разбие малку монотонија. Само што не знам дали воопшто има во Кичево. Немам забележано никаде.
Јас неодамна си купив многу убав стикер од Џамбо, ефтини се таму. Ептен светло лилакови испреплетени гранки со розеви цветови. Многу ми се допаѓа