1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стилист

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 13 февруари 2012.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Што е за вас стилист?
    Тоа е личност кој го наметнува својот стил или и помага во изградувањето на сопствениот стил на личноста која го најмила?
    Дали популарните личности треба да имаат стилисти или да се водат по сопствен вкус?
    Мислите ли дека кога ги облекува стилист лицата немаат право на збор?
    Иако како секој човек што има различен вкус така и стилистите, затоа добитната комбинација е да се избере вистинскиот стилист со кој ќе се најде заеднички јазик.
    Дали стилистот треба да има завршено соодветно образование или доволно е добар вкус?

    На која светски позната ѕвезда би и порачале да си најми друг тим на стилисти?
    На која наша македонска "ѕвезда" би и рекле да си побара стилист? Немојте предолг список :lol:

    Дали во Македонија постојат стилисти?
    Колку може некој да просперира како професионален стилист кај нас, како единствена професија?
    Дали некогаш би побарале совет од стилист за некоја свеченост да речеме?
    Дали ако примите критика од стилист т.е. човек кој по дифолт треба да се разбира од модата иако таа е еден широк поим ќе ја прифатите или ќе му се изнасмеете? :)

    Дали ние во Македонија имаме грешна претстава за стилистите?
    Зошто се смееме кога стилисти критикуваат познати ѕвезди во странство, но штом некој наш тоа го направи на наша популарна личност се крева голема прашина?
    Немаме самокритичност? Не прифаќаме туѓ збор?
    Не е срамота да се нема добар вкус и познавање од модата, веќе си професионалец во друга област, дозволи друг да ти помогне во она што не те интересира тебе, зашто кога си позната личност очекуваат луѓето да те гледаат дотеран и пицнат :)
    Затоа кај нас најубави познати личности се Каролина, Туна и Елена Ристеска, зашто сите три имаат стилист.

    Многу прашања но и темата е таква, пишете си се што сакате :D
     
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Стилист е личност која својот вкус сака да им го наметне на другите, да стане славна покрај славните кои ги облекува, и да се покаже колку знаел да искомбинира боја со боја....според мене жива глупост. Ко божем Елена,Каролина...и останатите, незнаат сами да се облечат,глупи се....?не сваќам која им е поентата,или ако се славни мораат да имаат стилист? Абе ајде.... прост пример, како беше Тоше П. облечен за евровизијата од страна на својот стилист? А како се облакаше откако изјави дека немал повеќе стилист,откако завршила евровизијата.Се разбира мнооогу поубаво изгледаше сам кога си правеше комбинации.
    П.С. ја на шала дечко ми си го викам мој личен стилист, бидејќи многу сакам да чујам негово мислење...а и има многу убав вкус.
     
  3. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Нема врска паметот со тоа кој колку вкус има за облекување па и секоја облека не е за на сцена.
    И да реално не само што имаат потреба за еден, дури мислам дека не некое и повеќе им требаат :D
    Зошто?
    Они се јавни личности кои заработуваат од тоа што се на сцена и од тоа како изгледаат на настап или на промоција или било каде. Смешно е една Каролина да не изгледа беспрекорно кога професијата од неа тоа го захтева, да биде средена и облечена со вкус и соодветно за местот каде оди. Заработува на некој начин од својот изглед освен своите песни.
    На пример мене смешни ми се некои јавни личности што одат на бал како кловнови со разголни фустани.
    Како Џенифер Лопез кога се појави со тоа зелениот футан полугола пред принцот и принезата, мене ми е феил колку сакаат да кажат дека била многу интересна и погодена и секси, мене би беше малку вулгарна, стилистот тотални промашил.
    Секоја звезда не знае самата се облече за секоја пригода онака како што и прилега, затоа и треба помош од компетента особа-стилист!
    И јас би сакала да имам, да имав повеќе пари :rofl:
    Али се занесувам, де знам :D
    Секоја жена треба да изгледа убаво и пристојно е тек пак звездите.
    Кај нас ретко има способни стилисти. Барем познативе често прват утки и се смешно облечени.
    Каролина има значително подобрување откако е со Цаци ама и она знае некогаш да ја утне.
    Пример Лила ми е врв во скоро секое нејзино издание во последно време.
    Сум ја видела на улица доста по кич се облекува.
    Ама затоа на емисииве браво за нејзиниот стилист, кој и да е.
    Мене стилист ми е мајка ми!
    И со право, она е едиствената која секое забалје станува час, час ипол порано за да се нашминка, исфенира и скоцка. И е доста модна, и гоолем критичар. Спема мене поготово, реална е.
    Инаку од странскиве и би препорачала на Ријана да смени стилис, кловн прави од себе.
    Ја спомнав веќе Џенифер, често ми е укта.
    На гага ни треба нов мозик не стилист, ама тоа е невозможно.
    И кети пери ми е многу чудна како да се труди со сила да биде поинтересна и почудна да ја надмине Гага па и Ријана.
    Од нашиве, многу долг список незнам кој не, катастрашни се што би рекла Марамка :D
    Калиопи, кога ќе ја видам некогаш цела во црно, и со некоја облека што не и прилега, ми се темни.
    Ќе ја пофалам Ирена Спировска една новинарка на Алфа прекрасна е, секога убава и со вкус облечана.
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Кај нас секој е стилист.
    Ај Цаци прво јес да она антипатична ми е, иако прва се декларираше како стилист, па и посакувам да си ја врати емисијата и да критикува, секој има право на збор, нели. Додуше кој бил во продавницата на Цаци, не стилисимо кај што се занесува дека е дизајнер, него Зап Милано вп ГТЦ 2кат ако ја прашаш совет веднаш ќе ти даде одговор и може многу да ти помогне. Сама има изјавено кој сака дал бил анонимец дал популарен ако треба совет нека ја праша.
    Една другарка сакаше да ја праша за совет отиде и Цаци нималку не и се наметна туку многу професионално си одоговори, јас бев зачудена. Иако сеуште ми е антипатична :D
    Кога ќе прочитам стилист Дадар, стилист Владимир Георгиев, стилист Дејан Миличевич, стилист Сергеј, стилист Сретен. Абе мрш!
    Збор кој би го почитувала се на младиве дизајнери наши, кои имаат пошироки и професионални познавања од модата.

    А кај нас стилист ти треба еднаш годишно.
    Но да ја речеме хмммм Ријана. 2 пати неделно има девојката свечености, 10 пати месечно. Зар она со турнери снимања и све и свашта да има време да одбира 10 различни фустани месечно?
    Епа затоа има професионалци кои ќе си го работат тоа.

    Кај нас ќе ги нема зашто немаме пазар сеуште за нив.
    Тоа ти е исто ко да имаме возач на трамвај, а немаме трамвај во Македонија.

    Кога сме кај Ријана да си го смени тимот на стилисти, ја уништија, ко ороспија изгледа.
    А Тејлор Свифт исто, преку таквото од светкави фустани. :D
     
    На A-j-a, MarchelineAmaru, NoellePage и 2 други им се допаѓа ова.
  5. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    517
    Сметам дека стилист е пред се човек кој што треба да има барем некакво познавање од областа на модата,без разлика дали има завршено некој курс,поседувал академија или нешто сл.Исто така треба да биде човек кој што ќе биде претерано креативен и умее сопствената креација да ја приспособи на карактерот и сензибилитетот на личноста која што ќе го носи тоа.Факт е дека кај нас секој втор човек се нарекува стилист.Како пример ќе ја земам Цаци Паковска.Барем според мое гледање,сите нејзини комбинаци ми се потполно исти и се по еден исти шаблон.Каде и да ја видам Каролина на некој јавен настап,комбинацијата е секогаш иста,а морам да го потенцирам фустанот со машна на средина :) Да речеме дека тоа е стил кој и Каролина го негува,но уште 10 девојчиња што биле кај Цаци имаат исти модел на фустан,без разлика дали станува збор за матура,апсолвентска или свадба.Не оспорувам дека Каролина е дефинитивно една од најдобро облечените јавни личности кај нас,а тука некаде ми е и Елена.За останатиот дел од естрадата немам коментар.Но,сепак нашата земја е премногу сиромашна со стилисти во права смисла на зборот....
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Дали на познатите и славните им е потребен стилист?
    Absofuckinglutely!

    Многу ме нервира бе кога ќе слушнам - па толку ли не знае сам/а да се облече?
    Па не знае, реално 1 на 100 може да има совршен сенс за вкус, комбинирање, мода, пропорција, тренд, стил.
    Плус, светските ѕвезди имаат некогаш и по 5 ивенти на ден, што ќе се случи ако секоја сама си бира облека и додатоци, па треба да скисне пред плакар, или по продавници, да се мрдне.
    Елизабета II сигурно сама шета низ Лондон и си бира костимчиња, yeah right.

    Затоа си е потребен - стилист, со причина е измислен.

    На запад мислам дека тоа се врши мошне коректно, нормално, постојат утки, не секој е добар и оригинален, еве на пример префалената Рејчел Зое се познава од километар, па така нејзините клиенти и си го добија прекарот "зоевки" - Миша Бартон, Никол Ричи, Линдзи Лохан, Моли Симс итн...

    ... но има секогаш скоцкани ѕвезди, со многу малку пропусти, а сум сигурна дека без стилистите би изгледале очајно.

    Во Македонија не постојат стилисти.
    Тоа што го фура Каролина со Цаци ми е назад едно 5 години, бледа копија на она што се случувало во модната индустрија неодамна.
    Секогаш чинам доцниме едно 3 чекори... или 10.

    Остатокот се можеби фризери, визажисти, професионални фотографи, ама никој не е стилист.

    Треба знаење, талент, ум, визија, сопствен печат.
    Кај нас никој ја нема, без исклучок, обични девојки на улица имаат повеќе смисла за мода, отколку самопрокламирани стилисти.
     
    На A-j-a, MarchelineAmaru, LilBaby и 3 други им се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Стилистот треба да создаде приказна од една личност, а каква приказна ќе биде тоа веројатно не се прашува само тој туку голем дел од машинеријата што постои околу една ѕвезда, зборувам на светско ниво...Јас не знам дали тој треба да е креаторот на аутфитот, фризерот што ќе направи фризура или шминкерот, или пак тоа е особа која само сугерира или "наредува" што ќе се носи и каков да биде крајниот резултат...
    Оној кој може да си го дозволи треба да го има, а ние и немаме селебритис за ваков луксуз, но барем да се слушаат повремени совети од модни критичари, ако не друго тоа можат да си го дозволат кога веќе решиле да ни бодат очи на екран...
    Имав еднаш читано мислам за Ева Нединковска како за време на правење спотови не сакала да прима никакви модни сугестии, и одела сама со своја визија за својот изглед и настап, и затоа веројатно изгледа така како што изгледа...Ја земав како пример, такви ги има кај нас многу, но од друга страна пак какви ни се "стилистите" попрво сама ќе се облечам... :D
     
    На kate21 и rossonerka им се допаѓа ова.
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Леле како можев Монси да го заборавам :D

    Пазете на златна книга листа на стилисти :D
    http://zk.com.mk/act/%D1%81%D1%82%D0%B8 ... 98%D0%B0/0
    Секој кој знае да шминка и фризура да прави е стилист оф леле.
    Стилистот треба да ги има сите конци во рака и се да организира, треба утре да одиш на Виенски бал, тој да ти најде фустани, штикли, накит, да ти организира фризери, шминкери, маникири, педикири и да те скоцка и испрати на Виенски бал.
    Jaс имам време и можам да се спремам 1 месец унапред за тој бал, ама некој нема време, затоа стилистотот ќе му дојде како кец на 10ка.
    А друго не сите имаат вкус, не е ни само вкусот, туку немаат познавања. Затоа веќе кога сме кај Виенски бал има девојчици што се појавуваат во мини фустани. Дал да се смееш ил да плачеш.
    И не треба да форсира една продавница или еден дизајнер, туку да соработува со сите, баш со сите.

    А да прашам Љупка Арсовска функционира како стилист?
    Мислам дека девојката има одличен вкус и сенс за естетика.


    Ах морам да кажам едно искуство со девојките што работат во Стилисимо и кои изиграваат како шефицата им Цаци стилисти.
    Видов од излог накит добиле и таман барав обетки и ај ќе влезам. И двете продавачки овај СТИЛИСТИ :D ми доаѓаат и викаат бараш посебно? Да сини обетки за на салонките да ми одговараат, мастило некоја таква боја потемна. И само едната кога ми се сврте леле девојко од кај ја најде мастило бојата, апсолутно погрешна комбинација, не пратиш ич што е модерно изгледа, ужасни бои си избрала, воопшто неактуелни за сезонава. Јас и се изнасмеав у фаца и викам фала ти што ме просветли :D И ми понуди црни кои според неа перфектно би ми одговарале (прибидејки освен црни и сребрени други бои на обетки не ни имаа).
    А колку за информација накитот што го имаше во продавницата е пазарски, кај бугарите го има :)
    А блузите од Стилисимо ги има во Купи ефтино ;)
    Така да очекувам кај нас продавачите да почнат да се декларираат како стилисти 8)
     
    На kate21, MarchelineAmaru и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Кога сме веќе кај продавачките-стилистки и дежурни коментаторки за мода и тренд, порано Цаци соработуваше со Александра Шекутковска за аксесорис, арно ама девојкава е низ Европа, а мене многу ми се допаѓаат нејзините парчиња, па пред Нова година дечко ми не можел да ја најде, па логично пошол во Стилисимо во ГТЦ.
    Таму продавачките биле ко паднати од Марс, немале поим ниту - која е девојката, ниту какви парчиња изработува, ниту бутур... :^)
    Дотолку се запознаени, не знаат значи работодавецот со кого соработува.

    А инаку мислам дека Џенифер Лопез има добар стилист, 90% од времето е прекрасна, ама нејзините изјавиле дека неретко и сама учествува во изборот на парчињата.

    A кај нас Туна изгледа добро и некако малку посвежо за разлика од другите, кои играат на сигурни и по малку досадни комбинации.
     
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    Баш вчера гледајќи го The Iron Lady прокоментиравме со мајка ми нешто поврзано со оваа теме-Политичарите.
    Т.е на нив не им треба стилст туку тоа се вика протокол,некој кој се грижи за целокупниот нивен имиџ.
    Изглед, гардероба, држење, говор, став, се ама буквало се.
    Језда сме ние мала држава ама сепак се знае бре кога се оди во одело, кога се оди во поспортска облека.
    А нашиве политичари голем дел се за никаде, како на пазар да одат. Немаат врска со имиџ, ај со тоа туку незнаат ниту правилно да се изразуваат, што е голем пропуст.
    И сметам дека е задолжително да бидет секогаш скоцкани, да може не сме Англија, ама не сме ни до толку тунгузија. Кај нас политичарите си дозволуваат секакви модни гафофи и испади, не се консултираат со никого, а не сметам дека немаат средства за да го направат тоа. Имаат и тоа од повеќе.
    На прсти се бројат оние кои вистински се целокупно одлични. Убава слика и претстава остава било кој кога е според протокол облечен и се држи и говори со правата дикција, а тоа очигледно се учи.
    Само треба труд.
    А за "ѕвездиве'' наши им треба од повеќе калемење нив, за никаде се, со согласувам со вас дека нема кој и дека смешни се Монси, Цаци, Дадар и остали, но некои ни со нив не се консултираат, а смешни се се појавуваат на концерти, свирки изгледаат ужасно. Нечини за човек прво лошо да изледа па макар обичен граѓанин, а тек они кои се бават со таква професија и треба да се уредни, ако ништо друго, а не доаѓаат мрсни на свирки, грозно.
     
    На babyblond му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    За мене стилист е човек кој помага во изградувањето на стилот на една личност, славна или неславна.
    Тој се грижи како таа ќе изгледа на промоција, концерт, презентација, настап...
    Тој се грижи таа да не прави утки при комбинирање.
    Зашто не секој се разбира од мода и не секој има сенс за мода. Славните личности се личности од кои ние, публиката, очекување покрај добар глас/глума да изгледаат убаво, секогаш средени, дотерани, скоцкани, нашминкани. Самите ние во нив гледаме моден репер.
    Ако тие самите се спремаат за секоја прилика, ќе гледаме хорори. Освен тоа, светските популарните ѕвезди и да сакаат не можат сами. Секој ден имаат некаков ивент, некогаш и по повеќе и кога тие сами би се грижеле за се, не би стигнале никаде. Ќе се мрднат од седење пред орман и по бутици...
    Затоа им треба стилист.
    Кај нас, според мене стилист е Цаци. Дадар не, тој е шминкер, не Дејан, тој е режисер на спотови...
    А Цаци да. Таа е стилист во права смисла на зборот. Океј, не ја мериме со стилистите на Ријана или Џенифер Лопез, но на нашиве простори таа е стилист.
    А кога би имала можност би си ангжирала стилист. Кое олеснување ќе биде да не морам да висам пред плакар секој ден, да не мислам дали ова со она одговара или не. Некој друг да го средува сето тоз за мене.
    И читам, стилистиве немале вкус. Ако вашето мислење и идеја не се поклопува со она што го гледаме од стилистите, не значи дека тие немаат вкус.
     
  13. franky

    franky Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    12
    Денеска гледав една емисија на Pink-City македонското, и имаше интервју со некоја наша стилистка, на девојката уствари стилот и беше ужас, немаше веѓи туку некако невкусно и беа нацртани, сигурно гледала на нет дека во мода се златните часовници ама ги искомбинирала со други златни работи на неа, само не слушнав како се вика типката, а многу се фалеше дека е зафатена со проекти со спотви и свашта... за да бидеш стилист пред се погрижи се за твојот стил, пример да им дадеш на другите.
     
  14. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Личност која помага во изградувањето на сопствен стил е стилист,но малкуи го наметнува и својот стил но тоа не е толку страшно сепак помага за да изгледаш убаво.
    Па нека имаат стилисти но повеке треба по сопствениот вкус.
    хахахха па секако дека имааат право на збор ...
    Па вака треба и образование но теба и вкус да има значи ни едното може без другото ни другото без едното моше да има вкус а да нема образование а може и да има образование а да нема вкус..
    Друг стилист би и препорачала на парис хилтон...
    Па кај нас нема некои ѕвезди и затоа на никој...
    Мислам дека има ...многу малку може да просперира затоа што ние енмаме некои ѕвезду големи за да ги дотерува и да може да заработува ...
    Би побарала совет од стилист зошто да не ...
    а ако добијам критика зависи и од кој па и така ке ја прифатам...
    некои имааат а некои немаат погрешна претстава за стилистите...
    Јас се смеаам некогаш и за наши и за странски познати личности..
    Јас мислам дека кај нас многу ретко се прифака туг збор...

    :) :) :) :)