Стилот на музика и начинот на облекување

Дискусија во 'Музика' започната од Wild.Child, 17 јули 2010.

  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.675
    Прашањето е едноставно, дали и колку музиката влијае врз вашиот стил на облекување ?
    Сметам дека најважно е тоа што го чувствуваш додека ја слушаш таа музика, емоциите кои ги буди кај тебе и што е најважно сетоа тоа ме исполнува и не ми е потребно да облечам маица со Нирвана за пола Скопје да знае дека слушам рок. На себе носам облека во која се чувствувам удобно и се нервирам кога некој металец ќе ми каже дека му е удобно на него во тоа што го носи кога на четириесет степени шета со црна маичка, кожни пантолони и мартинки до колена.
    Што мислите вие ? :)
     
  2. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    2.363
    Па немам како прво определена музика која ја слушам.Си слушам песни:кои ми се допаѓаат,во кои си се пронаоѓам,кои се убави..За облеката си се носам како што се чувствувам удобно,носам се што ми одговара.И не музиката не влијае врз мојот стил на облекување :)
     
  3. Nathalie

    Nathalie Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    6
    Во право си! Музиката и те како влијае на стилот на облекување, меѓутоа не мора да се оди во крајности. И јас слушам рок, ама не го правам тоа за да се докажам пред некого и за да покажам дека сум јас "рокерка". Мене тие класификации ми се смешни... значи, мислам дека оние коишто претеруваат и кои се прават НЕШТО, всушност и не се баш она вистинското. И јас имам омилени бендови и некоја даркерска нота во мене, па не се лигавам наоколу. Тоа е повеќе ПОЗЕРАЈ отколку стил... барем според мене.
    Се облекувам (да речеме) хипи, ама знам и да скренам од тој стил (иако и скренувањето ми е во тој дух). Најважно од се е да ти се допаѓа она што го носиш и да се чувствуваш убаво. :)
     
    На Ekstaza му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.348
    Порано во мојот гардеробер, не се наоѓаше поразлична боја од црната, и маички со натписи од бендови, стартки(старки, whatever), ми беше некое правило цело време да бидам нашминкана со црно моливче, и косата да ми биде испеглана, но веќе не. Сега се облекувам во разни бои, и мотото ми е: I will rock with style, зошто да се топам на 50 степени облечена во црно? А и не е некое правило дека мора да се облекувам според музиката која што ја слушам. Ако некој е турбофолкер, тогаш би требало да се облекува like a Rainbow? :D
     
    На Ekstaza му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.711
    Ова е веќе претеризам. И не - музиката НЕМА врска со стилот на облекување.
    Имам другарка која од мала слуша метал, а си се облекува во светли бои, сукњички, кратки пантолони, штикли, фризурче... Ете имам жив пример до себе.
    Јас лично не сум определена за одреден тип музика. Имав еден период пред две-три години кога почесто носев црно, па ме направија металка, што немаше врска никаква. Глупави предрасуди.
     
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.675
    Токму тоа сакав да го кажам. Секој може да облече маичка со метал бенд и да му лепат етикети дека е металец, но треба да изеде многу фурни леб за да биде и во срце. :)

    Немојте да ме сфатите погрешно, не ми сметаат и тие што така се облекуваат и никогаш не сум погледнала чудно никој што е поразличен од мене. Секој со својот стил. :)
     
    На cvekje13 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.365
    Допаѓања:
    36.962
    Нема врска едното со другото. Јас си носам што ми се свиѓа и слушам што ми се свиѓа. Не сум определна за еден правец во музиката и само тоа да слушам, па и да се облекувам така.
     
  8. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    767
    Не е правило дека ако слушаш рок, метал, рап мора да го имаш и тој стил на облекување. Слушам се што ми се допаѓа иако најмногу рок. Имам некои маички со натписи рок и сл. но никогаш не би се определила цело време да се облекувам така.
     
  9. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.463
    Се прашувам, каков начин на облекување имаат оние кои слушаат техно, транс и сл? :lol:

    Ако ги делиме начините на облекување со стилот на музиката, тогаш ми се чини дека има само 3 типа: рок (со метал заедно (иако има раааазлика)), хипи (бохо стил) и рап (заедно со р‘н‘б)....
     
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.721
    Допаѓања:
    5.119
    Носам тоа што сакам и што ми одговара. Кој сака како сака нека се облекува мене ич не ми е гајле
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.396
    Уф, не ги поистоветувам едното со другото, ама ич.
    Јас слушам хип хоп и рнб, па ни на крај памет не ми текнало да облечам дрес, вреќести панталони или да обесам блинг блингс на себе. :D
    Мојот начин на облекување содржи повеќе елементи, но не го вклучува и музичкиот правец кој ми се допаѓа.
    Немам ништо против да речеме металки или рокерки, но не го сфаќам тоа ограничување во поглед на изборот на облека, само затоа што девојката слуша метал или рок. Без никаква навреда, ама многу ми е незрело и детско тоа размислување. :^)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. KejtiKaulitz

    KejtiKaulitz Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    39
    На некој начин и музиката што ја слушам ме инспирира на тоа какви алишта да носам... Слушам музика каква што ми лежи на срце ама навеќе рок, а така и се облекувам ...
    Нема смисла да слушаш рок а да се облекуваш како Тежок Рапер или обратно...
    Неможам да го сватам тоа, јас имам другарка што Р нема од рок а се облекува и се шминка како рокер.. во ред е што си има свој стил и што така се носи ама да носиш блузи од бендови а да не ги знаеш.. нема некоја смисла :D
     
  13. Echo

    Echo Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2010
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    82
    Па едно време мислеа дека сум металка, зашто тој период ме фати желба за темни бои. Ама никогаш не сум била металка, сум сакала рок и уште сакам, ама нејќам маички со бендови. Затоа обожавам старчиња и Echo ќе ја познаете ако ја видите, по тоа што носи кремасти високи старчиња од Converse. Мислам дека само јас имам таква боја патичиња. Инаку имам многу специфичен стил на облекување, никој не може да го дефинира. Само можам да кажам дека на мене секогаш има некојнеобичен детал, па колку просто и да сум облечена, пак има нешто интересно и впечатливо на мене, а најчесто уникатно. Мислам дека не ми влијае многу стилот на музика, зашто можам да слушам речиси све... :?: :)
     
  14. Marence.D

    Marence.D Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2010
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    16
    Преку облеката не се докажува што слушаш.
    Гледам многу деца кои носат маици Metallica, Led Zeppelin... а не знаат ниту 2 нивни песни.
    Не се докажува спрема облека дека си металец, рокер., рапер :fubar:
    Јас секогаш сум си облечена обично, како што и доликува за девојче, па затоа пола град не ни знае дека се разбирам во рок или метал бендови... хехе па и не треба да знаат сите, музиката си ја слушам за моја душа, не ми треба доказ, нели?


    поздрав :*
     
    На Nevermore му/ѝ се допаѓа ова.
  15. The.Fame.Monster

    The.Fame.Monster Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2010
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    23
    Еве ја слушам и рап и рок и др музички правци не сум определена за некој посебен и понекад знам да облечам широки пантолони и дукс понекад и црно да се облечам и да се нашминкам не дека сакам да бидам некоја рокерка но понекад ми се допаѓа тој стил затоа така си се носам,и ако некош се одлучам за некој правец на музика таков ке ми биде и стилот(мое мислење)
     
  16. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3.282
    Допаѓања:
    1.807
    Пол:
    Женски
    Нема врска.Секогаш јас експериметирам со обекувањето,и секогаш мене ме мислат.. За некоја која не сум. Незнам зашто човекот го мислат по тоа како се облака.
    А пред некоја година се дружев со металка,и кога се видовме прв пат, јас си бев во онака најобична маичка со фармерки, и она помислила дека сум којзнае каква тешка шмизла. :fubar: Незнам и зошто помислуваат дека си шмизла, лигла..ако се облечеш во розево, ако искочиш со штикли во град,ако носиш фустанче.
    И да продолжам за другарката.. Она едно време носеше маички со натписи од бендови,црни фармерки, но како што се дружевме се повеќе и повеќе она почна како мене да се облака(ским си такав си). Дури еднаш почна и со розеви маички. Нагло се смени. И сега, типката си се облака како мене. Што треба сеа ја да и кажам, ти не си металка, ти си шмизла? :fubar: Нема врска облеката со стилот на музика. Облеката има врска само со тоа каков човек си ти, и каков вкус имаш :)
     
  17. christina

    christina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Jas slusham sekakva muzika,R&B,HIP HOP,X YU,POP se...Sakam potpetici,fustanche,pantolona,patiki...Sakam crna boja,baby bly,crvena,bela...Nosam shto mi stoi i shto mi se dopaga. :D
     
  18. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.419
    Допаѓања:
    2.447
    јас не сум определена за музиката - ја слушам онаа песна која ми се допаѓа ... а стилот исто така не ми е определен .. го носам она што ми стои убаво ......
    а и колку глупаво стои девојче 6-7 одд носи даркерски стил :emo: :rock: .. такви девојчиња често гледам, па колку глупаво стои .. сепак еден метар девојче да се носи така .. стварно нема смисла, .. нз како им дават така од дома хахах :^) па музиката не е во облеката .. :)
     
  19. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.667
    Пол:
    Женски
    Преферирам рок музиче, а ми се допаѓа и панкот. Меѓутоа слушам се, и поп, и алтератив, и хаус....се што ми се допаѓа и се што е ново, зошто сакам да сум во тек.
    Стилот...уф тешко да се дефинира.
    Носам многу прецизно избрани парчиња, некогаш се кежуал , а некои се на работ на ексцентирчност. Кога излегувам навечер, сакам по специфична да бидам, не ја сакам таа униформираност кај девојките денес. МНогу накит носам, секогаш! И повеќе купувам накит од облека. Патики не носам, не сум спортски тип воопшто...повеќе да кажеме романтичен.
    Инаку сметам дека облеката е дел од нечиј идентитет. Начинот на кој ја избираме и купуваме, многу зборува за нас.
     
    На Sara123 и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  20. Ivanovic

    Ivanovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    слушам рап најчесто,а стил порано мењав често,и тоа денес сум рап стил утре рок стил и слично.сега носам тоа што ми е убаво и што се чувствувам пријатно во него,нема некое правило да мора да се облекуваш според музиката :D