Како што спомна некој погоре, не постои правилото дека МОРА да се облекуваш според музиката што ја слушаш. Ајде сега ќе облечам мајца од Iron Maiden, и готово металка сум, а може ни 2 песни од нив не знам. Се согласувам, дури и некако позерски ми изгледаат ... Се облекувам во зависност од расположението и од пригодите. Инспирирана од музиката , понекогаш знам да се појавам во рок/метал издание, во граници, да не изгледам самешно ко да сум тргната на маскенбал .Мајчки од моите омилени бендови, конверз старки итн итн... Штикли МРАЗАМ
Мене ми е жал за нив, мали девојчиња лишени од правото да изберат каква музика сакаат да слушаат.. Што знае тоа дете од 6/7 години? Иначе потполно се согласува дека музиката и тоа како влијае во начинот на облекување, иако не мора да го дефинира истиот. Јас слушам рок некаде од 7/8 одделение, и тогаш, инспирирана од моите идоли, често носев црно, мразев штикли, а не ретко рекламирав некој бенд со мојата маичка = пубертет . Како помина времето, сфатив дека ти секогаш можеш да слушаш рок, метал, панк, не мора сите околу тебе во автобус или на плоштад да знаат што слушаш, а и во некои наврати не е на одмет ако облечеш штикли, ставиш лесна шминка и нежен кармин. Според мене, секој има дел од животот во кој е, како што знаеме да кажеме, во некој свој филм ( најчесто за време на пубертетот ), и се прифаќам, секој може да се облекува како сака, но мене најмногу ме нерираат луче кои судат според облеката или пак велат: Како можеш да слушаш рок и да носиш штикли.. WTF?!?!?
Секој има право на тоа да си одбере како да се облече... Сепак е најубо секој да си има сопствен стил, кое што ретко се случува да се види... Многу по оригинално е да си имаш сопствен стил, наместо да се трудиш да личиш на некој, да го копираш... Сите медии влијаат!!! Актерите, пејачите, манекените, па дури и некој од некоја реклама или водештија/та на вести... секој сака да личи на некој од нив, ама не и на себе, затоа што се убави, ги шминкаат, ги праат и нив такви, какви што не са били никогаш... Тоа е лошо и обвинувам медиите за тоа... Манипулираат и те тераат да имаш некакво мислење, кое што ако нив ги немаше, никога немаше да размислувааш вака... Нај ми е жал за мали девојки - 12,13,14...години кои што сакаат да личат на некоја пластична чалга пејачка... се шминкаат како нив и се облекуваат (курвенски) како нив, кое е многу грдо за едно мало, чисто и невино девојче... Јас немам сопствен стил - не се праам на оригинална, ниту сакам да личам на некој... се облекуваам така, како што ми е најудобно... практични фармерки или полот, фустан..., некоја блуза, која многу ми се допаѓа со природни бои, лесни обувки ... Интересни са ми тија, кои им е ладно на зима, ама са скоро голи - од студ умри - кул бади хаха
Не многу. Знам луѓе кои зошто почнале да слушаат еве на пр. метал, и сега цело реме во црно се, ставаат црвени дреч кармини и црна шминка на очите. И што сега личат на готик, даркери ли што ли? Не ми е јасно. И јас од малечка слушам метал и панк па никогаш не сум го искажувала тоа преку стилот. И што ако слушам панк и носам светли бои и цветчиња? И ако бидеш оригинален и свој тогаш си тапа, а ако се правиш како сите на пример сега една слуша метал па ставила ланче и алка со боцки сега сите ке се праиме така и ке бидеме кул демек? Навистина не разбирам... Сметам дека не треба никој да се ограничува, само да си биде свој. А навистина ги почитувам оние кои ги вклопиле музиката и стилот и притоа се оригинални.
Имам свој стил,иако слушам метал.Понекогаш знам да откачам со маички од моите омилени бендови,али не можам да носам розово едноставно не ја сакам бојата Не можам да носам штикли,то е ризик за мене ќе се утепам,јас со патеки се утепувам а не со штикли .Малку црна шминка на очите,црвено маиче,црни фармерки,некоја црна алка,и некое чудно ланче = ЈАС .Прва година не знаеа дека слушам метал и се носев нормално како и сега, но во 2 се појавив со маичка од Тарја и ајде одма ме направија металка ,и малку ме нервира тоа што ме викаат секта само бидејќи некогаш носам црна блуза и дури и да има мало маче испринтано на неа ќе ми речат дека сум секта,Не ги разбирам предрасуди .......
Слушам што ми се свиѓа ама највеќе слушам рок. Знам да си ја пуштам и Адел. Не е дека јас се имам заколнато дека ке слушам рок, едноставно таква музика ми се допаѓа и таква слушам. За стилот на облекување исто. Носам што ми се свиѓа. Многу мразам маици со бендови, некако ми се види слушам Металика. Е такво нешто никогаш не би ставила на себе.
Металика се бенд, а не жанр музика. Можеш да слушаш метал, а металика можеш да ги слушаш. А околу ова, крајно дебилно ми е на свадба да се облечам во даркерски стил за да не испаднам фејкер исто како што е дебилно на свирка да облечам розев минич, салонки и деколте.
Не секогаш стилот на облекување мора да соодвестува со музиката која ја слушаме. Јас можеби слушам метал, или рап и сл. но може професијата да не дозволува јас да се облекувам така. Ќе тргнам конкретно од себе, јас слушам секаква музика, односно музика која јас ја сметам за квалитетна, т.е. постојат песни од секој жанр кои ми се допаѓаат. Но еве да претпоставиме дека слушам метал и хард кор рок, а студирам политички науки со надеж еден ден да станам политичар. И каков впечаток ќе оставам јас ако во јавност се појавам облечена во црна гардероба со боцки на вратот, со бушава фризура и т.н. , луѓето ќе мислат дека имам стил, но со оглед дека опшествово ни е крајно стереотипно веднаш ќе бидам етикетирана како наркоман, дрогираш и сл. Затоа мислам дека жанрот на музиката и стилот на облекување не секогаш одат под рака, најчесто само луѓето кои ја изведуваат таа музика (пеачи, и членови на бендови) се достојни на ова, односно се облекуваат онака како што налага жанрот на музиката.
Се облекувам како сакам, музиката нема никакво влијание во мојот стил... И само заради тие етикети по кои ги разликуваат луѓето, јас ги мешам стиловите, се разбира, внимавам да не изгледа толку крејзи.
Мразам кога некој изиграва нешто што не е.Чист пример е моја другарка девојчето е шмизличка ,слуша секаква музика повеќе поп и сл. а кога разговара со некои од моите другари што слушаат метал и рок таа е најголемата металка иако она е само шмизла.Музиката што ја слушаш од една страна те ограничува но и не мора.Слушам метал и рок но не секогаш сум облечена во црно знам да си искомбинирам парчиња облека кои ја покажуваат таа страна од мене но сепак изгледам убаво.Немам ништо против штикли но не би ги носела во блиска иднина.И мислам дека со своите 14 годинидобро си го имам разработено стилот на облекување и се придржувам до некоја граница.
Не мешам музика и стил на облекување. Се облекувам во зависност од расположение, прилика, тренд, ама не според стило на музика кој го слушам.
Не се облекувам според музиката што ја слушам. Музиката ми е само за релаксација, а и не сум фан на некои групи па да се облекувам о тој стил. Се облекувам како и секоја нормална девојка
Јас претежно слушам рок и метал, а и така се облекувам. Црвено црни работи, старки, мартинки, кожа, прстени глупости Порано, во 7мо-8мо можда стилот ми бил исфорсиран да личам на рокерка или некоја таква цел, ама сега си ја носам облеката за лична сатисфакција, затоа што таква облека најмногу ми се допаѓа. Во плакар имам и алишта во други бои, нормално дека на 40 степени нема да излезам цела во црно и да се преправам дека ништо не ми е, а уствари се потам цела. Некој член пред мене имаше спомнато дека не носел розева боја затоа што не му се свиѓала, истиот случај е и со мене, не дека розевата е "забранетата" боја за рокерките и металките, туку едноставно не ми се свиѓа. Можеби дека до 4то цел плакар ми беше со розева облека, па сега имам некоја аверзија кон оваа боја Сепак стилот не секогаш се поистоветува со вистинската љубов кон одреден жанр на музика, случајот со 7мо одделенките што носат блузи со Металика, а не им знаат ни две песни во споредба со некој што ни на крај памет нема да ти текне дека слуша такво нешто, а всушност е многу поголем и вистински фан.
Се облекуваам така како што ми е најудобно, а не според стилот на музиката што ја слушам. И така слушам се и сешто па ако земам да се облакам според тоа би изгледала како турли-тава.
Најчесто се облекувам во фармерки, конверс ( ) , и некоја удобна маичка (само да не е залепена за мене ) Фустани не носам , ниту пак сукњи , стилот ми е опуштен , повеќето облека ми е во темни бои , но воопшто не изгледа негативно, вака ми е најудобно и мислам дека така ќе си терам засеа.. За свадби и слични веселби не правам исклучоци немам некоја си елеганција , па според музиката што ја слушам (хард рок и кор метал) и сличните жанрови и стилови , елеганција сметам дека постои само во готик стил , што најчесто се должи на готик метал музиката И ДА музиката итоа како влијаееше на мојот стил
Слушам метал од 5то одделение и никогаш не сум носела маички од бендови,кожни пантолони или накит со боцки. Но тоа не докажува дека јас не слушам метал, туку дека не сакам да следам некои стилови. Ќе бидам искрена, ми се допаѓа готската облека,стилот, тоа ми е како иснпирација од музиката. Но едноставно не ми се тие работи што би ги носела секојдневно. Носам фармерки,патики,маички во земјени или посветли бои,но сепак слушам метал и нема никаква врска. Но кога веќе сме кај удобноста и лежерното облекување, што е и со фенси стилот? Зошто тој се смета толку нормален и сите кои носат маички со длабоки деколтеа,штикли од 15см,натапирани коси, пет кила шминка,миничиња во дреч розова,чанта со леопардски принт и тоа е убаво? Не сфаќам зошто ова би било убав или правилен стил, и зошто ова е поправилно од даркерски стил? Факт е дека повеќето(со исклучоци) розови барбики не би облекле ништо црно, бидејќи само бидејќи металците носат такви работи,а истото и обратно, некоја металка да облече нешто розово. Јас не носам розово освен некогаш за по дома кога не излегувам бидејќи имам навистина удобна розова маичка ,но тоа е така бидејќи не ми се допаѓа не бидејќи слушам метал. Тоа стил по музиката, ми е како на пример за метал „Еј види ме! Слушам метал!!!“ и тоа ми е глупаво секој нека си носи она што му одговара,што му стои добро,но му е и удобно, кога ќе престанат да се следат тие излитени стилови?!
Слушам што ми се допаѓа, и носам што ми се допаѓа. Експериментирам, немам најомилен жанр ниту стил на облекување по кој најстрого се водам и не излегувам од колосек. Многу ме иритира ограниченоста во облекувањето со музиката која се слуша. Особено што некои веднаш си додаваат етикета металец затоа што имаат маичка Iron Maiden пример..
Ако слушаш рап или рок немора да значи дека мора така и да се облекуваш....Јас се облекувам во зависност од местото и пригодата на која одам и како што ми е најудобно
Тоа е нешто кое би го направило детето во нас . Сега ми е многу чудно ,иако дооолг период носев вреќи од алишта на себе ,претежно машка раперска гардероба ( оти на нас женскиве тоа право ни беше скратено ,да имаме своја раперска женска облека ,никој не увезување јбг ) ,кое со тек на време спонтано се модифицира во некојси урбан хип хоперски стил ,за сега да облекувам и рокерски парчиња ,што сигурно не ме прави мене рокерка . Понекогаш кога ми е ( или не ми е ,подобро кажано ) денот ,знам да се пикнам во моите вреќи и да се мафијашам низ маало ,ама не и подалеку Носам лежерна гардероба ,претежно поспортска варијанта ,но и сите кожени и скаени јакни во плакарот не можат да го убијат раперското во мене Респект ,лејдис