Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стилот на музика и начинот на облекување

Дискусија во 'Музика' започната од Wild.Child, 17 јули 2010.

  1. K4813

    K4813 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    9
    Најчесто се облекувам во тоа што ми е најудобно, но соодветно за приликата инаку слушам хип хоп и тоа доста често влијае на мојот стил најпрво а после на се останато
     
  2. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Преку облеката што ја носиш, не се докажува што слушаш :!:
    Некои носат маици Metallica, а појма немаат ни од каде се, ни кој се..Прашај ги 2 песни, креваат раменици. И тие ти биле пример МЕТАЛЦИ.
    Мразам "пренесени личности", дај бе слушај си музика за своја душа, не се прај нешто што не си.
    Дај облекувај си се како девојче! Не се докажувај многу многу.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Ам глупости тоа...

    Во обид да се докажат, обични фејкери лупаат маици Слипкнот (жив фецес од бенд) и се најјачи фраери у маало.

    Иди самоутепај се бе.

    Лично, се носам како ќе ми дојде. Љубам војничка шара, исцепани фармерки и старки, али тоа не ме прави ништо посупериорна во однос на слушањето на металот/рокот/гранџот...така...

    Запела сам се опет.

    Како и да е, битно е да е удобно и да има ланчиња и доста е.

    Мразам префурани типки со креони и исцепани хеланки, а совршено испеглана црна коса и опасно познавање на сите албуми на Мегадет.

    То треба да се убие, што викаше Цацко...
     
    На Natali.3, Chocolate.me, gingerchild и 2 други им се допаѓа ова.
  4. pisatelka

    pisatelka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    22
    Колку и да негираме и те како има поврзаност.
    Широките панталони произлегле од сиромашните црнци кои што немале што да облечат и врзувале вреќа, рапот е црнечки и е започнат од сиромашна инспиративност.
    Металот или готската култура е народна музика во финска и готските фустани се нивна носија
    Кога се родил панкот сетете се на секс пистолс
    Трансот потекнува од индија, така да и таа облека е инспирирана од таму, најчесто се носаат шарени шалвари и сл.
    Ме мрзеше да влагам длабоко, 5 и 30 е и морам да заспијам некако ;)
    бтв мојот надворешен изглед кога како :)
     
  5. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Да секако има поврзаност влијае ама не кај сите,не мора да значи..Јас на пр.слушам највише hip-hop i R'n'B
    и мене до негде ми влијае..Се облакам доста во тренерки со Аdidas sneackers,често носам големи обетки (кружни),на лето знам да си се осетам секси ако ме прифатат некои Latino songs зошо сли слушам и тоа..Си правам од време на време некои плетенчиња и такааа...
     
  6. vanessa.k

    vanessa.k Активен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    15
    Се облекувам обично..блуза фармерки патики најчесто.Носам и сукњи фустани но само во посебни прилики.А слушам најчесто транс но не ми влијае многу многу на стилот на облекување.. :)
     
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Не мешам едно со друго, и сметам дека некои многу претеруваат со мешањето.
    Се облекувам онака како што најудобно се чувствувам. Никогаш не сум сакала пример одредени парчиња облека и обувки и не сум ги купувала. Не поради тоа каква музика слушам, туку поради тоа што сметам дека тоа парче облека едноставно не ми стои.

    Ги мразам оние блузишта со Металика, Мегадет и такви срања штампани. Најмногу од се оти секој втор ги носи. Ама имам една штампана блузичка од Архангел што си ја сакам, и си ја носам оти го почитувам бендот и со него пораснав. :inlove:
     
  8. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Мислам дека музиката не би требало да ни го детерминира стилот, ама ништо. Надвор пак се шетаат рапери со смкнати фармерки, марами и широки маици. Исто и металци со замрсена коса, тесни кожни фармерки и црни маици со сатански мотиви.
    Си имам стил што мене ми се свиѓа и слушам музика што мене ми се свиѓа. Слушам и рап и панк и рок и поп.. Али си се облекувам пред се, удобно и во нешто кое ми се свиѓа.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Музиката што ја слушам воопшто не влијае и нема никаква врска со мојата облека. Носам тоа што ми е удобно и што мислам дека убаво ми стои а слушам све и свашта што прима мое уво.
    Јаааој да видите како знам да откачам на свадба (кога младите сечат торта) со друштво кога се свири рок или рокен рол а јас во миниќ и штикла на нога :) која супротност :D :D
     
  10. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Не !! Едното со другото не ги мешам.Сметам дека тоа нема никаква врска.Јас си се облекувам во она што сметам дека изгледам најдобро и во она што ми е пријатно за носење.Нема врска музиката со облекувањето.Барем јас така мислам ! ;)
     
  11. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Не,не и не.
    Не сакам да мешам едно со друго. :shake:
     
  12. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Слушам све панк,рок,хип хоп ,транс итн .... буквално се што ми прија на уво безразлика на жанрот и никогаш не ми влијаело на стилот на облекување . си носам што ми е удобно и што мене ми се свиѓа ,знам да се избацам од истрипани шалвари и маички до маица Рамонс ,Дорс ...
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    30
    слушам рок,метал и можам да речам дека не влијаат ептен на мојот стил, но се најдуваат во мојот плакар парчиња облека што се типични за овие стилови на пр. имам многу маички со познати рок и метал групи :D:D
     
  14. mihaela55555

    mihaela55555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    121
    Значи, мое мислење е дека музиката сепак до некаде влијае на стилот на облекување....кај мене и не толку многу....слушам рок, а се облекувам најобично-маичка, фармерки, дуксерка, тренерки, патики или нешто слично ;) и топ ми е!
     
  15. DragonLady

    DragonLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Секако ова е инвидуална работа, кај некои личности нивната облека е одраз на музиката што ја слушаат а некои се прават дека слушаат таква. Тоа се фејк металците кои се на тон.
    Инаку за мене јас имам маички од моите омилени бендови бидејќи навистина го ценам тоа што го прават и се чуствувам најубаво во нив. :)
     
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.762
    Допаѓања:
    25.031
    Пол:
    Женски
    Кај мене лично, музиката има влијание врз градењето на мојот карактер низ годините, така и на стилот, дефинитивно, од секогаш сум ги поврзувала едно со друго.
     
  17. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    3.920
    Пол:
    Женски
    Кај мене не влијае, ретко се облекувам онака раперски, опуштено..:D
     
  18. Whatsername997

    Whatsername997 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    21
    леле досадни сте со коментарите како "демек носи блуза од металика(или било кој друг бенд) а незнае ни една песна од нив"од кај знаете дека не знае ни една песна од нив? Да има такви што носат блузи од бендови што не ги ни знаат но не се сите такви,затоа не почнувајте одма со предрасуди.
    А за мене музиката има голем удел во мојот стил на облекување, комбинирам рок-панк-метал стил
     
    На Dark-Lady, blaa и happY-smiLeY им се допаѓа ова.
  19. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Музиката што ја слушаме е лична работа и не треба по дифолт да се рефлектира на стилот што го имаме. Ако слушаш некој вид на музика слушај си ја, која е потребата од тоа сите да видат?
    Облеката во никој случај нема да те направи поголем обожавател на некој изведувач.
    Тоа го сфаќам како некој начин на натпреварување; ако на овие 40+ степени излезам од глава до пети во црно со мартинки, сум поголем металец од тебе?
    Полошо ми е да видам металци како парадираат со Металика/Ајрон Мејден маички него онаа Госип Грл треската што беше, кога секоја втора имаше венче со машна.

    Етикетирање за да се докажам како припадник на некоја култура? Никогаш!
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DragonLady

    DragonLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Ама види драга повеќето металци не нозат маички за да се етикетираат туку за да покажат дека го сакаат тој бенд, е сега има позери што појма немаат за некој бенд и носат маички :!:
     
    На blaa му/ѝ се допаѓа ова.