Нееее...Сллушам и рок,поп,рап,хип-хоп...И понекогаш знам малце така "раперски" да се облекувам ама не сум којзне шо..
Па влијае, неможе турбо фолкер да се облекува како рокер или обратно. И аман бее, сите фејкери сте ги напрајле. Еве например јас: слушам рок, хард рок, метал, панк, но понекогаш слушам и поп. Најчесто носам темни маички со рок/метал натписи, принтови, познати бендови. Носам кожни панталони, јакни.. „искинати“ фармерки, мартинки.. Нормално, носам и посветла облека, сигурно нема сега во лето да се варам во црни маички, фармерки и мартинки. И шо? Носам Iron Maiden маица за да бидам фаца? Не, туку затоа што го сакам и почитувам тој бенд. Секако, има фејк металци, но не се сите Толку од мене, поздрав.
Ауу, јас ако тргнам да се облекувам според музиката што ја слушам. Искрено, никогаш не сум се ограничувала на музиката која ја слушам, па да слушам исклучиво еден тип на музика, освен еден период кога слушав само рап/хип-хоп и тоа најмногу Еминем, па почнав да облекувам вреќести панталони и долги маици, ама не ми личи едноставно веќе тој стил, иако кога сакам да се облечам полежерно, ги облакам тие фармерки и некоја лесна маичка и супер ми е. Во моментов слушам алтернативен и обичен рок, метал и рок балади, и нешто помек метал, ама слушам и рап, поретко поп, хардстајл, хардкор, електроника и пситранс. На пример тие што слушаат пси и гоа транс се облекуваат во широки шарени шалвари, и такви некои огромни маици во сите бои.. мислам интересно во секој случај, ама не би излегла така само зашто слушам таква музика. И многу глупи стереотипи се тие што ако некој е металец, одма е надуван, наркоман, не е чист и незнам ти што. А вака си имам специфичен стил, некогаш се облекувам да речам 'дамски' со кошулки, сако чат пат, некогаш лудо и тинејџерски, еве лично обожавам да носам crop tops во јаки бои, не сакам да се затворам многу во темни бои, сакам да се облекувам некогаш полежерно, некогаш edgy, со рокерски детаљи, ама не да се зацрнувам. Немам некој омилен стил, ама ми се допаѓа оној hipster style, инспириран од осумдесетите и деведесетите, сакам кожни јакни, нитни и искинати шорцеви со висок струк во јаки дреч бои, ама тоа не ме прави автоматски рокерка, туку само така сакам да се облекувам. А немам ништо против некој да се шета со маица на Металика или Ајрон Меиден, само да не биде фејкер, и кога ќе го прашаш да не знае да ти каже две песни од овие бендови.
Слушам рок, помек така метал, алтернативен рок и панк и поп. Но не се облекувам целата во црно нити пак носам маички со принтови на познати бендови. Музиката што ја слушам „оставила трага“ на стилот на кој се облекувам, да. Сакам да носам белегзии со нитни на пример. Ги сакам кожените јакни (иако не поседувам таква сеуште), ги обожувам кратките фармерски панталони, без разлика дали се со висок или низок струк и уживам да ги носам. Но стојам зад едно - за да слушаш некој вид музика нема потреба да се облекуваш така за сите да знаат дека ти на пр слушаш метал, но за да се облекуваш така, мора да слушаш.
Па мислам дека има вистина во ова ...Рокерите си се облакат рокерски...Раперите раперски...и така тоа...Исто така мислам така од причини што не може турбофолкерка да се облекува раперски или рокерски ...Или рокер/ка,рапер/ка да има turbofolc style Моето размислување е тоа па сега...
Па како помала искрено се облекував рокерски.Бидејќи слушам : рок,метал..во тој стил се држам.Носев искинати фармерки,маички строго црни. Се облекував само во црно и така. И сега не дека сум нешто поарна пак си се облекувам така,ама незнам некако ко да созревам па годините си го прават своето.А во мојот плакар,се само црни алишта.
Зашто бе да не може средено девојче со фустанче и штикла да слуша дет метал на пример? Другарка ми е жив пример за таква шмизлетина, која откачува и по дома и на журки на рок и метал бендови. Познавам момци, турбо-фолкераши што фураат Еминем стил. Не разбирам.. што би требало инаку да облечат м? Јасно и едноставно - не, не мешам едно со друго. Само бидете свои, и во едното и во другото. Етикетите од околината се небитни.
Ко почнува некој да ми збори за жанрови на музика се осеќам ко да зборам со Ристо од к15. ДА. Па ко ќе ги видам низ град напуцкани со црвени прамени, јао јао, арт. Луѓе ве молам, носете она што ви е удобно да го носите, немојте да се ковате со нитни и ланци. Не можам да дефинирам металец по стил на облекување се додека не седне да ми каже што слуша. А и тоа ништо не ми значи. Овие работи се многу површни а им оддаваме премногу внимание.
не многу, но сепак влијае. како што кажаа погоре, не е можно некој турбо фолкер да се облекува металец, или обратно. слушам хард рок и метал, се облекувам фармерчиња, искинати, блузиче со бенд или костурче, старки, мартинки, а и обична бела патика, зашто да не? поздрав
исто и јас слушам и се облекувам, но повеќе мавам на готик но не значи ништо зависи и од расположение
Може имаат некоја врска кога човек е во тинејџерски години и сака да се идентификува со нешто и да припадне некаде или ако е посветен на музиката. Според мене облекувањето е одлика на личноста на човекот, исто како и неговиот вкус за музика. Не за џабе викаме сукњава е баш како за тебе или песнава ми личи како за тебе...
Jас слушам рок и метал. Се облекувам во фармерки, не секогаш искинати, кожно палто, старки, мајци со бендови, на рака алка со нитни и со црн лак на ноктите. Често добивам коментари од типот ти си девојче и како девојче треба да се облекуваш, а не како рокерка. Да бе рокерите или металците не се луѓе. Во врска со темава имам вечна дилема, па ако може некој да ми разјасни: Зошто голем процент од турбофолкерите носат мајца со знакот на ролинг стоунс? :roll:
Па треба да си вистински внесен во песните и да ги обожуваш за да се облекуваш според нив. Како на пример јас си се облекувам во она што ми се допаѓа и ми стои убаво, секако и е модерно. Врз основа на тоа дека слушам поп музика незнам дали за тој вид музика има некој посебен стил.
Нема врска едното со другото, мене ми е поубаво да си барам нови бендови, да уживам во музиката, па наместо да губам време барајќи црна маичка од металика само затоа што морало нели, за да не се испадне позер, а дали 2 песни знаат не е битно. Имавме една другарка, и излагаме еднаш она доаѓа цела во црно, боцки, лакови и костури, го остава мобилниот додека е во вц, разгледувам песни и гледам се турбо фолк некој српски...И првиот пат се извади демек не биле нејзини.. Следниот викенд додека бев на свирка, ја гледаме тагната на слика на некој си исто фолк бенд.. Мислам не ми смета што слуша, ама глупаво изгледа многу... Освен тоа јас за по дома никогаш не носам фармерки, маички ајде, ама да се стегам не.
Слушам рап но и други видови на музика (поп, рок, метал...), ама најсамоуверено се осеќам коа ќе облечам нешто гангстерско. Спојлер Некоја широка дуксерка, опасни патики...револвер...
Слушам се , али највеќе уживам и секојдневно слушам само поп музика најновите странски хитови , а тоа уопште не ми влијае на мојот стил на облекување , се облекувам како сакам јас
Мислам дека стилот на музика не би требало да влијае на стилот на облекување!Според мене,тоа што му се допаѓа на увото немора да му се допаѓа и на вкусот за облекување.Немора да имаат допирни точки стилот на музика и стилот на облекувањето.Но си има и некои кои си слушаат пр. металик и така и се облачаат,но претпоставувам дека тоа е од причина што им се допаѓа тој стил на облекување
Јас слушам рок,метал.. па дури и поп. Ама не се облекувам баш така, ретко ептен. Повеќе спортски се облекувам Носам мартинки, старки,кожна јакна,искинати фармерки ама не многу често. Некогаш за излегување. Еднаш се појавив во школо со мартинките, фармерки ( не искинати) и обична црна маичка и одма ме направија.. демек уфилмана сум била многу. Си се облакам како што сакам, важно мене да ми е удобно.