Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стилот на музика и начинот на облекување

Дискусија во 'Музика' започната од Wild.Child, 17 јули 2010.

  1. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Слушам рок, метал, хеви метал, панк, рокенрол итн.. ама се облекувам нај нормално. Немам сеуште некоја маичка со бенд што го сакам, ама во план сум да си купам и секако ќе си ја носам.
    Не е тоа некој тренд па сите маици од бендови, туку само поради тоа што го слушам тој бенд и ми има оставено впечаток.

    Често знам да забегам и да се облечам цела во црно, али нели има некој да ме предупреди.. па така. :emo:

    Мада, многу ми се свиѓа како се облекуваат еве овие рокериве и во план сум да си надополнам плакарот со некои такви прачиња. :D
     
    На Nena Jovanova, ELIDavor, Anabelle.Amorette и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Dark-Lady

    Dark-Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2013
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    912
    Бре, бре ја разгледував темава и сите испаднаа дека слушаат рок, метал, панк... ауф!
    Мене стилот на музика ми влијае во облекувањето и така се облакам. Не за да испаднам `кул` и за да докажам демек каква музика слушам туку ми се допаѓа тој стил на облакање и тие парчиња облека.
     
    На КикиМаус, Ekstaza, RockNroLLGirL и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Ekstaza

    Ekstaza Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    И мојот стил зависи од музиката што ја слушам, а тоа е рок и метал. Имам црни алишта доста, во темни бои, исто така, но имам овде-онде и во светла боја по нешто, како и во бело. Само не можам да се замислам да облечам нешто розово, некоја идиотска (за мене) нијанса и портокалово - е таа боја ја ПРЕЗИРАМ и тоа многу долго време. Шминката ми е повеќе црно - ако сум онака лежерно облечена, имам само под окото црно моливче, а ако сум подотерана, што би се рекло, имам и туш и се` друго што оди со тоа, освен сенки - ете, не научив да ставам и не ме интересира :D Носам ланци и прстени и никогаш немам доволно :D Иначе, имам 24 години и не сметам дека сум незрела со мојот стил. Ако некој има некое мислење за мене пред да ме запознае, освен тоа која музика ја слушам, сигурно ќе му го променам ако се потруди да ме запознае или макар еднаш да поразговара со мене. :)
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Па, стилот на музика може, но и не мора да влијае врз начинот на облекување. Јас го застапувам мислењето дека музиката е стил на живот, а не само еден мал дел од него и дека наметнува и одреден изглед, одредени ставови (понекогаш), начин на облекување и однесување. Мислам дека одредени правци во музиката прилично ги „наметнуваат“ сите овие работи (на пример, од далеку можеш да препознаеш рокер, панкер, металец, некој што слуша хип хоп, рап, транс и слично). И тоа не го сметам за нешто лошо се' додека е во некои одредени граници :!: (во смисла, да не се забегува со користење на опојни средства што може да биде дел од животниот стил на одредена група луѓе што слушаат одредена музика или собирање во банди кои ќе прават разни нереди и слични други работи кои преминуваат во девијантни појави). Дури и јас сум поминала низ некој таков период во животот. Но и не мора да значи дека од музиката зависи и стилот на облекување. Еве, на пример, јас слушам претежно музика од '80-ите (генерално), па не се шетам наоколу со таква фризура и облека што наликува на онаа од тоа време :rofl:. Значи, имам поделени ставови по ова прашање. :?:
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Slusam metal i rock. Obozavam Gothic metal no ne znaci deka se oblekuvam kako toj stil.Pretezno oblekata mi e vo temni boi i udobna imam dosta maicki na grupi koi i sega si gi nosam
     
  6. ELIDavor

    ELIDavor Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    1.788
    Пол:
    Машки
    и јас ги длушам ситр овие стилови дури фо пред две години имав и пентаграм направено на косата мислам избричено. е сега кога сме кај блузите и облеката јас попрво цела плата ке ја потрошам на црна облека ремна лилјакова на на ланци прстени со костури и некои такви работи наспроти кошулчиња едноставно така сакам да се облекувам и сеуште си купувам по некоја црна блуза со костури ако најдам со змејови едноставно мои се парите и јас сакам да си купам тоа што сакам и не ми е грижа кој што мисли и дали му се допагам а кога сме кај девојките ми се допајга кога се облекуваат во црни долги готик фустани црни црвени лиљакови па и виткана коса црвена густа или црна густа топ комбинација тоа е моето мислење
     
  7. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    2.436
    Пол:
    Женски
    Јас еден период бев опседната со една песна Топ модел и во неа се пееше ,,долги нокти на нив циркони"
    и тоа ми е останато од песната скоро секогаш ги правам такви ноктите.
    Иначе ако ми се свиѓа нешто што нема врска со тоа што го слушам би го носела не гледам ништо лошо во тоа.Иако се сеќавам дека еднаш ме искараа за една блуза на која што пишуваше punk да не ја купувам бидејќи тоа не сум го слушала јас. :^) Не знам ни зашто ги послушав тогаш ама ајде.
    Имам некое чуство дека како ќе те навикнат така си им океј и кога ќе сакаш нешто да смениш стануваш чуден.
     
  8. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.306
    Пол:
    Женски
    Slusam i heavy maetali rock,white jazz,blues najmnogu i od sekozqs sum sakala kozna pantoloma i kozna jakna i cizma sto i do den denes gi nosam i se osekam top,sxy i mokno vo takov outfit,ma da ne sum sekojdnevno vo toj stil,sega furam office stylle ali bez stikla za da mozam da furam sekade niz hotelot na rab
     
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.155
    Допаѓања:
    124.995
    Пол:
    Женски
    Музиката не ми влијае на начинот на облекување.