Раковите имаат тенденција да се облекуваат според нивното моментално расположение. Нив може некогаш да им се допаѓа некое парче облека, но кога ќе им се промени расположението кое во тој момент го имале, може да се смени и нивниот избор на облека и вкус. Кога се во меланхолично расположение, носат црно-бели комбинации, а кога се порасположени сакаат да носат светли бои.Најголемата цел која сакаат да ја постигнат женските припаднички во облекувањето, е во магичното мешање на различни материјали, како на пример свила и памук и идеално акцентирање на стилот со разни везени цртежи или апликации. Овој знак троши големи суми пари на долна облека изработена од висококвалитен материјал. Убаво им стои зелена боја. Најчувствителен дел од нивното тело се градите, така што џемпери и маици со V-отвор и подолги синџирчиња ќе изгледаат одлично на нив. Па, освен везовите што ич не ги сакам, се друго е точно
Точно Поготово делот со евтини парчиња облека. Оние кои ме познаваат или колешкиве на работа постојано ми велат - добро како ти увек наоѓаш нешто во попуст или волку евтино а убаво, а ние ништо? Мајка ми - такоѓе водолија, таа е бетер, секогаш уште подобро од мене знае да извлече некое екстра штосно и уникатно парче облека и кога ќе ми ја покаже цената се смеам само. Јаболкницата и јаболкото, позната ви е приказната Ретро можеби не, но некогаш се фаќам себеси како ќе си зацртам нешто во глава и сакам да си го дизајнирам самата и - за година - две, ете ти го почнува да се носи. Си велам - пих да знаеше дУлче дека ЈАС ова го измислив многу одамна А по некое уникатно и оригинално парче облека мора секогаш да се најде. И имам такви неколку на кои посебно им се радувам. Боите малце ги утнале ама ај ќе им простам. Земјени, есенски бои - that's me. Црвено, виолетово, розево не дај Боже не ме инспирираат нешто посебно, освен за на плажа или како додаток.
Примарни продавници за водолиите се оние каде облеката е евтина. Тие можат да пронајдат уникатни парчиња облека, по цена која нема многу да го наруши нивниот буџет. Водолијата умее да ја следи модата, на свој уникатен начин. Кога е во тренд ретро стилот на облекување, водолијата наместо да се облекува согласно актуелната мода, таа буквално ќе пронајде ретро парчиња. Ткаенини во разни бои и облека која ќе ги шокира луѓето е задолжителна во плакарот на водолијата. Разновидноста го опишува нејзиниот стил на облекување. Како и да е, водолијата би сакала да поседува барем едно одело кроено по нејзина мерка, кое е многу скапо, сјајно, префинето и совршено. Најдобро изгледаат во тиркизна боја, а убаво изгледаат и во виолетово, сино, сиво, црно и вино-црвена боја. Soooo trueeeee !!!
Биковите бараат удобност пред сè друго. Тие немаат тенденција нешто многу да ги следат модните трендови, но затоа сакаат да се облекуваат во скапа брендирана или дизајнирана облека. Биковите сакаат материјали кои се меки на допир, како што се свилата и мекиот памучен материјал. Дури и кога немаат некоја особена причина да изгледаат дотерано, биковите сакаат да бидат перфектно средени. Машките претставници изгледаат добро во некое модерно секси одело, во кафена или пастелна боја. Женските бикови треба да избегнуваат да носат тесни и кратки здолништа. Најубаво им прилегаат здолништа кои се аеродинамични, елегантни и изработени од некој сјаен материјал. Исто така, треба да избегнуваат да носат премногу широка облека со цел да делуваат послабо. Најчувствителен дел од телото на бикот е вратот, што значи дека нежни синџирчиња, марами, шалови, кравати убаво им прилегаат. Точно , исто така биковите не сакаат да ја носат црвената боја, барем според мене и неколку бикови што знам.
Вагите имаат специфичен вкус за облекување, па типично за нив е никогаш да не се доволно задоволни од својот изглед. Трошат доста време во процесот на одлучување што да облечат или што да купат, сè додека не го одберат совршеното парче материјал. Вагата има тенденција да се носи класично, притоа додавајќи тренди елементи. Следењето на модата е нешто што и доаѓа природно на вагата, но таа тоа го прави на свој уникатен начин. Издвојува доста време за совршено да го искомпонира својот изглед од глава до петици. Убаво и прилегаат сини и темно розови нијанси, во комбинација со црна или сива боја. Изгледа добро речиси во сè, а комбинациите од елегантни и секси материјали се нејзина специјалност. многу,многу НАЈТОЧНО!
Модниот стил на скорпијата е некако измешан. Таа има тенденција да се облекува според пригодата и нема некој одреден стил. Кога оди во ноќен клуб, скорпијата може да облече некоја секси облека за да го привлече вниманието на спротивниот пол, а за на работа најверојатно би облекла одело кое ќе прави да изгледа моќно, за да изгледа доволно сериозно за работната позиција која сака да ја има. Таа го облекува она што ги задоволува нејзините потреби или она кое смета дека ќе и помогне да ја достигне целта. Кога станува збор за накитот, скорпијата или носи премногу или воопшто не носи. Стилот на облекување на овој хороскопски знак наликува на животот на актерите; таа ќе го носи оној костим кој најдобро ќе одговара на улогата која таа треба да ја одигра во текот на денот. Овие личности сакаат да ја покажат нивната страст и интензивност преку облеката што ја носат, па преферираат луксузни материјали во силни бои како црвена, црна и виолетова. Се е погодено, до збор. А особено тоа за боите и за накитот.
Аууу па ова целото е вистина... Стварно ми погодиле На женските најдобро им стојат капри пантолони или пошироки пантолони до под колена кои се врзуваат на нозете, во комбинација со тесна маичка ... ех само ова малку воопшто не сакам да носам пошироки панталони
Поради нивната љубопитна природа, близнаците ги следат новите трендови , бидејќи брзо им досадува од старите. На нив не им е битна етикетата, ниту модниот аспект, сè додека она што го носат им стои добро и изгледа убаво. Она што ним им е најбитно во облеката, е таа да биде мека и пријатна на допир и секогаш го купуваат она што ќе им се допадне уште на првото пробување во бутикот. Мажите сакаат целосно да ги променат традиционалните обичаи во облекувањето, па затоа секојдневно преферираат да носат памучни пантолони и маици, во кои ќе се чувствуваат „лесно“. На жените најдобро им прилегаат тесни блескави фустани со ликра. За поформални настани, можат да облечат долги, цветни, лелеави фустани. Со близнаците управуваат рацете и рамената, па сè што ќе ги истакне овие делови од телото, како алки, болеро, греачи за раце, би изгледало одлично на нив. Се ми е поготено, а најмногу болдираното.
Целото е точно,целото! Најважно ми е да носам пристојна,чиста,испеглана облека.Не сакам ни еден детаљ да штрчи.Носам малку накит,прилагоден со облеката.Мразам смешни трендови ала "Lady GaGa" кои наликуваат на циркуски костуми.Трошам пари на облекување,ама се што ќе купам си го носам,т.е купувам тоа што ми е потребно да комбинирам и што ми се допаѓа.
И по други теми сум кажала дека стилот ми е измешан. Секој ден, ново расположение, нова улога, и поинаква облека, фризура, шминка, сосем друг човек. Се е погодено.
Скоро се' е точно, со исклуок на мешањето на различни материјали (барем до сега не сум покажала таква особина, напротив - не ми се допаѓа кога има невкусно мешани материјали во една комбинација, уште повеќе ако истите воопшто не си одговарат). Исто така не носам често облека со зелена боја, но верувам дека потемна нијанса ми одговара. Меѓудругото, многу повеќе ми се допаѓаат темните нијанси од типот на црно, сиво, кафеаво, виолетово и сл., отколку светлите (но, во лето настојувам тие да бидат многу позастапени во мојата гардероба). Немам некој дефинитивен и единствен стил на облекување, туку се облекувам според расположението и пригодата. Во секој случај, никогаш не сакам тоа да биде пренатрупено и пренападно, туку елегантно и симпатично.
Девиците посветуваат огромно внимание на нивниот стил на облекување. Тие се најчесто минималисти и гледаат со подбив на оние тренди облеки кои не дозволуваат слобода на движење. Без разлика дали станува збор за прешироки пантолони за кои е неизбежно да се носи ремен за да останат на нозе, претесни пантолони во кои не може да се мрдне или корсети кои го оневозможуваат дишењето, девицата дефинитивно ќе ги избегне ваквите трендови. Овој знак расфрла многу пари на облекување и дефинитивно ќе ги прескокне попустите во бутиците. Преферираат да се облекуваат едноставно, класично и пристојно, нивната облека е секогаш совршено испеглана и личи како штотуку соблечена од куклата во продавница. Стилот и облекувањето, според девиците се безвремени и траат за цел живот. Најкарактеристичен дел од нивното тело е стомакот, па вообичаено скромните девици, со задоволство би носеле пократка, тесна маица за да ги истакнат нивните стомачни мускули. Убаво изгледаат во боите на природата, а во нивната минималистичка мода дозволено е носење на сосема малку накит на себе. Од прв до последен збор е точно.
Точно, обожаваат секси облека и истата знаат самоуверено да ја носат Како припадничка на овој знак не би рекла дека менувам стилови нити пак правам некои специфични модни експерименти . Се зависи од пригодата, ама преферирам кратки здолништа и да,сакам црни тесни панталони Вистина, шалови и разни украсни за коса, капи (особено во зимно време) ни стојат убаво Црвеноооо
[quote="RedRose97" Рибите имаат едноставен стил на облекување, кој е одраз на нивната сензитивна и сочувствена душа. Тие не се ограничуваат во однос на последните модни трендови. За нив облеката е форма на социјална структура и доколку би можеле, тие би шетале голи. Флексибилни се во она што одбираат да го облечат и најчесто кога купуваат, тоа е од неопходни причини. Но, тоа не значи дека купуваат само колку за да имаат нешто во плакар, туку одбираат парче облека кое навистина им се допаѓа и кое не планираат да го симнат од себе сè додека не се скине. И покрај тоа што рибите преферираат да чекорат боси, тие најчесто имаат неколку пара обувки за да внесат разновидност во својот стил. На рибите облекувањето не им е главна преокупација во животот, па можеби токму поради тоа секогаш изгледаат добро, каде и да одат. Убаво изгледаат во сино, зелено, тиркизно и кајсија боја, а нивниот најдобар стил на облекување може да биде комбинација од старовремско и модерно.[/quote] леле да! најубаво ми е кога сум едноставно облечена и тие се тие бои )))
Вагите имаат специфичен вкус за облекување, па типично за нив е никогаш да не се доволно задоволни од својот изглед. Трошат доста време во процесот на одлучување што да облечат или што да купат, сè додека не го одберат совршеното парче материјал. Вагата има тенденција да се носи класично, притоа додавајќи тренди елементи. Следењето на модата е нешто што и доаѓа природно на вагата, но таа тоа го прави на свој уникатен начин. Издвојува доста време за совршено да го искомпонира својот изглед од глава до петици. Убаво и прилегаат сини и темно розови нијанси, во комбинација со црна или сива боја. Изгледа добро речиси во сè, а комбинациите од елегантни и секси материјали се нејзина специјалност. Баш така ,шетам од еден до друг дуќак додека не го најдам она совршеното,па шопингот може да потрае и цел ден