1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стилот на облекување според хороскопскиот знак

Дискусија во 'Мода и стил' започната од RedRose97, 23 јуни 2011.

  1. pufi-cufi

    pufi-cufi Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    1.764
    Хмм, оваа женска комбинација некако не ми се вклопува во целиот текст, а другото е по прилично така, се согласувам..
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Точно е дека секогаш се облекувам според пригодата, секогаш внимавам да не е тоа нападно, за секси облека не баш :D нормално се дотерувам а како ме гледат некој незнам :D за работа исто и тоа е точно, облекувам тоа што мене ми одговара и ми се допаѓа, е сега за луксузот не е точно, јок :shake: исто и за црвената боја, не е точно, црна, виолетова, да.
     
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Ајдеее, мојот знак го дефинирале како некој си перверзно-романтичен nerd. :swear:
     
  4. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    :clap: Погодено!
     
  5. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Колку само не е погодено за бик. Јас не разбирам како може некој да верува во хороскоп. Што има врска во кој период од годината сум се родила, јас сум јас, ќе сум била иста и да сум се родела во Септември, Март, Август... Моите гени така се вкрстиле и ќе биле исти независно од месецот :!:

    Колку само не верувам во вакви работи, а и нема врска затоа што мене стилот ми е зависен од расположението, сакам кратки и тесни здолништа, не сакам скапа облека, не сакам да сум стално перфектно средена и широка облека си носам.

    И братучеда ми е бик, па сме како масло и вода, поспротивни карактери не можеше да се погодиме, се таа што сака јас мразам и обратно. И ај сега? Не, не во оваа глупост нема никогаш да поверувам.
     
  6. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    вистина е :)
     
  7. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    За рибите она дека би шетале голи неееее само тоа не е погодено :rofl:
     
  8. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Ништо не е погрешено за мене, се е вистина ;)
     
  9. jessica24

    jessica24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    34
    Погодено голем дел, единствено за црвенава боја не е погодено, знам и од претходно дека ми одговара како боја по знак, ама незнам зошто неам ниту едно парче црвено во плакар :?:
     
  10. MoreNa-22

    MoreNa-22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    76
    Јас сум овен и се е точно освен црвената боја ни најмалку не ја сакам дури немам ништо во црвена боја
     
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.803
    Допаѓања:
    38.202
    Пол:
    Женски
    Обично не сум по експериментирањето си се држам до еден стил.А и не пратам мода најпрво поради финансиски причини(си купувам 2-3 парчиња во годината, освен ако немам неочекуван прилив)па си ги носам постарите кои ми се добро сочувани, второ поради фактот дека кога нешто ми се допаѓа како ми стои не го фрлам додека не се распадне на мене.За самодовербата, да секогаш одбирам облека која ми ја подига самодовербата,но тоа не е нешто нападно или вулгарно, сакам попристојно секси :lol: Здолништа уште сум млада за нив ама кога се замислувам како деловна жена баш во такви се гледам, а панталони не носам но најчесто сум во фармерки.Носам и шалови,обетки и капи во зима и ги обожавам тие што ги имам.А боја не носам црвена,само може некогаш кармин црвен да ставам.
     
  12. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.056
    Допаѓања:
    20.757
    Пол:
    Женски
    Истото мислење го делиме ;) па нели сме ист знак :lol: :*
     
  13. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Скоро се е погодено, со мали исклучоци :)
     
  14. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297


    такоџе и кај мене скоро се ми е погодено
     
  15. i.am.me

    i.am.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    127
    И јас сум лав, па мене баш и не ми е погодено. :?:
     
  16. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Биковите бараат удобност пред сè друго. Тие немаат тенденција нешто многу да ги следат модните трендови, но затоа сакаат да се облекуваат во скапа брендирана или дизајнирана облека. Биковите сакаат материјали кои се меки на допир, како што се свилата и мекиот памучен материјал. Дури и кога немаат некоја особена причина да изгледаат дотерано, биковите сакаат да бидат перфектно средени. Машките претставници изгледаат добро во некое модерно секси одело, во кафена или пастелна боја. Женските бикови треба да избегнуваат да носат тесни и кратки здолништа. Најубаво им прилегаат здолништа кои се аеродинамични, елегантни и изработени од некој сјаен материјал. Исто така, треба да избегнуваат да носат премногу широка облека со цел да делуваат послабо. Најчувствителен дел од телото на бикот е вратот, што значи дека нежни синџирчиња, марами, шалови, кравати убаво им прилегаат.

    Па не барам баш удобност, и сакам да ги следам модните трендови... И исто така ги обожавам кратките и тесни здолништа....
     
  17. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Јарците имаат „кежуал“ стил на облекување, сè до оној момент кога сакаат да бидат во центарот на вниманието. Тогаш машките јарци облекуваат одела, а женските, некои убави потпетици. Тренерките најчесто не се дел од нивната гардероба, а нивното оправдување е дека не можат да си дозволат сè да си купат. Секогаш кога има попуст низ трговските центри, јарците одат по рафтовите и бараат нешто што е практично. И покрај тоа што не ги следат трендовите, јарците одбираат да носат нешто што изгледа добро на нив и може да им помогне да напреднат во кариерата. Јарците се во потрага по евтина, класична, безвремена облека. Наспроти нивната штедлива природа, женските јарци имаат тенденција да трошат доста пари на накит. Зелени и кафени тонови им прилегаат најдобро.
    Па, до некаде е вистинито. Тренерки немам поради таа причина :D А за зелени и кафени тонови, не сум сигурна. Мене бре сВе ми стои! :D :D
     
  18. Miss.Waldorf

    Miss.Waldorf Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    16
    Шкорпијаааааааа токму така =)
     
  19. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Биковите бараат удобност пред сè друго. Тие немаат тенденција нешто многу да ги следат модните трендови, но затоа сакаат да се облекуваат во скапа брендирана или дизајнирана облека. Биковите сакаат материјали кои се меки на допир, како што се свилата и мекиот памучен материјал. Дури и кога немаат некоја особена причина да изгледаат дотерано, биковите сакаат да бидат перфектно средени. Машките претставници изгледаат добро во некое модерно секси одело, во кафена или пастелна боја. Женските бикови треба да избегнуваат да носат тесни и кратки здолништа. Најубаво им прилегаат здолништа кои се аеродинамични, елегантни и изработени од некој сјаен материјал. Исто така, треба да избегнуваат да носат премногу широка облека со цел да делуваат послабо. Најчувствителен дел од телото на бикот е вратот, што значи дека нежни синџирчиња, марами, шалови, кравати убаво им прилегаат.


    значи се е точно се :D
     
  20. christina

    christina Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Вагите имаат специфичен вкус за облекување, па типично за нив е никогаш да не се доволно задоволни од својот изглед. Трошат доста време во процесот на одлучување што да облечат или што да купат, сè додека не го одберат совршеното парче материјал. Вагата има тенденција да се носи класично, притоа додавајќи тренди елементи. Следењето на модата е нешто што и доаѓа природно на вагата, но таа тоа го прави на свој уникатен начин. Издвојува доста време за совршено да го искомпонира својот изглед од глава до петици. Убаво и прилегаат сини и темно розови нијанси, во комбинација со црна или сива боја. Изгледа добро речиси во сè, а комбинациите од елегантни и секси материјали се нејзина специјалност.
    Се е точно,сакам да трошам на облека,козметика... ;) Baby blue и црна боја ДА. :D