Стилот на облекување според хороскопскиот знак

Discussion in 'Мода и стил' started by RedRose97, Jun 23, 2011.

  1. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Joined:
    May 30, 2011
    Messages:
    3,279
    Likes Received:
    2,306
    Gender:
    Female

    1.Не се облекувам според моето `променливо расположение` |(
    2.Никогаш не носам црно бели комбинации освен за фустан.
    3.Да,навистина сакам светли бои.
    4.Сакам да мешам принтови и материјали-точно.
    5.Везеното не ми пречи-ама не го сакам до толку.
    6.Трошам многу пари на долна облека-точно.
    7.Најчувствителен дел не ми се градите.Туку нозете.
     
  2. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Joined:
    Aug 22, 2011
    Messages:
    943
    Likes Received:
    637
    Модниот стил на скорпијата е некако измешан. Таа има тенденција да се облекува според пригодата и нема некој одреден стил. Кога оди во ноќен клуб, скорпијата може да облече некоја секси облека за да го привлече вниманието на спротивниот пол, а за на работа најверојатно би облекла одело кое ќе прави да изгледа моќно, за да изгледа доволно сериозно за работната позиција која сака да ја има. Таа го облекува она што ги задоволува нејзините потреби или она кое смета дека ќе и помогне да ја достигне целта. Кога станува збор за накитот, скорпијата или носи премногу или воопшто не носи. Стилот на облекување на овој хороскопски знак наликува на животот на актерите; таа ќе го носи оној костим кој најдобро ќе одговара на улогата која таа треба да ја одигра во текот на денот. Овие личности сакаат да ја покажат нивната страст и интензивност преку облеката што ја носат, па преферираат луксузни материјали во силни бои како црвена, црна и виолетова. :)
     
  3. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Joined:
    Jun 24, 2011
    Messages:
    1,308
    Likes Received:
    881
    Gender:
    Female
    За мене точно е.
     
  4. Li..Na

    Li..Na Истакнат член

    Joined:
    Jul 20, 2012
    Messages:
    339
    Likes Received:
    45
    Gender:
    Female
    За жал ништо не ми напишано точно :x
     
  5. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Joined:
    Jul 7, 2011
    Messages:
    916
    Likes Received:
    2,182
    Аa... за водолијата се е погодено! :)
     
    rici.aaaaa likes this.
  6. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Joined:
    Apr 25, 2012
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    3,403
    ЗА водолијата е точно но бар мене Љиљаковата прекрасно ми стои ,а тиркизната-убаво ми стои
    Водолијата не сака да следи мода туку сака таа да си создава мода,а сакале или не другите ја следат,ова си го кажувам бидејки јас сум водолија.........................................................................................................
    најпрво добивам прекори како можеш ова да го облечеш ............,а мене ми е супер ...........така по некој ден ..............ете ти ѓи и тие си купиле...........секогаш сакаме да сме поинакви......................... баш во се................ бар за мене зборам ако мене ми е ок тогаш не се замарам зошо, како,се трудам само да ми е добро нема нишо лошо во тоа нели?ха,ха,ха
     
  7. Lady17

    Lady17 Популарен член

    Joined:
    Mar 26, 2012
    Messages:
    312
    Likes Received:
    351
    Gender:
    Female
    За рибите се е погодено. :wasntme:
     
  8. bejbi19

    bejbi19 Истакнат член

    Joined:
    Jul 28, 2012
    Messages:
    169
    Likes Received:
    24
    Овните се трендсетери во модата и облекувањето. Тие имаат добар вкус и секогаш сакаат да се истакнуваат помеѓу останатите луѓе со избор на секси облека која им дава самодоверба и моќ. Родени со природно чувство за авантура, овните сакаат да експериментираат во светот на модата, со испробување различни стилови на себе. На машките овни најдобро би им прилегала комбинација од тесни пантолони со бела кошула со манжетни, која истовремено ќе им влева и поголема самодоверба. Женските припаднички на овој знак, најверојатно најмодерно би изгледале во здолниште до колена или тесни црни панотолони, во комбинација со блуза која убаво ќе прилега, во согласност со пригодата. Најчувствителен дел од телото на овните е главата, така што добро им стојат и капи, шалови и разни други модни додатоци. УбавО изгледаат во нијанси на црвено.


    Погодено :) само што не носам црвено.
     
  9. the.vampire.girl

    the.vampire.girl Популарен член

    Joined:
    Jul 7, 2012
    Messages:
    879
    Likes Received:
    1,490
    Gender:
    Female
    ништо од ова не е точно :^)
     
  10. kate-pp

    kate-pp Истакнат член

    Joined:
    Jul 31, 2012
    Messages:
    433
    Likes Received:
    135
    Gender:
    Female
    Примарни продавници за водолиите се оние каде облеката е евтина. Тие можат да пронајдат уникатни парчиња облека, по цена која нема многу да го наруши нивниот буџет. Водолијата умее да ја следи модата, на свој уникатен начин. Кога е во тренд ретро стилот на облекување, водолијата наместо да се облекува согласно актуелната мода, таа буквално ќе пронајде ретро парчиња. Ткаенини во разни бои и облека која ќе ги шокира луѓето е задолжителна во плакарот на водолијата. Разновидноста го опишува нејзиниот стил на облекување. Како и да е, водолијата би сакала да поседува барем едно одело кроено по нејзина мерка, кое е многу скапо, сјајно, префинето и совршено. Најдобро изгледаат во тиркизна боја, а убаво изгледаат и во виолетово, сино, сиво, црно и вино-црвена боја.

    За тоа дека сакам евтина облека и не се согласувам баш. А останатото е точно- ја следам модата, разновидна гардероба, и убаво си изгледам во виолетово и тиркизно :D
     
  11. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Joined:
    Sep 8, 2010
    Messages:
    617
    Likes Received:
    653
    Gender:
    Female
    Лелее .... 8)

    Родените во знакот лав живеат со стил и сакаат да носат елегантна, добро скроена облека која привлекува внимание. Лавот сака да се облекува најдобро од сите. Дури и кога нешто изгледа недостижно или финансиски недозволиво, тој ќе најде начин да стигне до него. Името на брендот и цената на облеката е она што го диктира модниот стил на лавот. Секогаш го носи она што е тренди и мора да изгледа беспрекорно во секое време. Кога е во прашање модата, удобноста не игра никаква улога во неговиот избор на облека. Машките лавови одлично изгледаат во свилена кошула и вратоврска и елегантно одело. На женските најдобро им стојат капри пантолони или пошироки пантолони до под колена кои се врзуваат на нозете, во комбинација со тесна маичка. Убаво им прилегаат динамични и „живи“ бои, како на пример златно-жолта, кои ќе ги одвојуваат од останатата толпа луѓе. Најкарактеристичен дел од нивното тело е грбот, така што на женските припаднички на овој знак им прилегаат тоалети со отворен грб и скапоцени синџирчиња околу вратот.
     
  12. Pirana

    Pirana Популарен член

    Joined:
    Mar 25, 2012
    Messages:
    612
    Likes Received:
    1,507
    Па не е баш точно, освен делот за најкарактеристичниот дел од телото. :D
     
  13. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Joined:
    Jul 21, 2012
    Messages:
    252
    Likes Received:
    115
    Овните се трендсетери во модата и облекувањето. Тие имаат добар вкус и секогаш сакаат да се истакнуваат помеѓу останатите луѓе со избор на секси облека која им дава самодоверба и моќ. Родени со природно чувство за авантура, овните сакаат да експериментираат во светот на модата, со испробување различни стилови на себе. На машките овни најдобро би им прилегала комбинација од тесни пантолони со бела кошула со манжетни, која истовремено ќе им влева и поголема самодоверба. Женските припаднички на овој знак, најверојатно најмодерно би изгледале во здолниште до колена или тесни црни панотолони, во комбинација со блуза која убаво ќе прилега, во согласност со пригодата. Најчувствителен дел од телото на овните е главата, така што добро им стојат и капи, шалови и разни други модни додатоци. УбавО изгледаат во нијанси на црвено.



    ввававава дададад точно е само не за долната облека хахахах :D :D :D
     
  14. dream.queen

    dream.queen Истакнат член

    Joined:
    Aug 12, 2012
    Messages:
    313
    Likes Received:
    191
    Gender:
    Female
    ајдееее ова ко јас да сум го пишувала ..
    се е погодено :)
     
  15. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Joined:
    Apr 30, 2012
    Messages:
    1,427
    Likes Received:
    1,935
    Риба :D се е точно :D
     
  16. Strawberry.Girl

    Strawberry.Girl Активен член

    Joined:
    Jul 30, 2012
    Messages:
    25
    Likes Received:
    6
    Поради нивната љубопитна природа, близнаците ги следат новите трендови , бидејќи брзо им досадува од старите. На нив не им е битна етикетата, ниту модниот аспект, сè додека она што го носат им стои добро и изгледа убаво. Она што ним им е најбитно во облеката, е таа да биде мека и пријатна на допир и секогаш го купуваат она што ќе им се допадне уште на првото пробување во бутикот. Мажите сакаат целосно да ги променат традиционалните обичаи во облекувањето, па затоа секојдневно преферираат да носат памучни пантолони и маици, во кои ќе се чувствуваат „лесно“. На жените најдобро им прилегаат тесни блескави фустани со ликра. За поформални настани, можат да облечат долги, цветни, лелеави фустани. Со близнаците управуваат рацете и рамената, па сè што ќе ги истакне овие делови од телото, како алки, болеро, греачи за раце, би изгледало одлично на нив.

    Се е точно...
     
  17. ocila

    ocila Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2012
    Messages:
    5,513
    Likes Received:
    1,900
    Не баш погодено.. :?: :?: :?:
     
  18. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Joined:
    Jun 8, 2012
    Messages:
    989
    Likes Received:
    677
    Богами се погодено ...Најважно ни е облеката да ни е удобна и да врши работа согласно пригодата , како и тоа за во дискотека . 8)
     
  19. ilenaki

    ilenaki Популарен член

    Joined:
    May 20, 2012
    Messages:
    145
    Likes Received:
    1,302
    Gender:
    Female
    Биковите бараат удобност пред сè друго. Тие немаат тенденција нешто многу да ги следат модните трендови, но затоа сакаат да се облекуваат во скапа брендирана или дизајнирана облека. Биковите сакаат материјали кои се меки на допир, како што се свилата и мекиот памучен материјал. Дури и кога немаат некоја особена причина да изгледаат дотерано, биковите сакаат да бидат перфектно средени. Машките претставници изгледаат добро во некое модерно секси одело, во кафена или пастелна боја. Женските бикови треба да избегнуваат да носат тесни и кратки здолништа. Најубаво им прилегаат здолништа кои се аеродинамични, елегантни и изработени од некој сјаен материјал. Исто така, треба да избегнуваат да носат премногу широка облека со цел да делуваат послабо. Најчувствителен дел од телото на бикот е вратот, што значи дека нежни синџирчиња, марами, шалови, кравати убаво им прилегаат.

    Па и не ми погодиле многу. Сакам квалитетни и дизајнирани работи па и да изгледам скоро секогаш дотерано ама дека не ги гледам модните трендови воопшто не е точно (барем не за мене) а црвена боја воопшто не носам, не знам зошто ама не поднесувам да сум во црвено :)
     
  20. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Joined:
    Jun 17, 2012
    Messages:
    226
    Likes Received:
    1,087
    Gender:
    Female
    Ова за лавовиве е жими мајка,секогаш кога ќе прочитам вакви ѕунѕурајки ај велам да се позанимавам нешто,секогаш како напамет да кажуваат- лавовите сакаат скапоцености,лавовите сакаат златна боја,скапи марки,скапоцени камења...па и со тесниве маички и капри пантолоните. Не,не и не. Утка,барем кај мене. Сакам да бидам средена и модерна,но не по цена на мојот џеб да се занесувам ;)