1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Стилот на облекување според хороскопскиот знак

Дискусија во 'Мода и стил' започната од RedRose97, 23 јуни 2011.

  1. Lucy2003

    Lucy2003 Активен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Примарни продавници за водолиите се оние каде облеката е евтина. Тие можат да пронајдат уникатни парчиња облека, по цена која нема многу да го наруши нивниот буџет. Водолијата умее да ја следи модата, на свој уникатен начин. Кога е во тренд ретро стилот на облекување, водолијата наместо да се облекува согласно актуелната мода, таа буквално ќе пронајде ретро парчиња. Ткаенини во разни бои и облека која ќе ги шокира луѓето е задолжителна во плакарот на водолијата. Разновидноста го опишува нејзиниот стил на облекување. Како и да е, водолијата би сакала да поседува барем едно одело кроено по нејзина мерка, кое е многу скапо, сјајно, префинето и совршено. Најдобро изгледаат во тиркизна боја, а убаво изгледаат и во виолетово, сино, сиво, црно и вино-црвена боја.

    Па да точно е јас несакам да купувам некој отров скапа облека. :)
     
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Точно, но уште сум мала за да носам V-отворени маици и џемпери.
     
  3. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    148
    Делимно е точно за мене, за близнаци :D Најчесто го бирам првото што ќе ми се допадне, и не ми е битна модата, додека ми одговара во стилот и ми седи добро одма го зимам :)
    И да точно е тоа за рацете, поготово без прстени или алки несакам да излегувам :D
     
  4. Avenged

    Avenged Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    1.494
    Пол:
    Женски
    Примарни продавници за водолиите се оние каде облеката е евтина. Тие можат да пронајдат уникатни парчиња облека, по цена која нема многу да го наруши нивниот буџет. Водолијата умее да ја следи модата, на свој уникатен начин. Кога е во тренд ретро стилот на облекување, водолијата наместо да се облекува согласно актуелната мода, таа буквално ќе пронајде ретро парчиња. Ткаенини во разни бои и облека која ќе ги шокира луѓето е задолжителна во плакарот на водолијата. Разновидноста го опишува нејзиниот стил на облекување. Како и да е, водолијата би сакала да поседува барем едно одело кроено по нејзина мерка, кое е многу скапо, сјајно, префинето и совршено. Најдобро изгледаат во тиркизна боја, а убаво изгледаат и во виолетово, сино, сиво, црно и вино-црвена боја.
    Погодено :D
     
  5. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Раковите имаат тенденција да се облекуваат според нивното моментално расположение. Нив може некогаш да им се допаѓа некое парче облека, но кога ќе им се промени расположението кое во тој момент го имале, може да се смени и нивниот избор на облека и вкус. Кога се во меланхолично расположение, носат црно-бели комбинации, а кога се порасположени сакаат да носат светли бои. Машките ракови, најудобно се чувствуваат во фармерки кои не се целосно припиени за нозете, но сепак убаво ги оцртуваат облините, во комбинација со памучни поло маици. Најголемата цел која сакаат да ја постигнат женските припаднички во облекувањето, е во магичното мешање на различни материјали, како на пример свила и памук и идеално акцентирање на стилот со разни везени цртежи или апликации. Овој знак троши големи суми пари на долна облека изработена од висококвалитен материјал. Убаво им стои зелена боја. Најчувствителен дел од нивното тело се градите, така што џемпери и маици со V-отвор и подолги синџирчиња ќе изгледаат одлично на нив.----- Погодено :)
     
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.476
    Девица
    Девиците посветуваат огромно внимание на нивниот стил на облекување. Тие се најчесто минималисти и гледаат со подбив на оние тренди облеки кои не дозволуваат слобода на движење. Без разлика дали станува збор за прешироки пантолони за кои е неизбежно да се носи ремен за да останат на нозе, претесни пантолони во кои не може да се мрдне или корсети кои го оневозможуваат дишењето, девицата дефинитивно ќе ги избегне ваквите трендови. Овој знак расфрла многу пари на облекување и дефинитивно ќе ги прескокне попустите во бутиците. Преферираат да се облекуваат едноставно, класично и пристојно, нивната облека е секогаш совршено испеглана и личи како штотуку соблечена од куклата во продавница. Стилот и облекувањето, според девиците се безвремени и траат за цел живот. Најкарактеристичен дел од нивното тело е стомакот, па вообичаено скромните девици, со задоволство би носеле пократка, тесна маица за да ги истакнат нивните стомачни мускули. Убаво изгледаат во боите на природата, а во нивната минималистичка мода дозволено е носење на сосема малку накит на себе.
     
  7. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.067
    Допаѓања:
    44.037
    Пол:
    Женски
    Овните се трендсетери во модата и облекувањето. Тие имаат добар вкус и секогаш сакаат да се истакнуваат помеѓу останатите луѓе со избор на секси облека која им дава самодоверба и моќ. Родени со природно чувство за авантура, овните сакаат да експериментираат во светот на модата, со испробување различни стилови на себе. На машките овни најдобро би им прилегала комбинација од тесни пантолони со бела кошула со манжетни, која истовремено ќе им влева и поголема самодоверба. Женските припаднички на овој знак, најверојатно најмодерно би изгледале во здолниште до колена или тесни црни панотолони, во комбинација со блуза која убаво ќе прилега, во согласност со пригодата. Најчувствителен дел од телото на овните е главата, така што добро им стојат и капи, шалови и разни други модни додатоци. УбавО изгледаат во нијанси на црвено.


    :)
     
  8. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    Точно :)
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mahidevranfan

    Mahidevranfan Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    466
    Допаѓања:
    2.063
    Пол:
    Женски
    Се ми е погодено 8)
     
  10. Seashell31

    Seashell31 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2013
    Пораки:
    736
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Девиците посветуваат огромно внимание на нивниот стил на облекување. Тие се најчесто минималисти и гледаат со подбив на оние тренди облеки кои не дозволуваат слобода на движење. Без разлика дали станува збор за прешироки пантолони за кои е неизбежно да се носи ремен за да останат на нозе, претесни пантолони во кои не може да се мрдне или корсети кои го оневозможуваат дишењето, девицата дефинитивно ќе ги избегне ваквите трендови. Овој знак расфрла многу пари на облекување и дефинитивно ќе ги прескокне попустите во бутиците. Преферираат да се облекуваат едноставно, класично и пристојно, нивната облека е секогаш совршено испеглана и личи како штотуку соблечена од куклата во продавница. Стилот и облекувањето, според девиците се безвремени и траат за цел живот. Најкарактеристичен дел од нивното тело е стомакот, па вообичаено скромните девици, со задоволство би носеле пократка, тесна маица за да ги истакнат нивните стомачни мускули. Убаво изгледаат во боите на природата, а во нивната минималистичка мода дозволено е носење на сосема малку накит на себе.


    Се е погодено :)
     
  11. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.077
    Допаѓања:
    1.407
    Пол:
    Женски
    Се е погодено :D .
     
    На stojanovskata му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.266
    Пол:
    Женски
    Мене не ме опишува хороскопскиот знак во поглед на облеката |(
     
  13. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576

    Па и не е баш се точно. :^) Прво -не следам слепо мода, си имам свој стил кој си го негувам.
    Второ, не сакам жолта боја.

    А повлеченото најдобро ме опишува, имам добро `извајан` грб кој сакам да го покажувам. :$

    :puke:
     
  14. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Јарците имаат „кежуал“ стил на облекување, сè до оној момент кога сакаат да бидат во центарот на вниманието. Тогаш машките јарци облекуваат одела, а женските, некои убави потпетици. Тренерките најчесто не се дел од нивната гардероба, а нивното оправдување е дека не можат да си дозволат сè да си купат. Секогаш кога има попуст низ трговските центри, јарците одат по рафтовите и бараат нешто што е практично. И покрај тоа што не ги следат трендовите, јарците одбираат да носат нешто што изгледа добро на нив и може да им помогне да напреднат во кариерата. Јарците се во потрага по евтина, класична, безвремена облека. Наспроти нивната штедлива природа, женските јарци имаат тенденција да трошат доста пари на накит. Зелени и кафени тонови им прилегаат најдобро.

    ;)
     
  15. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.587
    Пол:
    Женски
    Поради нивната љубопитна природа, близнаците ги следат новите трендови , бидејќи брзо им досадува од старите. На нив не им е битна етикетата, ниту модниот аспект, сè додека она што го носат им стои добро и изгледа убаво. Она што ним им е најбитно во облеката, е таа да биде мека и пријатна на допир и секогаш го купуваат она што ќе им се допадне уште на првото пробување во бутикот. Мажите сакаат целосно да ги променат традиционалните обичаи во облекувањето, па затоа секојдневно преферираат да носат памучни пантолони и маици, во кои ќе се чувствуваат „лесно“. На жените најдобро им прилегаат тесни блескави фустани со ликра. За поформални настани, можат да облечат долги, цветни, лелеави фустани. Со близнаците управуваат рацете и рамената, па сè што ќе ги истакне овие делови од телото, како алки, болеро, греачи за раце, би изгледало одлично на нив.
    Па не е баш се точно!
     
  16. Mrs.Carter

    Mrs.Carter Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    Точно е дека на вагите се им стои , еве жив пример :lol: :$
     
  17. Chocolate-me

    Chocolate-me Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2014
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    За вага,речиси се е точно :$ :D.