Стил од жирито е трансформирачка емисија која се фокусира на изработка на најдобар можен прв впечаток. Во текот на 7 дена, кандидатите се трансформираат и од внатре и од надвор. Со помош на експерти во област на козметиката, дерматологијата, естетската стоматологија, мода, коса и шминка, тие покажуваат како можеме да изгледаме 10 години помлади и да го добиеме тој "wow" ефектот. Ја гледам емисијата од понеделник до петок ја има на FOX life во 11.00 и во 15.05. Многу ми се допаѓа крајниот резултат кој го постигнуваат, а и тимот од експерти е супер. Жирито отценува, а тие транформираат. Што мислите за емисијата, интересна или?
Многу интересно шоу, ги трансформираат до непрепознатливост. Особено ми е интересен делот кај Франчесто фризерот. Човекот е закон
Интересна серија и јас ја гледам иако повеќе ми се допаѓа What not to wear, ја даваат на Travel & living... Интересно е да се гледаат транформациите и како може човек каде каде подобро да изгледа...единствено што не ми се свиѓа е коментирањето на жирито, мислам дека е намештаљка, дека однапред им е кажано што и како да кажат и така ми делува ептен вештачка емисијава. Фаворит се разбира-Франческо
И мене ми се допаѓа емисијава, не ја следам редовно туку онака, кога ќе начекам и баш ми се интересни. Трансформациите се неверојатни, луѓево изгледаат како препородени. Не секогаш ми се допаѓа облеката која им ја одбираат, но во главно им соодветствува на ликовите.
И јас понекогаш ја гледам и не ми се допаѓа коментирањето на жирито зашто и јас мислам дека е наместено и апла е приметливо. Ама нема врска убава е емисијата зашто на некој начин им помагаат на луѓето кои се изгубиле себеси, кои мислат дека е тоа тоа и нема промени ... па ете им се докажува спротивното и им се менува животот. Нешто што ми се допаѓа е што на крај во жирито носат и некоја многу блиска личност и што за секој кандидат додаваат некоја помош плус. Ако се срамежливи на курс ги носат, ако сакаат да танцуваат тоа им се исполнува, една нешто со бизниси имаше. Тоа е навистина убаво. А фаворити ми се Франческо и тие двајцата за облека што се. Вака или онака секогаш знаат насмевка да ми разбудат
Ја гледам кога ја фатам,ептен ми е интересна. Оној водителот секде што ги води ми е најинтересен и фризерот.А нели ги дават сите емисии за викенд ???
Баш пред некој ден ја фатив на половина и си кажав јас ова ќе го гледам И сега веќе ја гледам и многу ми е интересна Трансформацијата е
Мене ми се свиѓа што не им прават некоја екстремна трансформација. Само им укажуваат што да облечат за да изгледаат подобро, ги средуваат и им даваат совети како да се одржуваат. Ми се допаѓа што имаат и психолог кога е потребно, што работат и на внатрешниот изглед како и на надворешниот.
леле и од ова сите епизоди скоро ги имам изгледано. Добри се нависстина, ама не ми се допаѓа како ги облекуваат, воопшто не ми се убави алиштата многу ми се кич и безвезе. Многу ми е смешен водителот како го кажува она на почеток this woman has no idea what kind of first impression does she make, she's ABOUT to find out хаха.
^ Хаха! Ме изнасмеа . Тоа About како го потенцира. Енивеј, има ли емисија што јас не ја гледам на Фокс Лајф?! Ја гледав порано на хрватската телевизија, потоа незнам зошто не продолжив да ја гледам, и сега кога видов дека ја даваат овде многу се израдував. Како прво, коментирањето на жирито. Па сигурно им кажале прво за облека да зборат, после за косата, за лицето, за самодовербата. Која случајност би била секое ново жири истите работи да ги коментира. Од експертите им се воодушевувам на забарите ( зубари на мој дијалект, попрајте ме ако грешам )! Какви насмевки им прават, тоа е чудо! Облеките воошто не ми се допаѓаат, ама кој ги знае, можеби таму така се носи. Глупо ми беше кога го сменија Франческо, ама сега пак си го гледам! Секој психо-терапевт е многу добар во својата работа и го извлекуваат она најдоброто од кандидатките. За сега толку.
Многу ми е симпатичен водителот, и типот со алиштата највеќе го сакам! У принцип тапа облека бира, ама смешен ми е и многу позитивен. И има понекогаш некои епизоди после фризерот сум wtf? Пр. имаше прошлата недела една од 20 години со огроооомна црна виткана коса и многу лоши заби, топ ја средија али косата и ја упропасти максимално. Како и да е, супер е емисијата, едино жирито ме нервира со увежбаните коментари ама пак, си гледам. Од стол паѓам на крајот од секое, просто неверојатно е како ги трансформираат.
За 19 годишната сигурно мислиш, јас бев запрепастана од тоа како една промена на забите колку се промени и таа, додуша не дека не беше симпатична претходно али 360 степени се смени. Јас ги гледам кога можам, додуша и повеке ми се гледани дека на Фокс Лајв само ги повторуваат, али интересно ми е како шминка, облека, средени заби и лице одман ги менава некои луге шо првпат кога ке ги донесат немам збор за тоа како изгледат. А овој шо ги шминка, некако антипатичен ми е..дали од очигледно премногу ботокс, никогаш нема емоција на лицето, се ист ми е како кукла.
Тоа ABOUT to find OUT го зборуваат така зашто се канаѓани, канаѓаните имаат таков акцент, и мене ми се смешни Навистина, сега повторно стари епизоди даваат Најсмешна ми беше една плава жена со ептен розев кармин што на секој коментар на жирито велеше: That's ridiculous
Ги следам редовно, ги даваа веќе по 100 пат, инаку ништо толку посебно не им прават, единствено што вреди се забите, и поправувањето на видот (на кој му треба), мислам дека за една недела неможат ни да ги „улепшаат“, ниту пак психички да ги „оправат“. Облеката е таква затоа што емисијата е снимана многу одамна (уште се носат шпиц, и тоа ептен штиц штикли). Жирито дефинитивно лажат, тоа е очигледно. Инаку свака част на шминкерот Корби (мислам беше), тој со неговата шминка ги прави од грди пајчиња во лебеди.
Редовен гледач сум на емисијава на фокс лајф речиси секогаш ја гледам. Мене исто така ми се допаѓа тоа што има психолог за да им помогне со проблемите, тренер за работата и им помагаат на секое ниво. Јас на ова шоу повеќе пати се имам расплакано многу ми е прекрасно кога тајното жири ќе и каже на кандидатката колку ја сака... Ми се допаѓа исто така стилот кој им го одредува стилистот. Ми се допаѓа бидејќи на пример ако кандидатката носела пресветли бои и кажува некои земејени, потемни нијасни кои изгледаат одлично или обратно. А ми се допаѓаат и фризурите на Франческо на тој другиот фризер помалку. И шминката им е одлична навистина ги прават од некои кои би ги избегнале на улица до некои кои луѓето би сакале да ги сретнат на улица. Инаку Ким и јас ја имам гледано леле колку ми беше смешна, пак ја зеде и сината точка на мирот во таксито одвај ја собираше.