Не можам да се помирам со тоа како ги облекуваат, а станува збор за 2007. Некој да ме прашаше која година е според мене снимано никако немаше да речам нешто после 2004/5. Омилена епизода ми беше таа со Нуник. Просто се заљубив во девојката. Она ми беше посимпатична пред, него после тоа. Така посебна, страшна. Совршенство. Еве нешто за екипата од шоуто: Главен водител: Bruce Turne Дерматолог: Dr. Kucy Pon, Dr. Fred Weksberg Стилист: David Clemmer Очен специјалист: Raymond M. Stein и Dr. Sheldon Herzig Естетски хирург: Dr. William Middleton Фризер: Francesco Fontana, Johnny Cupello Шминкер: Korby Banner
Да, и ова го пратам, не редовно, ама доволно за кога го гледам, да ме остави без зборови. За само неколку дена успеваат прилично успежни трансформации да направат, што се однесува на физичкиот изглед. Со самото поправање на забите, фризурата, шминката, тие стануваат целосно други луѓе. Единствено што не ми се допаѓа како ги облекуваат, уште со тие одвратните шпиц-чевли. Ама колку толку, и во облеката ги средуваат, затоа што некои изгледаат стварно пресмешно, со буквално сите бои на нив.