Стил спортски најубавоо си се осеќам во тренерчиња или патиче маиче пантолонче-фармерче не гледам дали би излегувала надвор,во центар или на училиште Сеа понекогаш може да сменам нешто во облекувањето но не претерано кога се работи за некои посебни настани по свечени
Премногу сум окупирана со алишта,мода,стил(нешто што неможам да го искоренам од мене),но кога веќе зборуваме за стил,во различни ситуации различни комбинации.За по дома стандард,тренерки или хеланки со некој подолга мајчка и кратко спортско болеро.За денско излегување по кежуал меѓутоа морам да носам гоооолема ташна,неизбежено морам да носам шалче ,мамрама,нешто така(околу врат да виси )во моментов пролетно палтенце(имам ново и многу си го сакам),очила за сонце,и гооолеми обетки во последно време нешто носама големи алки.За навечер тексас сукничка,со подолга кошулка,со каиш или за на половина или за на колковите,нешто елече кратко преку кошулката,гоолема ташна (да не заборавам)што знам со различни парталчиња различни комбинации,неможам со зборови точно да дефинирам за стилот,знам само дека морам да носам некои марами,ташни,големи обетки,очила за сонце(и тие ми се нови со тигровски дезен се)часовник....само да нене нешто еноставно како фармерки и мајчка така како да сум гола Сега не викам дека никогаш не сум се облекла така но во поретки ситуации се има случено.Мојот стил ќе дојде нешто во принцип во стилот на Vanessa Hudgens(просто ја обожавам као се облекува) тоа би дошло вака некако:
jas mn sakam hippy style ama nema kaj nas nekoi takvi prodavnici bas... kamala ama skupicka e nekako!!! 3000 den im e edna kosula obicna bela a kolku ke e sarena ???
Паа....марамии,капчиња,штиклички,балетанки,чизми(Патики одникогаш не сум сакала и не носам).Тесни фармеркки,штикли,широка кошула со каиш. Или шалвари со некоја тесна маичка .
интересно, се пронајдов тука патики воопшто не носам. за преку ден сум во балетанки или чизмички, фармерки и кошулки, со ланчиња неколку,прстен и сл . за вечерно излегување сакам висоооки штикли, фустанче некое класично со мнооогу накит. У принцип мене накитот ми е поважен од самата облека, сметам дека накитот го прави аутфитот
Немам некој одреден стил на облекување, секогаш го носам тоа во кое се чувствувам најудобно, а некогаш и тоа што е во тренд. Најмногу ги сакам тесните панталони, кошули или припиени маички со не многу големо деколте, штикли, патики, балетанки, апостолки, големи чанти..
обожавам кога сум во црно облечена се чувствувам секси, елегантно и гламурозно. знам да искомбинирам со некои детали олус, најчесто со сребрено (ташна, чевли, обетки, часовник...) , може и црвено. инаку зависно од пригодата така и си се облекувам. некогаш знам да си се исфрлам и баш онака спортски инаку без очила за сонце не одам ни до продавница
Спортски тип сум обожавам тренерки и патики.Но кога излегувам знам да облечам патки фармерки и некоја маичка обетки обожавам исто така и капчиња :y:
Стилот ми се менува зависно каде одам..За во школо фармерки, блуза, џемперче, патики, некоја интересна марама или шал или пак поспортски-тренерки За денско излегување во зима некоја туника и хеланки, обетки, чизми, марама..За навечер фустанчиња или пантолони (не многу свечани), некој интересен каиш, штикли или чизми на висока штикла, обетки, белегзии и поинтензивна шминка. На зима практикувам помртви бои (сива,кафеава,бордо,вишна-боја,темно зелена,тегет,црна) А преку лето светли бои и шарени фустанчиња (но не претерано шарени)
Девојко, облекувај се во нешто што ти е најкомотно на тебе и што се најубаво чувствуваш. Не гледај дали е модерно или дали другите девојки го носат тоа.Толку е клише тоа. Нели е малку глупаво,излезеш во град и видеш милиони девојки носат истото.Завртеш се на сегде сите носат од оние црно-белите марами.Грозно,грозно,грозно! Јас не дискриминирам никого,кој како сака нека се облекува,шо е до мене,јас се облекувам во она што ми е најкомотно,дека и да одам како дома да се чувствувам и да ширам позитивна енергија. И во најцрните денови знам да сум во шарена облека,искомбинирано со некои шалови,зависи времето. Знам и да сум некогаш ептен гламурно облечена,а знам некогаш и спортски тип.Се зависи ситуација.
Сакам Хипи стил. Многу ми се допаѓа. Инаку се облекувам, како што се чустувам, Најчесто сум во Црно/Црвено.
обожавам да сум облечена во црно-бело и црно-црвено комбинација, со црвен кармин и руж и црн туш. сакам и црно-златно, важно да има црно за на факултет сакам да сум попристојно облечена, за излегвање провокативно, исто така мн сакам да носам трењерки црни
Зависно од ситуација го менувам и стилот.Дома-поспортски се носам,Надвор-малку кежуал или пак класично,За искачање нешто модерно и тренди,За прослави-се знае нешто посвечено.Не сум спортски тип,обожавам чанти,штикли,бужитерија..Сепак најважно е да се чувствуваш убаво во своја кожа и да го носиш тоа што го сакаш
Мојот стил на облекување ме открива многу како личност! Со тоа знам дека сум се определила за стилот што ми прилега и знам да го носам и покажувам! Зависно од расположеието, од пригодата, од местото... но (за секојдневно излегување,на работа или на кафе) воглавном сум на удобни штикли, фустанчиња, сукни, дезенирани хулахопки, интересни блузички со модерни џемпери, туники со хеланки, поретко фармерки, нааајубави чанти (без нив не одам никаде и ги имам во голем број)секогаш нашминкана понежно,некое шалче или марама; ЗА вечерно излегување сум секогаш провокативно и секси облечена, фустанчиња, високи штикли, појака шминка, големи обетки, помали ташни... Понекогаш ме фаќа мерак за ниски чевли, ама стварно не се во мој стил, би ги облекла само кога ќе сум негативно расположена, удобни ми се ама во нив не се чувствувам своја! Затоа во моментото немам ниту еден пар ниски чевли, се е штикла Патики и спортска облека носам само кога пешачам!
Епа зависно, каде идам. За во школо, кежуал комбинации, фармерка, патика, блузичка, понекогаш блуза и џемпер, дуксер понекогаш, хеланки. За вечерно излегување комбинации со штикли. И никогаш на мене немам повеќе од 3 бои.. Не се осеќам удобно со повеќе од 3 бои.