Стил? Па би го дефинирала како елегантен, романтичен. Тренерки не носам т.е. почнав по дома изминативе 3 месеца. Патики 1,2 пати годишно. Се што е поврзано со спортски стил кај мене во плакар има минимално и не се носи. Носам хеланки, фармерки, панталони. Туники, кошули, ролки и поелегантни блузи. Балетанки имам над 10 пара , штикли над 30 Но, се разбира нема на планинарење да отидам со штикли. Иако местата на кои одиме влијаат врз тоа како да се облечеме, треба сепак да си бидеме свои.
Иако имам 16 години сеуште не можам да го дефинирам мојот стил, сеуште лутам и плутам. Поголем дел од времето сум во фармерки, патики, маички обични(за во школо). Кога излегувам повеќе накит ставам обетки, прстени.... исто така многу кошули носам, имам неколку фустанчиња и сукњи, ама тоа е тоа. Можам да кажам дека се облекувам според расположение некогаш vintage, некогаш рокерски, некогаш по последна мода, некогаш многу обично. Ама мислам дека можам уште да испробувам се додека не се пронајдам во некој стил. А да и балетанки обожавам!!!!! Ланче макар и обично сребрено секогаш имам ако немам се чувствувам некако голо!
претежно умерени комбинации најмногу обожавам џемпери ги комбинирам со кошулки,маички и фармерки,со балетанки или патики. хеланки ич не носам повеке сум за фармерка и панталони. имам фустани и сукњи повеке летото ги преферирам за во зима многу ретко. од накит најмногу сакам обетки и часовници гердани не ама марами си носам. сандали гледам да бидат пониски зашто со висока штикла неможам да се движам ја избегнувам и нормално патики си ги обожавам а тренерки за по дома и докај некоја другарка.
Си практикувам спортски стил, опуштено...каде што кај мене преовладува црната и белата боја, се случува и некоја друга темна или светла боја да носам
рокерски но имам некои парчиња кои не се дел од таков стил па сепак ги носам, зашо немошам едноставно да ги фрлам
Обожавам фустанчиња,хеланки,марами,туники... Но и претходно во друга темам имам речено: Сметам за да имаш оргинален уникатен стил на облекување, треба да имаш и длабоко џепче. Конкретно немам завземен став само кон еден стил, значи си носам тоа што го предлага модата, и тоа што ми се допаѓа од таа мода.
Носам се ! За излегување можи фустанчиња,туники,хеланки,балетанки,штикли и фармерки почесто.(зависи од тоа каде излегувам) А за низ дома нон-стоп во тенерки и некогаш хеланки Немам некој стил посебен,а и не се ограничувам многу.Сакам различно да носам
Немам стил секогаш носам тоа што во моментот е актуелно патики и балетанки ги носам само во училиште а вакаа никогаш не би ги облекла најмногу сакам да носам могу високи штикли.
Незнам како да го наречам мојот стил но секогаш гледам да е класи, женствено, елегантно, и примерно за на излегување и обични прошетки а за а школо сега тоа друго си е треба секогаш според мене да си примерно и како што треба облечен а пак да си модерен
Преферирам спортско-елегантен стил, не чиста класика (многу ми е круто). А, што е најважно, каков и да е стилот, облекувањето да е со вкус.
И јас не носам многу спортска облека. Всушност само кога вежам носам инаку не. Обожавам да носам панталони со кошула. Балентанки имам еден куп нив највеќе ги носам. Штикли ретко носам, само за посвечени работи
Зависи за каде. Најчесто ми е класичен или спортски. Најудобно ми е во дуксери, фармерки и патики. Ептен сакам кога боите се чисти и нема некои додатоци како апликации и сл.
Можам да го дефинирам како класичен, но минималистички (за на работа и за излегување). Сакам одела, сакоа, елегантни панталони, фустани со класичен крој, што се стеснуваат на половината и ја истакнуваат фигурата, обична бела кошула без многу детали. Сакам прецизни и јасни линии, не сакам широка облека, романтични шари и лелеави материјали. Не ми стојат. Обично не носам силни бои, во мојот плакар преовладуаат црната, белата, сивата, и некои нијанси на сино, тегет. Инаку во секојдневието носам патики, маички, кожна јакна, фармерки. Сакам да се чувствувам удобно, така сум самоуверена. Ако не ми е удобно, автоматски ми се расипува целиот ден...
Мојот стил може да го опишам како софистициран, минималистички и timeless Голем љубител бев на стилот на Меган Маркл во кралското семејство. Еднобојни комбинации, квалитетни материјали и прекрасни капути Стилот дефенитивно доаѓа со годините. Порано гледав да имам што повеќе парчиња, а сега ценам материјал, крој и изработка на облеката