Стинг (Sting)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од BlackSwan5, 18 јануари 2012.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.548
    Еден од моите поомилени изведувачи.

    Стинг (Гордон Метју Томас Самнер) е англиски музичар и текстописец.Пред да ја започне соло кариерата беше главниот фронтмен,текстописец и басист на легендарната група The Police.Првиот соло албум му е издаден во 1985 година.Неговиот музички стил се состои од повеќе елементи како џез,реге и класика.
    Дали ви се допаѓаат неговите песни? Јас ги обожавам,многу ме смируваат и опуштаат.

    http://www.youtube.com/watch?v=C3lWwBsl ... ure=relmfu

    http://www.youtube.com/watch?v=d27gTrPP ... ure=relmfu

    http://www.youtube.com/watch?v=lB6a-iD6 ... ure=relmfu

    http://www.youtube.com/watch?v=locIxsfp ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=wHylQRVN ... ure=relmfu
     
    На ЕденЧлен, Hipica и ludoto19 им се допаѓа ова.
  2. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.823
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.176
    Пол:
    Женски
    Еден од омилените ми е, ми се допаѓа неговата музика, многу ми е релаксирачка.Посебно ми се допаѓаат неговите песни: Desert Rose, Fragile, Mad about you, всушност сите :D првата ептен :D често ја слушам неговата музика :)
     
    На Lady Phoenix и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.711
    Го обожавам! :inlove: Буквално нема песна што не му ја сакам... сите до една се одлични, посебни на некој начин. Дури ми е тешко да издвојам некоја омилена, сепак оваа ми е нај нај

    http://www.youtube.com/watch?v=lB6a-iD6 ... re=related

    Прекрасна :x
     
  5. PlaviOrkestar

    PlaviOrkestar Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    23
  6. lovemebaby

    lovemebaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    174
    Тој што не го слуша Стинг според мене нема вкус за музика или е обожавател на Џастин и компанијата.Прекрасен вокал , песни со многу емоции абе квалитет си е квалитет.Имам на компјутер албум цел со The Police а омилените песни не се бројат :)

    :inlove: :inlove: :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=rCNJBopK ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=cEnJDaqT ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=MbXWrmQW-OE&ob=av3n
     
  7. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    78
    Го обожавам човеков :) :) :) :) :) :) :) :)
     
  8. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.410
    Допаѓања:
    3.663
    Пол:
    Женски
    Многу го сакам Стинг,секоја негова песна ми е убава.Ми се допаѓа неговиот стил,музиката,гласот,се се...
    Сите овие песни што се спомнати ми се убави,а и многу ја сакам и оваа
    http://www.youtube.com/watch?v=SUYI7kIR0S4
     
  9. belluci

    belluci Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    12
    Стинг еден од најдобрите светски музичари .... ги сакам сите песни но ја издвоив Desert Rose во живо во Берлин фасцинантен настап ... прекрасно

    http://www.youtube.com/watch?v=27Z5bkPEzmQ
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.470
    Уф колку го сакам.
    Музиката ме опушта до невидено ниво.
    Можам да си го слушам цел ден и ич око да не ми трепне. :wasntme:

    http://www.youtube.com/watch?v=KX4jAplZb0Y
    Песнава ја обожавам.
    Верзијата на Стинг и верзијата на Sugababes.

    :mm:
    Особено го сакам овој арапски акцент.
    http://www.youtube.com/watch?v=C3lWwBslWqg
     
  11. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.021
    Допаѓања:
    2.247
    Пол:
    Женски
    Стинг пред се', е музичар со длабока емоција. Има некоја жичка во неговиот глас што ги прави песните посебни. И уникатни. Првата песна со која го запознав, најверојатно е Englishman in New York. Негови омилени ми се Why should I cry for you? и Whenever I say your name, ама повеќе ми се допаѓа акустичната верзија која ја испеа на концертот во Берлин, 2010 година, отколку оригиналот. Патем, кога сум веќе кај самиот концерт, cd- то непрестано би го слушала се' до крајот на животот. Еден од најдобрите албуми. Со колкава леснотија ги пее песните, алал :bow:
    http://www.youtube.com/watch?v=1PLmyPUp7VI
    http://www.youtube.com/watch?v=8x3UV6o4TrY
     
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.829
    Допаѓања:
    161.230
    Пол:
    Женски
    Од постарите, евергрин музичари да речам, Стинг ми е најомилен, дефинитивно најмногу го слушам и поштувам.:bow:
    Има некоја посебна емотивна, смирувачка нота во песните и специфичен звук.
    Омилени песни... Desert Rose ја обожавам поради егзотичните арапски елементи, Englishman in New York ми е врв со текстот, а Fragile и Shape of my heart ми се најемотивни и најмногу ми се у срце... :inlove:
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    9.657
    Допаѓања:
    53.590
    Пол:
    Женски
    Стинг во Вип арена во октомври 2017. Кој ќе оди? :)
     
    На theowndemon, elimkd, ЕденЧлен и 4 други им се допаѓа ова.
  14. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    9.876
    Пол:
    Женски
    Јааас :hai:
     
    На Bitter-Sweet, Someonespecial и Summerlover им се допаѓа ова.
  15. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.888
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.888
    Има информации за картите?
    :d::drunk:
     
  17. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    9.876
    Пол:
    Женски
    Сега во 9
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    10.821
    Допаѓања:
    55.582
    ПОЗНАТИ СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА ВЛЕЗНИЦИТЕ:
    НА STING ВО СКОПЈЕ СО ПОЧЕТНА ЦЕНА ОД 1.990 ДЕНАРИ!

    Драги пријатели,

    Ве информираме дека се познати сите детали околу влезниците за ексклузивниот концерт на STING во Скопје, закажан за 15-ти октомври, во арената „Борис Трајковски“.
    Концертот на STING во Скопје носи префикс на ексклузивен, не само поради фактот што STING е првиот од А листата на артисти од светската музичка индустрија којшто доаѓа во Скопје, туку и поради тоа што концертот се одржува во сала со капацитет два до три пати помал од останатите сали низ Европа и светот каде што STING настапува.
    Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од петок (2-ри јуни), точно во 09 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се и Југотон, по следниве цени и категории:

    ПАРТЕР- 1990 денари
    ФАН ПИТ- 3000 денари (само 1000 влезници)
    SILVER SEATS- 2.990 денари
    GOLDEN SEATS- 3.990 денари
    VIP ПАКЕТ кој вклучува влезница и примерок од новиот албум на STING „57th & 9th“- 6.000 денари (исклучиво со резервации на телефон: 077/945-505, секој ден од 10 до 16 часот освен сабота и недела).

    Поради досега навистина незапаметен интерес за концертот на STING во Македонија, иако во моментов е пролет 2017 год, а концертот е наесен, им препорачуваме на сите што се заинтересирани да си набават влезници ВЕДНАШ!

    Авалон Продукција
    https://www.facebook.com/AvalonProdukcija/posts/1674885925872761:0
     
    На theowndemon, ЕденЧлен и krofnicka27 им се допаѓа ова.
  19. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.888
    @DAngel Ејџн, а има некаде да се види точниот распоред на голден/силвер, како што имаше лани еден вид мапа на распределба на местата за концертот на Енрике?
    :d::drunk:
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    10.821
    Допаѓања:
    55.582
    Нема мапа, ама прочепкав на купикарти за се, и ги попцујав малку сите по ред. Ќе ставам мапа од рандом концерт, и ќе ти објаснам како стојат седиштата.
    [​IMG]

    Значи вака иде:
    FAN PIT (2990 денари)
    Sting Parter (1990 денари)
    Sting Vip 13 блок само 10, 11 и 12 ред (4000 денари)
    Sting Silver Seats само Блок 2 ред 1 и Блок 5 ред 7 (2990 денари)
    Sting Golden Seats Блок 3 ред 1, Блок 7 ред 6 и 7, Блок 12 ред 10 (3500 денари)

    Очигледно како и за секој концерт си поделиле доста гратиси, се занеле малку |(
     
    На AURUA и Summerlover им се допаѓа ова.