@DAngel Дали би останале карти ако идам да купувам при крај на Јуни или почеток на Јули? Односно дали би имало?
@DAngel Me too За Енрике лани знам, сестра на другарка си купи дури при крајот, може недела-две пред самиот концерт, т.е имаше карти останато, а цените дури беа пониски од цените на картите за Стинг Па сега се мислам за Стинг, дали би имало, не во Август или Септември, ама за едно 3-4 недели Пошто планираните лос динерос за картата, отидоа на нешто друго, па не можам да двојам another сума за карта сега за сега
Јас за еден концерт купив од еден чичко семки што продаваше. Ми даде гратиси за фан пит, на самиот влез од Борис Трајковски, ми ги наплати по иста цена колку што беа или 200 денари поефтино, така некако. Еден пријател со друштвото беа отидени со гратиси, затоа ми се крена косата кога видов како ги распределиле седиштата. Оставиле по некој блок без врска, другите за нивни луѓе ќе си ги чуваат или гратиси ќе ги раздадат, а ќе продаваат на партер колку можат
@DAngel За тоа распределување на нивни, ќути, не ми расправај. Барем на тие нивни да им се одеше и да им се actually слушаше концертот Седнале таму, место зафаќаат само. Освен што висат на телефон во најјаките моменти, привлечна е и глетката да порачуваат пиво, вотки и коњак како никогаш пред тоа да не виделе Ее а некој дома плачел што немал пари и можност да иде на концерт Жално од такви паразити.
Ми се одмили, кога видов дека денес во 9 ги продаваат... Јас во автобус, викам да, да, сигурно ќе купувам. Па сликале редица пред Југотон... Ќе пуштат после "ексклузивно и магично" уште неколку карти, од небо ќе им паднат, на недела дена пред концертот. Замисли, со сите тие гратиси што ги дале, колку реално требала да биде картата за концетот... Колку можела да биде... Е тогаш навистина ќе беше sold out за секунда.
@DAngel Не ми е јасно зошто на стадион не го направат, ова е unbelievable, нормално секој и од надвор ќе сака да дојде, се надевам дека ќе има и втора тура на карти, пошто вака верувам сите останаа разочарани, меѓу кои и јас и ти
@Summerlover многу модерна била Борис Трајковски, Многу добро озвучувањето било. Концертот бил од ранг "ексклузивен", затоа имало толку малку карти... Се пофалија дека Стинг се сам од опрема ќе си донел... Се надевам дека ќе пуштат, ама толку сум разочарана од Авалон кога видов колку малку седишта имаа пуштено, и тоа најлошите...
Продавам две карти за концертот на СТИНГ во Скопје, трибина, Silver seats. Се продаваат двете заедно. Цена во ЛП.
Деччки кој беше на концертот на Стинг завчера ? Како си поминавте и каков впечаток ви остави ? Јас бев и си поминав прекрасно, запознав неколку луѓе, громогласно се пееа старите добри хитови, навистина едно пре пре преубаво искуство !
колку само беше добро на концертот... Уживање, се надевам некогаш повторно ќе дојдат, никогаш во животот не сум си поминал поубаво на било кој настан пред овој концерт !