Девојки, сакав да ве прашам за стипендиите од ФОН. Дали може да се пријавуваат само матуранти или ученици и од 3та год? Бидејќи лани, знам, се пријавуваа уште од 3та год. а сега на страната гледам стипендии за матуранти. Изменето е нешто или јас не сфаќам ?
Оди на веб страната на ФОН, би требало да пишува, ама штом се стипендии за матуранти, тогаш најверојатно се само за ученици од четврта година.
Здраво, мене ме интересира дали има некој добиено стпендија од ФОН за магистерски студии и дали може да сподели некои информации во врска со условите, за колку време треба да се заврши магистратурата, дали може да се одложи студирањето доколку добиеш стипендија итн итн фала многу
Здраво, дали може да споделите информации за тоа што е потребно да се испочитува за да се задржи целосна стипендија за мастер студии(има некои услови)?