Нека се прошири Стокомак, односно нека биде присутен на повеќе локации. Треба да стане подостапен, како КАМ и некои други. Сега каде и да се свртам, има дури 5 маркети од ист локален ланец, а баш не ми се влегува во тој, скапчии.
Татко ми пред 2-3 недели купил едно сирење од Стокомак. Во голема елипсовидна кутија. ПОГРДНО сирење во животов немам пробано!
Топено сирење не знам ама тоа едно црвено во мало тегличе е супер. На маж ми му е омилено, ко во Синеплекс го потсеќа, а и на мене што не сум многу по сосови, ми се свиѓа.
Прилично е тесен овој Стокомак што ми е у комшии, па ретко влегувам, пошто увек е гужва. Ама има некои работи за кои радо ќе се буткам: Ова мини путерот со лук и магдонос е перверзии, штета нема големо пакување Кориве што ги имаат значи немам збор, најубави пити со месо и бурек сум правела со нив. Како дебели листови буквално, една ми се нема искинато, а често ги користам Од лепчињата само лебот со лук и магдонос, другите онака, просек, ништо посебно. Од благите ствари минатото лето знам имаше еден превкусен Баратолино сладолед од кафе/капучино вкус, значи повкусен сладолед немам јадено, сега го немам видено.... Купувам често од Рум плочките, знам ги има и во други маркети, ама во Стокомак се ефтини, а големо пакување се И еден димен кашкавал околу 170 денари за мезење превкусен. И не можам веќе никаде да најдам од тортиљите, во црвено пакување беа, прилично ефтини, виткав бабачко бурито со нив, а не се кинеа, ама веќе со месеци не ги носат.... И тоа радлерот белгиски у лименка што им е можам секој ден да го пијам грч ладно
Да не го купи некој апаратот за пуканки? Уште тоа немам дома хахаха Дали вреди или џабе ќе седи у некој ќош
Веројатно е прашање на вкус (и навика) дали ќе ти се допаднат или не, но пуканките пукани во апарат се малку повоздушести и сувкасти. Можеби и ќе се навикнеш на вкусот. Мене ми се супер, поубави ми се од обичните што ги правиме со масло. Мојот апарат за пуканки е купен многу одамна, не се ни сеќавам од кај го купивме, ама претпоставувам дека е сличен со овој во Стокомак летокот .
Оној веганскиот намаз од лук и билки што го имаат сега е преубав. Мислев ќе корне ептен на лук ама не, баш така пријатен е вкусот. Не оти ми е битно да е вегански, само дека е со лук го земав
Исчитав сѐ претходно, некој погоре праша, ама немаше одговор, па да прашам повторно. Имате ли искуство со епилаторот од Стокомак? Јас сум светла, па си реков за проба некако би прежалила 3000 отколку да земам Лумиа и да биде џабе.
Не сум го пробала, ама имам лумеа и дефинитивно вреди секој денар. Во однос на производите на стокомак не знам што да мислам, еднаш земав сецко, за неполна година ми прегоре (од марката Stymee).
Ти враќам после 100 денови извини,добар е велосипедот малку беше проблем што не е склопен доаѓа во кутија па додека најдов мајстор да се нафати да ми го среди почекав малку повеќе Иначе е супер јас секако барав како за низ град ,кратки релации не нешто екстремно возење Од тој што ми го склопуваше добив коментар како не е нешто велосипедот вау ќе попушти за брзо (сметам тоа е коментар заради цената,да не знае колку е не би коментирал така) така да ако го начекаш земајси супер е како за секој ден возење ,градски велосипед а и вака убаво изгледа на изглед и за возење топ