Го гледав и јас, ама кога се расчачкав по интернетов добив впечаток дека поевтиниве парочистачи многу протекуваат, па некако баталив. Можеби сум грешка, не знам, ама не ми се ризикува некако.
Јас го имам, солиден е.Имаш додатни четки за да можеш да чистиш плус када,лабаво,делот околу шпоретот.
Касно гледам... Многу добри барем за мој вкус. И мирис, и арома и голем избор имаа. И наеднаш полека ги снема...
Не знам , можеби ама не верувам бидејќи сега земав од дм прашок за пециво по скроз истиот рецепт убаво ми испадна + мајка ми правеше нешто со прашоков од Стокомак отиде се во ѓубре . Може така се погодило не знам
Не знам дали само јас имам вакво искуство... Долго време не одев во Стокомак заради купени производи што биле расипани ( иако купени и отворени во соодветен рок). Некогаш сум се враќала за замена и се случувало и заменетите да бидат исто расипани ( со мувла буквално) а не секогаш ги чувам сметките. И по некое време почнав пак да влегувам повеќе заради пијалаци и почнав да земам нешто плус и еве денес пак гледам производ што е со рок до јануари 2027 расипан со мувла и стварно сум изреволтирана и на ништо не личи ова. Несоодветно чувани ли, чија и да е одговорноста не треба да не' интересира како потрошувач. Не се секогаш парите во прашање
Знам. И планирам да пријавам. Сакав да пишам и тука за да споделам искуство зошто не е играчка тоа што се случува.
До сеа не сум чула друг да се пожале Коа си идиш дома одма отвараш и е расипано? Шо например ти било буѓосано до сеа?
И јас прв пат слушам,ова е прв пример за ваква работа до сега...реално сите купуваме таму па никој не се пожалил