Аман бе, стварно се толку посебни тие, Марленките? Јас ги видов, ама ми беа скапички и некако се предомислив у истиот момент. Некако не можам да се потпрам на мислења популаризирани од интернет, ама па можда стварн се нешто невидено. Сеа ќе ми бидат следна цел )))) А тие бомбите за во када првпат ги гледам, никад ги неам приметено во Стокомак. Некоја посебна понуда била, или? Инаку, мене страшно ми фали една крема за стапала, во зеленкасто беше, полска, од таа стандардната што имаат козметика. Тогаш, пред 2 години ги донесоа и толку више. Ми се иде да им пишам, да ги донесат пак. Многу добра крема за стапала, особено за летен период, неверојатно спречува потење и лош мирис. Ау, коа ќе ми текне колку ја штедев, за да ми трае подолго... Ама, ете, ја истрошив. И уште ми фали. Плус и мирисот беше екстра... Е, тоа ме нервира мене кај овие маркети: ќе донесат еднаш - и толку. Исто ме нервира тоа што некои производи кои се по супер-цени (не храна, туку оние другите нешта) одма ги снемува. Као, требало да се иде рано сабајле, на отворање, и да се купи тогаш. А донасаат по вкупно 5 и секако дека одма ќе ги снема. Исто што ме нервира кај Стокомак, барем во мојот град е така, робата за во понеделник ја местат т.е. е наместена уште во сабота. Многу луѓе, при пазарување, ќе си земат и од тие производи (пошо има и цени, сѐ си е валидно, навидум), па на каса ќе ти речат: „Аа, не, тоа е од понеделник, не поминува сега на компјутер...“. Таа политика им е заникаде. Не знам, нека си ги местат при крај на работно време, ако веќе не можат поинаку. Многу грдо е, стварно! Неколку пати ми се има десено нешто да бендисам, па на каса да ме вратат. Тешки глупости. А, не можам баш така секој ден рандом да идам, далечку е... Чек, коа се жалам: ме нервира и тоа што, во каталозите, имаш од петок до понеделник, па од понеделник до четврток. Двапути да идам треба за да купам сѐ што сакам. Шо стратегија им е тоа... Да идеш поише, за да, успат, купиш и други нешта. Маркетинг, знам... ама мене ме нервира.
Мене ме нервира за производи на руф, за торти благи декорации и сл кога веќе имаат соработка со нив зошто не донесат поширок спектар на производи навистина нема избор во мк. Долче е само и е изгор. Прехрамбени маркери на пример или украси за торти колачи, кремови за торти и сл... И сум им пишала 100 пати џабе начекав за нова година имаа бронза, украси, ванила крем ... Направив залихи среќа имаа убави датуми
Никогаш не сум ги начекала овие производи ги нема ли често, може ли слика како изгледат? Баш сакам да ги пробам?
Колбасиците се преретки, во првото мое мислење на темава ги ставив. Пестото го има секогаш во моето Стокомак, исто и Гринзли јогуртчињата. Вегини меленото немам забележано колку често го има ама кога ми требало - имало. Ретко врвам во тој дел кај шо седи зошто обично јас месни замени земам од Вердино исклучиво.
Дали ова врши работа или како играчка е? Одамна се мислам за вакво само други гледав некако скапи ми беа а ова па ефтино не верувам дека ќе ми врши работа или па?..
Изненадувачки колку врши. Ептен убаво ја витка косата. И јас немав големи очекувања ама се изненадив ептен
Немам. Имаш два начина да ја навиткаш, дали сакаш да ти се локните од внатре или од надвор. Се стиска на едно копче и самото го собира праменот, има 8 секунди го држи и после го пушта. Ти си местиш на колкава температура сакаш. Мене ми е прелесно искрено
Јас па ништо од тоа што имало по флаерите, особено играчки и слични гаџети никад немам начекано по маркетите. (Стокомак на млечен и во капиштец). Дури се сумљам дека не ги изложуваат или си ги чуваат за блиски. Истото мислење го имам за Кипер.
Не ги носат во сите маркети. Само во одредени. Мене ми се случувало најчесто да ги начекам во Бутел во тој Стокомак.
Ги има само брзо им се трошат уште од сабајле, плус не носат нешто многу, некое и да тргнат, толку е. Особено нешто ако е поубаво, а евтино. Работите така што се поскапи им седат, не им ги купуваат.
Некој да не знае каде им стои трилечево? Не сум сигурна дали го имаше кај нив или во Кам. Иначе убави производи имаат, редовно од таму пазариме. Како омилени нивни производи би ги издвоила гиро лепчињата, бургер сосот и чедарот, превкусни! Од благите, дефинитивно кремот со лешник, кроасаните со ванила и цреша и Алпинела чоколадите. Следно на листа, дефинитивно овие Марленка што ги зборите. Уште тие да ги пробам па ќе бидам на диета, ветувам.