Што ме нервира: многу од работите што се на акција ги нема и тука не зборувам за тави или тенџериња, туку работи како КАФЕ, СРЕДСТВО ЗА СТАКЛО, ОРЕВИ и сл. и ова ми се има потврдено повеќепати, не е дека за еден флаер било така (ама затоа, кога начекав ореви на акција си зедов 6 пакувања ) - истото, и многу побетер, го прават во Кипер. Еднаш се скарав како може кафе да нема само поради тоа што е на акција ли, па ми кажаа дека сите работи што се на акција се ограничени во количина, наводно. Кипер на темава се безобразни дури, еднаш отидов 30 минути по отворање на прв ден акција и се вадеа дека нештото се распродало, катастрофа жива. Цените им се ок, како КАМ, ама јас ги преферирам производите од КАМ и најчесто таму пазарувам, а и поубаво ми се наредени во КАМ. Инаку, @Panda00 тоа трилече сигурно го има во КАМ. Ќе ги пробам тие марленки и јас сега, а колку се? Некој имаше пишано дека се скапички.
Затоа што пред да се отвори маркетот вработените зимаат за нив, у количини некои дури, и пред да си одат ги плаќаат. Не прашувај од кај знам
Иначе до сега многу пати кога ќе немало нешто (уште прв ден од промоцијата) ме упатувале во тој новиот голем стокомак кај Кванташки, Маџари да речам. (спроти гиго трејд ако така се викаше) Кога беше нова година во многу наврати одев до тој стокомак, и стварно се имаше на залиха таму што немаше во околината во помаливе маркети. Така да некогаш ако нешто ви треба подобро дирекно таму да идете затоа што носат поголеми количини. Се надевам дека ќе ви биде од помош, една од продавачките ми го кажа триков.
Заборавив да пишам нешто за Стокомак - пелените се навистина добри! Од нискобуџетните (не дека се и тие евтини, ама ајде не се толку скапи колку другите) - дефинитивно најдобри! Пример, нема споредба во однос на тие од КАМ иако се слична (можеби и пониска) цена.
За тој на Млечен подобро да одите рано за да начекате ствари. И тој кој е спроти пазарчето во Тафталиџе е доста опремен. За Ѓорче, тој во Ѓорче 2 е поснабден. А, од тој во Центар не ви препорачувам да земате густи сокови и јогурти. Им се расипуваат.
Го има и во Стокомак и во Кам и во Жито, само последниот пат го фрлив оштетена амбалажата и не видов, џабе потрошив млеко и хопла, па и карамелот немаше да го ставам. Се отиде во канта. Не ми се ризикуваше да се затруеме, кој знае од кога бил отворен бисквитот.
Јас сум пишувал и во друга тема, грчки јогурт во неколку наврати на поголем размак време, сите до еден расипани. Нешто не им штима во ладниот ланец.
Ова не ми се допаѓа кај нив. На толкаво отворање нови маркети и куп муштерии сигурно не треба да им е проблем да вршат подобра контрола на производите и да си ги заменат фрижидерите.
И јас највеќе пазарам од Стокомак, и стварно имаат добри производи. RUF смесите, имаат и глазури некогаш добри. Багетот со намаз од лук мераци. Секојдневни производи за дома редовно. Последно што земав и ми е сега топ 3 е ликерот од еспресо мартини. Го има во 3 варијанти овој ми е favorite. Сите 3 ги имам. Мене ми е само оти сега го има па ќе треба со месеци да го донесат пак. Исто така љубители сме на намазите вегански и сосовите како бургер сос, street food итн и чедар обавезно.. Стварно имаат широк асортиман на производи за приступачна цена. Ги имаше бонбони чоколадни слични на Merci со разни вкусови ама штета веќе долго не ги донеле. Да ви препорачам имаат добри late капусли за апарат Dolce Gusto. Тие ми се во топ 3
Јас пазарам во големиот маркет кај Цементара Усје, има свој паркинг, има голем простор помеѓу полиците, добро е снабден. Купувам капсули за машината за садови, течниот детерѓент за алишта .
Читав дека зборувате за растителните јогурти од Стокомак во кои маркети ги има? Во Карпош 2 сум проверила ги нема...
Сакав да ги земам садчињата за сос од флаерот, преслатки ми се видоа за сервирање. Одам сабајле - потрошени. Секој петок иста приказна. Кажете ако ги видите некаде на залиха, баш би сакала да ги земам.
И кај мене беа потрошени среќа мече си најдовме инаку ке имаше плачки. @theunforgiven ги проба ли марленките?
Аеродром кај поранешна стела пред саат време имаше се И такви садчиња и од металните и мечиња и садови за складирање И фен пегла имаше и земав,па ќе пишам искуство,на инста кај магнолија пишуваат ја фалат па да видиме