Бев се опремив со тегли ама само од големите, тоа беше останато. Тие малите за сос 139д. ги немаше. Утре ќе видам и во Хром/Влае
Не знам дали некој ти има одговорено. Јас го имам од лани мислам сега втор пат го носат. Маста му ја имам извадено и за ништо не го менувам. Буквално имам салата за две минути
Ги пробав Марленките, топ се. Скапи ама убави. Една мана имаат само, нема доволно парчиња , како им се нафрливме се ги изедовме.
Спрејов за што го користите. Вика за сите површини ама кај што има допир со храна да се исплакне со вода. Цела кујна е со храна смеам ли вратичките од кујната да ги поминам? Работната површина? Дали ќе е доволно после со чиста влажна крпа да пребришам?
280 нешто така, 10 имаше. И мене ме настрвија, како што сум по благото не се ни мислев и ги купив. Ама ги снема за неколку минути дома кога им се нафрливме .
Јас ги купив ама за цената очекував повеќе, искрено. Безкофеинското кафе им е добро во однос цена/квалитет. Тоа путерчето со лук исто ми се допаѓа и се од еленико смрзнатите пити солени и благо.
Турско или инстант? Јас турско безкофеинско земам од Веро, сите инстант шо сум пробала не ме бендисале (без кофеин). Не ми текнало Стокомак да видам шо кафиња има воопшто. Гледам погоре сте спомнале и Долче Густо капсули. Јас исклучиво од Долче Густо купвам, немам вака други фирми пробано ама чим се добри ќе му дам шанса. Едино купив чај зошто беше со праска и некако си поврзав дека ако ставам мраз ќе напрам леден чај. Ок е. Не би купила пак.
..пред едно добри 5-6 години знам имаше собирање како поени на флаерче и имаше убав избор на производи, за некоја минимална (смешна) доплата. Особено добри патни торби. Не знам дали има уште вакво нешто? Таа торбата ја утепав насекаде влечејќи, уште е иста. Ниту искината, ниту избледнета. Конкретно за торбите ме интересира дали ги има по редовна цена.
И тие ги има Стокомак? Стварно се немам опулено во делот кафиња зошто си имам за секое кафе замислена продавница и во други не ни погледнувам. Веро - турско без кофеин Мексико - турско со кофеин, рефус инстант Една локална продавница - Долче Густо капсули, капсули и онлајн нарачвам од овие као 7 грама продавници Баш ќе поминам утре да видам шо има ваму, ионака сум при крај со капсули па пред да си одам кај шо обично одам, прво ќе свртам Стокомак да видам шо има.
Инстант. А турското од веро е друга димензија. Најбоље кафе што сум го пробала (со папагалот, црвено)
Да, то. На вкус ми е исто како ова шо го земам мелено од Мексико само шо нема кофеин. 100/10 А, инстант до сега од Кам имам пробано и по локални продавници шо ќе најдам куц-туц ама ми беше грдо. Додуша и не пијам многу инстант кафе, јас сум турско и еспресо чоек. Ама сакам да имам за „гости“ и ваква опција. Ама мора да ја пробам, да знам дека е уба за да можам да ја нудам. Ајде и то ќе земам да пробам.
Не е нешто најубава варијанта ама јас со маж ми знаеме во 11 ноќе да пиеме па се наоѓа. Јас без млеко секако го пијам па и малку виски ако му стаиш станува 8/10
Не. Не. Не сум купувала во Стокомак. Само се надоврзав на членката. Мене Стокомак ми е некако сумњив со квалитет.. мое мислење.
Во Центар кај Зелено пазарче ги земав последно беше, стојат во фрижидерот над јогуртите. Другарка ми ги зела пред некој ден во К.Вода во Стокомак до Веро што е, исто во фрижидерот кај јогуртите било.