И Стокомак веќе не е Стокомак. Даваат цедалка на акција, одам да ја купам рано сабајле на денот од кога ја ставија, снемало. Добро, ајде дошле пензионерите и ги искупиле можда. Одам во друг Стокомак во соседната населба, и таму капут. Ај си викам, популарни се, одат ко алва. Одам во центар, прашувам на каса, ми викаат нема. Викам, абе пензионерите да не ги здиплиле, а она вика, не, добивме само 10-тина, од кои јас, Марија и Маргарита си земавме по еден и оставивме на страна за двајца стални муштерии, а другите 4 ги купија. Си излегов за накај дома, од нервоза колата си ја промашив, пробав да отклучам друга, дојде чичето и ми вика абе ти да не ја промаши колата или сакаш да ме пљачкаш. Го гледам под брк и му викам, не ме нервирај и ти, 5 стокомака притисокот ми го кренаа.
Јас ако го видам на време флаерот и има нешто што го сакам одам во 8:00 таму, така ми имаат кажано продавачките-доаѓај кога отвараме зошто пензионерите ги дигаат за 5 минути.
Епа ќе си носат количини, а не да се брукаат вака. Плус и вработените меѓу себе си зимаат, а и чуваат на страна за познати.
Јас мислам дека ако нешто носат количински малку не треба да го стават на флаер. Реално само 10 да донесат на кого попрво, кога нормално и тие што работат тука сакат да си купат. Ме нервира и тоа што многу пати редовни производи ги нема долго време. Треба да се подобрат во тоа.
Ќе го стави на флаер, ќе отидеш, ќе видиш го нема, ќе купиш нешто друго. Нив им се исплати да им влезеш. Маркетиншки трик е ова. Колку и да немаш во план да земеш нешто, кога ќе отидеш, ќе земеш некоја глупост.
Мене ми се има случено во 10ипол да појдам и ништо да нема. Првиот пат си помислив одма се потрошило вториот пат дури во 10ипол ги редеа ваквите производи кои им се на акција