Ко некој што не е по чоколаден вкус, ова ми е едно од поомилените благца, понекад ги носат, еве сеа ги има.
Дали некој го купи фигарото за виткање? Денес бев, имаше останато се мислев да го земам ама па не прочитав искуство. Можеби понеделник ќе се решам
Мене искрено ми е трагикомично ова со акциските производи, кога на залиха имаат по 1-2 артикли.... Абре во Лидл, на залиха има да се знае, да можи чоек да оди на раат да си купи кога сака, а не онде со пензионерите да се тепам за една цедалка.
Нема ни да стигнеш да се тепаш со пензионер за цедалка пошто истата си ја купила продавачката. А и втората цедалка исто.
Во принцип, по маркетиве кога снемало производ, или го купила продавачката или пензионер, трето нема.
Во Стокомак најчесто во понеделник ги вадат тие неколку попопуларни акциски прпизводи, носат 5-6 парчиња во 7.30 отвараат во 7.45 купени сите и завршена акцијата на тој производ.
Ок е како продавница ама преееетесно е кај мене во населба продавницава и ја избегавам и некогаш вработените прават фаци ако земеш по една раб
Јас го земав денес ова од десно, уште да научам како се прават локни.Некако бавно ми работи. Прееска пробав 10 тина минути за почеток не сум воодушевена нешто. Да го испробам убаво ке пишам искуство овие денови.
Денес си,, играв"пола час со ова и го баталив. Мене ова ми е како играчка, дефинитивно џабе фрлени пари. Мислев дека поинаку финкцуонира Некоја ако го има или купи нека каже ако има цака, гледав и видеа џабе. Освен што се кубев и мислам дека косата ќе си ја запалам од толку пробување. Сега се мислам дека да го баталам
Со здравје да си го користиш. Мене многу ми олеснува и не го менувам за ништо, а искрено предходно имав сменето 10 различни сигурно.
Скоро имаше чаршафи за маса си земав. И јорган дупли си купив, и полици за чевли. Сеа последно имаше едни шарени ѓезвиња и лончиња, си земав ѓезве. И канта за ѓубре по некоја смешна цена знам земав. Мислам пола дом си го опремив. Исто и фигарото што се збореше поназад ми е од таму. @anggell јас го имам другото, левото и баш лесно се витка. Моево горе има вдлабнатина, праменот се става од горе и се спушта од другата страна навнатре, во процепот и тогаш се стиска копчето да заврти да го фати. Ова што си го земала не знам како изгледа, ама би требало да има нешто да го пикнеш праменот.
А бавно ли врти, јас мислев позабрзано ќе биде Моето нема дупка туку треба праменот од еден на друг крај да го извадам и да мота. Јас не го ни приметив тоа а искрено ни не знаев кое е подобро.
И јас исто, не можам да се снајдам како играчка ми е џабе си дадов 1000че, кај тоа мало внатре може вел прамен да навитка или јас не го знам штосот…