Здраво, за тие што постат во Стокомак има веге крем без палмино масло и без шеќер, за со палачинка за викенд (ако постите без масло, затоа за викенд) ќе се најде, не е лош. Исто откритие ми е и багет лепчето со зачини и лук Купив да пробам топло чоколадо УЖАС! Во хартиена кутија што е... Што се подновивте? Денес нов леток
Пробав Марленка и ја, конечно. Не се лоши, вкусни се, лесни и не се премногу благи за мој вкус. Ама што знам, не се ништо посебно за таа цена. 7.5/10 би ги оценила, 8 еве, да не бидам толку лоша. Ѝ земав и на мајка ми, нејзе па повеќе ѝ се свиѓаат. Нарру swing rolls исто прв пат ги зимам. Би рекла дека повеќе ми се допаднаа од Марленка. Вкусни се и полни со крем внатре, не штеделе. За нив 10/10. На кое топло чоколадо мислиш, може слика? Зашто имав еднаш земено и памтам дека ни мене не ми се свиѓаше.
Ги има некој начекано компирите во ќесе што им се на акција во Стокомак? Значи нигде ги нема. Пишував пред некој ден за ваквите измами и пак си продолжуваат со истото. Во 3 маркети прашав и ми рекоа дека не ги добиле сеуште. Ова не е*ат во здрав мозок изгледа.
Го купи ли некој комплетот фен за коса, фигаро и пегла? Некако кутијата мала ми се виде за 3 производи..
Дали некое е вкусно од овие? Многу одамна еднаш земав некое вино со вкус и имаше вкус на шампон, буквално непивливо беше.
Некое од тие Vita Vino имам пробано, ама грди ми се. Ако сакаш нешто коктеласто, пробај ги Cosmo лименките. Сината е вотка (има вкус на вотка-тоник комбо), зелената џик-тоник. Баш ми се убави, а со малку мраз и нане - топ. А од вината, многу ми се допаѓа Sommelier - Црвени брегови.
космо тоник има горчлив вкус воопшто не ми се допадна. Тоа космо вотка како сокче е ама има баш пријатен вкус и
Мене ова воопшто не ми се допадна, го фрлив. Инаку да, можеш да си го искористиш во тестенини доколку ти се допага вкусот.
И јас лани купив исто вака во пост беше на понуда и го фрлив ама макот е јак и кој не го сака баш, ова не е за него дефинитивно. Ова е за штрудла со мак и сл. Прееска сакав да му дадам втора шанса, ама се предомислив хахах
Виново од стокомак ми е откритие, лесно а преубаво Го препив искрено, и сите гости со истото ги пречекав сите ауу виново сигурно скапо волку убаво. 135 е или 119 на акција