Ако ги донесат некогаш пак, овие да ги пробаш. Тоа од јагода послужено со смрзнати малини, ептен освежително. Спојлер Од твоиве слики, од тие Vita Vino имам пробано некое, гадно беше.
Од последен флаер компот од малина и капина ептен ми се допадна утре одам по залихи Патосниците за бања се убави меки и гумирани не лизгаат ич И корпите 169 денари се големи убави за складирање Пробав и фронди портокал не беше лошо ама не се ни вау, сепак вкус е во прашање, Милорд на Кам, чоколадните стапчиња се врв за разлика од овие. И сирењето голема пластична кантичка 345ден 1.5кг освен за поховано не знам за што би го користела, претврдо е и пресолено.(Од друг флаер сега отворено ма да го има во маркет иако пишува краткотрајна понуда) Еве слики
Мене фронди од портокал ми беа преблаги ништо посебно, но затоа swing rools од солен карамел ми беа преубави и денес планирам да набавам уште. Ако најдам од компотот би зела за проба. Од флаерот што почнува од денес ќе земам сушара ако најдам ми треба за на викендица, во петокот кога појдов немаше скоро ништо најдов една полица за бања неа ја зедов. Видов во наредниот флаер детски плакар со пластични фиоки, мислам дека ќе биде добар за играчки но ќе чекам да излезе и да видам димензии и дали ќе ми одговара.
Leave in кремата за коса сте ја пробале? Не знам како се вика, крем боја е амбалажата и големо пакување е. Другарка ја користи, убаво мириса и ја омекнува косата, помага за расчешлување. Искрено ја бев скептична, ама уопште не е лоша.
Маската за коса ја имам користено, мислам дека беше со кератин, така нешто. Одлична ми беше мене. Leave in кремата не ми е користена, но ако е слична како маската, би требало да е убава.
Да, таа е. Мислам дека на амбалажата пишуваше дека е со кератин. Ако најдам слика ќе постирам. Супер е, се исплати дека е голема амбалажата.
Јас и ја зедов на мајка ми. Таа е задоволна засега, не ја има нешто ептен користено бидејќи не дека нешто посебно шие со неа, ама за нешто ситно досега што ја искоритила, задоволна е.
Дали некој го има користено сувиот шампон од стокомак? Дм нема во мојот град batiste најдпв во еден локален маркет ама е над 200 ден. И за дезодорансите дали може некој да сподели мислење. Јас земав рононлиња мислам alur беа али се со алуминиумски соли
Океј е, јас го земав бидејќи солидна оцена ми даде на таа апликацијата за состојки. Претходно го користев на ДМ за кафеава коса, па овој ми делува некако бело ко да остава на почеток, ама барем не гуши.
Јас пробав милка и тоблероне ако се рачуна за торта, искрено не вреди за парите. Не се секавам колку беа околу 400-500 ден, ама тоа на се личи само не на торта. Мало и тенко. А искрено и вкусот од 1 до 10, 2 и давам и на двата вкуса.
Да се навратам пак на темата за фигарото за виткање, јас имам долга и средно густа коса со средна дебелина влакно и за мојата коса нема шанси, никаква функција не ми врши освен што одвај ја отплеткав. Мајка ми има коса до под раменици со потенко влако и помеко, со ова фигаро има преубави локни. Пресата е за не многу долга коса, за коса до раменици е идеално и секако да не е густа премногу. Немаше шанси за локни како кај мајка ми. Нејзе преубаво и ја направи косата.