Тие од Кам се подобри. Има една мала како ролат, со вишна/малина е нешто и е преубава. И го заборавив името како и беше. Хортензија, Фантазија...така нешто беше.
Во кој Стокомак начекувате Марленка? Јас никаде не можам да најдам, или може не гледам убаво Во кој дел стојат?
Стокомак кај последна петка во Лисиче имаше пред 2 дена. Во фрижидерот кај што им се печурките, корите, квасецот....
Во фрижидер стојат, кај млечните производи. Види во тој во Центар, близина на Градска болница, поточно карши автобуската. Јас најчесто таму наоѓам.
Дали некој ги има овие термоси? Мајка ми и донесе на ќерка, последен бил во продавница. Е сега зедов да го мијам, внатре е само со кратко цевче на капакот. Да не фали дел за до долу што треба за пиење вода? Ако го има некој да ми сликне.
Дали некој денес го купи трициклот, јас го зедов ама имам проблем со составувањето па ако го има некој земено да помогне. Не можам никако да ја закачам предната оска и да ја прицврстам, а не знам ни каде да ја прицврстам. Упатство нема баш јасна слика како треба.
Ова чили лук пастава ми е откритие на годината, нема во што не ја стаив, нудли, ориз, јајца, пире, урда... врвоини! А ова виново опасно е, пиеш и не приметуваш дека те мава пошо има вкус на хуба буба мастика, и одеднаш те фатило.
Деновиве ова ми е омилено, како спрајт е: А ова не е лошо, има вкус на варен морков, а не очекував дека ќе биде толку меко, како и да е, со што да го комбинирам се мислам... 19 калории и 2,23 протеин на 100 грама.
Во сендвичи го користам аспарагусов, онака самостојно не ми е многу убав за јадење баш поради тоа што е толку мек. Убаво оди во комбинација со кашкавал, ко чедар на пример. Мене ми се допаѓа и во комбинација со кремасти намази (абц, кајмак, хумус) им дава некој kick.
Го купив чили сосов, мене искрено ич не ми се допадна, ми мириса на стоени работи во фрижидер за длабоко, каде што имало се и сешто,(свекрва ми како што чува се) вклучувајки и замрзнат печен пипер Можеби ако го ставам во готвење ќе се неутрализира мирисот. Само да даде шмек, мн сакам луто
Јас обично ВО зготвено го ставам, не е мн луто, ама ми дава некој многу убав шмек, скоро па како пармезан да има (нема, ама мојот мозок така некако го асоцира шмекот ).
Од Стокомак мене ми се допаѓаат индијанките. И Алпинела чоколадите за тие пари вредат. Друго не ми се погодило нешто по вкус, ама ретко одам таму, не се движам во близина на Стокомак, не ми е рута. А, и лајк за тоа што продаваат Пепси.