Да ја ,,дополнам,, само Фана. Пластика измеѓу нозе е практична ствар, бебе има хранилка и без, па одма ногите ги прчи на масичето или си ги поткрева или од многу мрдање се излизгува, уствари од глупирање Треба потпирач, зошто пак да му висат. Бебе уште седи со испружени ноџиња. Пластична и јас бирам, со тркалца, мојата и се закочува да не бега, практично и тоа. Наваката е како мушама и се пере у машина, едноставно се вади, тоа ми беше многу битно кога купував. Бебе е 18м и ја обожава, си го знае ритуалот дека САМО таму се јаде, буквално ако сме негде и нема хранилка он не знае дека треба да јаде, па дури фатиме ред ќе не стемни
го имаме оваа, на 4 тркалца е и воопшто не е нестабилно бидејки задните тркалца може да се закочат по потреба. Лесно се мести. Материјалот се брише но јас еднаш месечно го перам на 60 или 40 зависи колку е извалан. Тоа од преди ксде што се става храната се ваде како послужавник за да го измиеш. Се прави во три положби го ставав од 5ипол месеци бидејки се праве во полулежачка почожба. Обожаваме и да си заспиеме во него клацкајки се
И нашата хранилка кај грбот се подесува на 3 нивоа. Бидејќи бебо уште не седи сам, 5м е, на 2 или 3 ниво треба да го ставам кога ќе јаде?
Си велам да ти пишам затоа што истите прашања ме мачеле и мене. Па може искуството ќе ти помогне. Имавме 2 столчиња досега - едното остана во МК откако се преселивме. Сега го имаме ова на сликата подолу, од кое сме супер задоволни. Во однос на твоите прашања: 1. Двете тркалца беа назад а напред фиксни. Сега докупивме уште 2 тркалца и ги монтиравме, супер е. Олеснување невидено, со оглед на тоа колку е гломазно нема шанси да е нестабилно. Сега ќерката (4 години) може сама да си го носи накај масата кога јадеме. 2. Дрвено или пластично нема врска. Зависи од моделот. Дрвеното во МК беше понестабилно од пластичново. 3. Предниот дел е поголем и кај нас сѐ уште се користи. Малата седи на него и си јаде. 4. Бојата нема врска затоа што навлаката е мушаместа и се бриши одма. 5. Има меѓу нозе и кај нас е извадено, оти сме во фаза како што викаш "подоцна". 6. Потпирач за нозе кај нас се покажа од помош, бидејќи многу ѝ е прикладен за сама да се качи и да се симне од столчето. Еве ние го купивме на година дена кога беше, уште го користиме. Планираме и за второто да го користиме...
@Kaetana фала ти. Се крева нагоре уште некој степен? Ние немаме маса трпезариска, имаме шанк и ќе ја ранам на тој начин. Би сакала да ја научам дека само на едно место се јаде и тоа е таму. Имате право тркалца дефинитивно ќе треба да има.
И се крева, и се спушта. И легнува исто така. Тркалцата се со кочници. Види треба да има и видеа. Peg Perego Prima Pappa. Сега мислам има понови модели. Чисто да видиш што нуди.
Ги разгледував вчера столовите и на интернет @Kaetana имаат преубави прима папа. До колку кг е вашиот? Е сега проблемот е што столовите кои се местат во позиции на лежење делот за лежење е до 9кг, а за седење до 15кг. Малава има веќе 9кг така да мене не ми се исплати да купам некој со позиции на лежење уствари. Да земам само стол за седење ми рекоа тие немаат проблем со тежина. А бебе е речиси четири месеци. Нема да седи сигурно уште два. Не знам што да правам и што да земам.
http://www.libertabebecentar.mk/relaksatori/hranilki-2/kinderkraft-high-hranilka-fini-full-black Еве во што се заљубив јас денес, едвај чекам да го купам
Сите беа до 15кг познато ти е дека и мојот е тежок 10кг 5+месеци ама не мислам дека вака ќе каква кг до бескрај ќе стагнира малку
Абе нема до бескрај да оди али многу брзо ќе дојдат до пред година дена сигурно и потоа уште едно треба да се купува. Какви глупости изнакупив пред породување кои не ги искористи сега има да прашувам месец дена унапред Сите овие пластични со тркала со менување позиција се до 15кг. Оние дрвени класични столчиња се до 5 години. И ова е до 5 години многу стилисимо али внатре седиштето не знам колку е големо да не им биде тесно наскоро, го виде во салон? Едит: најдов има и до 30 кг https://clamaro.shop/produkt/371-kinderhochstuhl-gourmet/
@FreeMind чекај малку. Пластично столче велиш. Тоа целото е пластично сосе ногарките?Кај нашето пластичен е делот за седење, а ногарките се метални. Едит: http://www.bebehome.mk/хранилка-том-фрееон-црвен-буф-63497 Еве го. Делот каде што има бројчиња со црвено е метален.
15 кг е просечна тежина на дете од 2-3 години. Сигурно твоето нема да качи 15 кила пред година, премногу е, нема да може да мрдне од тежината. Ако на 6 месеци има 9 кила, на година ќе има 10-12кг максимум. Нема шанси повеќе да има. Ќе стане активна, ќе троши, ќе лази, треба да прооди... килажата само ќе и смета во тоа, нема да може да се движи, а ако се исправа на нозе пред време, може да и се искриват коските.
Метални се ногарките веројатно кај сите. Ова до колку кг е? Фала ана за објаснувањето јас навистина не знам како би одела со тежината. Само знам дека 15 кг се блиску и столчето нема да се користи долго како што е намената. Ама ако 15 кг е на две години се исплати да го земам. Дај линк од ова 36 кг и ти како мене
Не ми ни текнало на тежината. Како си го користи од година дена континуирано, не сме обрнале внимание. Сега е 4 години и скоро 5 месеци, има 16 кг, и уште си го користи без проблем. До толку што се качува со килажата на делчето за нозе и нема фрка.