Ја земав да. Си ја врши функцијата скроз. Ама има некои работи кои сакам да ги споделам. Прво и многу битно, нема опции за други агли, па бебето треба директно да седи во неа, а бебе од 4-5 месеци не смее да се форсира да седи се додека самото почне. Јас од мерак ја земав кога моја бебла имаше 6 месеци, ама за хранење продолжив да го користам релаксаторот токму од таа причина. Меѓутоа многу брзо почна да се исправа и од полулежечка да седнува и да не сака да лежи, па ја ставив во употреба и го пензионирав релаксаторот оти не го сакаше повеќе. Друга работа е што нема левели за подесување на висина, нема тркалца за полесно пренесување во друга соба што значи треба да се подигне за да се пренесе, плус е гломазна и зафаќа простор посебно оти нема опција на склопување и расклопување после секое јадење. Мене тоа не ми преставуваше проблем. Стационирана ми е во кујна, висина да и менувам не ми треба, а подоцна кога ќе и заврши функцијата на хранилка се прави во многу шик столче за седење. Во секој случај, сеуште ми е најубава и најелегантна од сите хранилки, и воопшто не жалам за изборот. @Bubish26 оваа на кика бу изгледа доста слична, па воглавно тоа би било моето искуство и мислење за хранилка од овој тип.
Што мислите за овие хранилки, која би ми била најпрактична? Мене најмногу ми се допадна таа што се прави после како масичка со столче
Што направи, одбра нешто? Гледам на стендбај темава, не ти вратила никоја . Јас сега ја отворам нашата, користена е од други, па не знам дали ќе ми се допадне. Ене во туш-кабина е, чека туширање . Како да не ѝ се менува потпирачот на оваа што ја имам и многу исправена ми изгледа. Да ја средам и ќе ја сликам. Претходната мајка што ја користеше како што ја оставила од последен оброк, така ја прибрала. Ахх сега мене работа ми ја отвори. Ај по секако не сум јас ако не премијам или пребришам нешто. А за тебе, последните две ми се поубави. Гледај да се нагодува висински и потпирачот да нуди три нивоа на 45, 65 и 90 степени. Мислам дека така беше.
Бев разгледав, и таа што се прави како масичка не ми се допадна зошто е ниска и нема да се подесува висински. Земав како втората, има 6 нивоа за висина и 3 за седење. Супер ми се покажа а воопшто не е скапа.
Совет за сите. Земете поефтина, најобична и не гломзна. Џабе и одбирав кога една пластична во еден ресторан ја сака најмногу, а оваа дома никако.
Една од подобрите хранилки... Баш на инстаграм кај majkatakata имаше убаво објаснување за оваа хранилка
Само што на оваа хранилка не се поместува седиштето напред назад, а според мајкатаката е важно и тоа. Затоа сакам да знам искуство од некоја колку е практична.
Ако е фиксно седиштето, не можеш да ја користиш од почеток кога ке почнеш со цврста храна. За почеток, и на 5 да почнеш, и на 6, ке треба да го спушташ седиштето на најниско ниво. Ако сакаш поцврсто столче погледни ги тие на чико, околу 8 9000 се. Јас имам од 4000 и задоволна сум. Ја користев до кај 1 година. Оттогаш наваму не сака ни да седне, седи на стол за возрасни.
9 месеци е мојов. Сакам да се прави како стол за на маса кога ќе дојде време здравје. А тие од чико беа хранилки стандардни, за мајката да му дава. Јас сакам сам да јаде и да има добра положба, затоа оваа ја препорачуваа.
Тоа е друго, ама сега ми текна во која тема те читам. Мојава може да се спушти и да се приближи до маса, ама ти велам, синко сака како нас на класичен стол.
Многу изгледа несигурно сепак треба дома столчето да го измериш и ова да видиш дали ќе ти одговара за 3000 денари од локо кроко земав убава хранилка. Според мене ова не се исплати за парите али ти си одлучуваш
Јас ова го зедов. Материјалот е многу пријатен. Воопшто не е пластика ко кај другите столчиња. https://shop.tuctucandfriends.mk/p13423.html
Дали некој ја користи хранилката Kika Boo gourmet и какви ви се искуствата? https://www.lococroco.com/хранилка-kikka-boo-gourmet Ние ја користиме веќе два месеци, но бебе веќе не сака да седи во неа, како да му е неудобно, никогаш не седи исправено, а последниве денови и сака да јаде. Кога ќе го извадам од хранилката, се радува и сака да јаде Размислувам дали вреди да купуваме друга која ќе му биде поудобна...
https://www.lococroco.com/хранилка-loco-croco-toto Јас ја имам оваа разликата помеѓу сите е во дизајнот претежно мм кога ја купуваше ја земал тото зошто поефтина и супер е според мене и матерјалот се брише 5 точки за висина и 3 точки има за хранење 45-60-90 степена
Не верувам дека не му е удобна, само место не го држи да седи мирно Што поточно прави? Се тегне наназад? На што мислиш со тоа дека не седи исправено? Си се потпира додека јаде, не седи на 90 степени?
Да, да се тегне наназад Седи криво, се потпира на левата страна. Инаку вака самостојно си си седи, нема проблем, само во хранилката така седи
И моето прави така, затоа и знаев што прави твоето Некогаш седи мирно, некогаш мрда, сака позади навлаката да види што има, мава на послужавник, плука со јазикот, се смее, се тегне. Не ги држи место, не си троши пари за друга хранилка, не му е неудобно