Се мислам измеѓу тото и оваа: https://www.lococroco.com/хранилка-loco-croco-tiny Една висина плус има што не ми е воопшто битно ама има неколку позиции за послужавникот и потпирач за ноџињата - не знам дали овие 2 работи треба да ми бидат битни. Инаку разлика се околу 1000 ден. Мислење?
Оваа од Локо Кроко според мене. Кога купував, ме советуваа тој пластичниот дел што е меѓу нозе да биде на послужавникот и послужавникот да менува позиции поради удобноста. Особено ако е машко и поради курето, со тек на време ќе му станува тесно ако тој делот е статичен и е на самата хранилка. Гледам дека му се стеснува и кај и да е ќе го местам послужавникот на позиција 2, сега уште е на 1.
женско е ама ваљда како што напредува дете, така му треба повеќе простор, не знам, некако така си замислив во глава. инаку и тото и тајни се локо кроко, само тото е поефтина ама ако ја користиме тајни подолго време и не би ја жалела таа 1000ка плус
И оваа има три позиции за послужавникот и за ноџињата да не му висат потпирач така да комплетно иста е
Не е иста, на седиштето тој дел помеѓу нозе е статичен, на оваа не е. И делот за нозете потпирачот не се мрда. Тоа се само разликите.
Не знаев дека двете се во Локо Кроко, како на повеќе места да сум ја видела Тото и си помислив дека ја нема таму Сумирано, пластичниот дел меѓу нозе не се поместува, ете Мини пиша дека потпирачот за нозе не се мрда, па размисли си која ќе ја земеш кога ги знаеш разликите.
Ќе идам да ги видам у живо. Ќе се распрашам и у друштво за мислења, сите деца израснаа, ваљда ќе имаат по некој мудар збор да споделат
Ако на тото хранилката делот е статичен помеѓу нозе не би ти ја препорачала. Иако е женско, пак кога ќе е поголемо ќе сака повеќе слобода, а вака може да не сака да седи во неа подоцна.
Ние ја имаме таа од Фрее Он, уште од пред 4 години. Лесна, практична, за големиот до 2 години ја користевме, сега на бебуш му дојде ред. Можеш да ја спуштиш на 3 нивоа за грбчето и на 6 нивоа за висина. Јас сум задоволна.
Здраво. Каде да најдам хранилка со дрвени ногарки, ама поголеме и да не е статичен делот помеѓу нозе? Благодарам.
Баш слична е оваа јас што ја гледав https://www.libertabebecentar.mk/relaksatori/hranilki-2/kinderkraft-hranilka-yummy-eco-pink Колку е на твојата страна што си ја гледала? Во либерта има, отвори на нивната страна
Мајки дајте некој совет за хранилка каква би била најпрактична јас не сакам со каиш меѓу нозе не знам можеби грешам па некој совет?
Колку работите се смениле за овие години. Во детските продавници последно бев пред 6 години. Овој пат имаше преубави столчиња за хранење. Освен оние стандардните, дрвените .. Сега имаат и нов додаток да се стави дел како релаксатор за да бебето седи со вас на маса од сам старт. За нас и те како потребно.  Ние вакво земавме.
Ако користиш количка низ дома во транспортер на количка и до маса ние така седиме сега иначе нема шанси да ручаме 4м има бебе
Количката не ја користиме за низ дома. Имаме и релаксатор кој го ставам врз креветчето што ним стои во дневна ама несакам да го шетам натака навака. И така моравме да земеме столче, кога има со ваков дел за бебиња уште подобро. Си има негово фиксно место. Плус кога пишуваат другите домашна сака и он да е до нас. Да гледа. Скоро 3 месеци е а си бара да не е сам. Да му збориш или само да бидеш до него. Ние живееме во Германија. Го порачавме онлајн од бејби маркт. Околу 150€