Мајки има некоја искуство со Safety first looky? Не пишува на сајтот од која до која килажа е, можеби знаете?
Од овие две која ја препорачувате , со слични опции се и двете со прилагодувања на грбчето , и потпирач на нозе Edit: И Луна од енци менци исто ми фаќа око , eдна од 3ве , ама незнам која да биде
Дали некој го има Пали Папи Лајт? Или да го видел во Бебе Хоум... ќе нарачувам онлајн, па ме интересира дали е стабилно. Спојлер Исто и за ова, нека пише некој ако го видел (Joie Mimzy Snacker) Спојлер Или Авокадо Мони Спојлер Претпоставувам дека е до 15, сите слични се до таа килажа. Пишуваа на форумов, и има логика, дека за машки бебиња не се препорачува пластичниот дел да е така меѓу нозете, туку на послужавникот.
@LivingGlam @IRBBB На Пали не е лошо убаво е. Баш денес за мојата мома хранилка купував. Safety ама ич не ми се допадна. Ни изглед, лоша пластика, чудна кожа во делот за седење. Јас од енци менци и земав една и има таму многу поубав избор и пристапни цени. Ова според мене
Ние ја имаме Папи лајт и е топ искрено, послужавникот се мести на повеќе нивоа, исто ис едиптето, цврста, бебе ја обожава само во неа јадеме
Папи лајт ја имаме само пто пишав погоре топ е хранилката цврста и најбитно бебе ја сака Пластичниот дел е на послужавник јас го тргнав скроз
Фала ти многу. Лесно се чисти материјалот? @LucyLu фала и тебе. Која ја одбра од Енци Менци? Иако Пали Папи ми се допадна вака на изглед, ич не сум за Бебе Хоум
Мамички ај ве молам препорака за убаво столче за хранење. Буџет неограничен и ако може и линкови да ми пратите ќе ви бидам ептен благодарна
И јас оваа а зедов , др шара само , задоволна сум , бебуш и тежок си е 9кг+ баш стабилна и цврста , ние веќе а користиме. Е држачот измеѓу нозе е на седиште , ама не му смета , ми фати око моделот , доста а купуваат и задоволни се сите , мене и така за кратко време ми е потребна само , а се мислев измеѓу оваа и Пали .
Здраво дали ја има некој користено оваа хранилка да сподели искуство дали е практична,ние сне 8+++, И неможам да се одлучам
Ние седиме во неа,почнавме со каши,6 месеци сме,ја ставам во полулежечка позиција.и се научи дека штом таму се седнува ,се ручкааа и отвара усте
Планирам од 5 и нешто да го ставам на 45 степени со нас на маса, да се навикне на моментот. И сега го носам со креветчето (со тркалца е), па пиеме кафе и ручаме а тој ни прави друштво. Нешто пред 6 (една недела на пример) планирам да почнеме со вкусови. Инаку има и хранилки што се користат од почеток, ко релаксатори, ама тоа ми е некако ту мач. Тие на Сајбекс и Стоке што ги планираш се од 6+, зашто нема наслон. Сакав и јас дрвена, ама поради тоа се премислив, сакам да има благ наслон а да се исправа сам. Читам во описот дека има тркалца напред, а не се гледаат... лесно се вози? Пример да го извадам послужавникот и да го ставам на маса со нас, после лесно можам да го тргнам назад столчето пред да го извадам беблово? Замарам, свесна сум. Која возбуда ме фати за јадењевоооо...
од 5+ можиш , ама што се прилагодува наслонот ,тие што ги имаше објавено се за од кога веќе ќе седи постабилно. Кај мене е 5ипол месеци , од пред неколку дена го ставам , се вежба и за седење се исправа нанапред на неа.
да. Има само напред тркалца. Јас имам возено со дете внатре, ама мора да поткренеш малку. @Pacient srna овие хранилките што си ги пишала освен името ништо немаат друго. Понепрактично не си можела да гледаш.