ние го имаме ова, поубаво здравје, си ручка , си седи по малку и гледа цртани, таман колку да завршам некоја работа
Од каде го земавте Златна Алис на сликава гледам и други столчиња и цената која им е ,немислам да давам многу пари до 3000-4000 овие пластичниве некако многу скапи ми се барем таму кај што гледав се над 6000 ден се.
ние го земавме 6000 од city mall пред 5 месеци ама еве сега го видов поефтино овде https://www.facebook.com/photo.php?fbid ... 669&type=3 и топло би ти препорачала да си купиш цврсто столче оти маливе палавковци ни се ептен активни и ни треба нешто стабилно и цврсто
Здравје Боже, кога ќе имам дете, сакам вакво столче: На маса, со сите да седи сакам. И на детето ќе му биде помило. Освен тоа, се склопува многу лесно и едноставно, не зафаќа простор и можеш да го носиш кај сакаш (на гости, во ресторан...). За сигурно - сигурно е, знам од искуство (сестра ми имаше вакво за нејзините). Детето до мене, и сите заедно да ручаме.
Столчето за хранење ми е најискористено нешто од сите нешта кои ги изнакупив за бебушот. Во него си ручкаме и си играме. Го оставам со играчки и си тропа игра и вака така поминува некое време.
Здраво ме интересира мислеље од вас за столчево за хранење од Икеа што е..Многу е ефтино ама не сум баш сигурна дека е удоб но, ми се свига како изгледа минималистичко и плус фино за чистење, вие со искуство што мислите?
НАшето столче е на две нивоа, односно се прави и високо и ниско. Многу ми е од корист, почнав да ја учам кога се јаде само во столчето да е седната, па веќе недела дена така правиме. Одлична работа, за да нема правење хаос на сите страни(бар додека се мали )
Eве го нашето јас сум презадоволна,за одржување е супер ,а и кога ќе потпорасне предните делови се вадат и се прави како столче за на маса да си седи.
Ние го имаме ова столЧе од Икеа , супер е , удобно е секако си купивме и такво перниЧе мада веке не го користиме Се Чисти лесно и брзо Малава моја си седи на него , а има 15 месеци Ефтино и супер
Ние имаме од оние столчиња на маса што се закачуваат, прееезадоволна сум. Ептен е среќна кога ќе седне со нас на маса да јаде. Просторот ми е голем проблем ама оваа воопшто не зафаќа место , го носиме секаде.
Ми треба помош од вас Сакам на внуката за 1-от роденден да и купам столче за хранење. Појма немам каде и како има вакви продавници и цените како се движат. Во Џамбо видов едно 3000 ден. само не знам дали е квалитетно, а во Енци менци многу ми се скапи. Ми треба совет за убаво столче за хранење некаде до 4500 ден. кое што ќе можат да го користат подолго време.
Ние имаме вакво, на Бертони е, го купивме 3000 ден. Прво мислевме да земеме од тие погломазните што се дигаат, спуштаат, ама среќа се предомисливме и ова баш ни е погодено. Гледај материјалот да е како мушама, зошто има и платнени а тие не се практични за одржување.
иста ваква хранилка имам и тоа баш портокалова дефинитивно најдобра и најискористена работа. би зела и една монтажна оние што пасуваат на било кој стол па незнам дали има кај нас, немам време да прошетам, ако знаете пишете каде и колку им се движи цената