Па мислам на секоја хранилка различен е , зависи од моделот. На пример на мојата е мал, барем така мене ми се гледа во однос на други хранилки ама доволен е за чинија поголема и чаша. Јас ја имсм Кinderkraft finio со дрвените ногалки и скај седиште. Послужавникот е пластичен и лесно се одржува. Има баш еден дел како тацна и врз послужавникот и тоа се вади и се мие. Маана му е само што не се подесува нивото за нозете да се потпрени (не треба да висат), уште ѝ е големо, ама она си ги потпира на рачката под послужавникот што е
Секој послужавник своја прича. Пример, ја ја имав бендисано cbx anoki ама маж ми ме натера да ја купиме cbx taima затоа што послужавникот е поголем. Според мене тој на анокито ќе беше доволен, овој е доста широк, не можам бебето да си го достигнам да му пикнам лажичка дека јас со кратки раце сум
Пошто планирам по Blw да почнам со дохрана, претпоставувам дека ќе ми треба некоја со поголем послужавник. И на крај пак сум на почеток, нема да биде ко шо се надевав, ќе бендисам онлајн и ќе појдам да купам, туку пак треба да се акам по продавници и да мерам послужавници. Фала ти Бици во секој случај.
Imase majkata kata post na insta za hranilki za blw pobaraj i go. Jas naracav tripptrapp ama dodeka stigne zemav fopapedreti hranilka od prijateli i vo nea ne mozam da namestam bebe od 6 mes vo 90/90/90 pozicija zatoa sto sedisteto e pregolemo pa butam pernici pozadi, a potpiracot za stapalcata ne se pomestuva gore dole i nema sansi da gi potpre stapalata tie visat
Ете таима има голем послужавник, таман би бил за блв. Има и горен дел послужавникот што можеш да го отстраниш и да го измиеш. Можеш да поставиш на 90 степени. Материјалот лесно се пере во машина. Има и можност за подесување кај нозете да не висат. Али гломазно е столчето. Лесно се склопува али ако си со ограничен простор, проблем ќе ти е и при користење и при складирање.
Od bebehome vo grcija. Toa sto go sakav go nemaa na zaliha plativ avans ke mi javat koa ke stigne. Inaku imaat nekoi boi tamu mozes da odis da si zemes odma. Razgledaj bebehome.gr Poskapo e ama pa dozivotno e i mene mnogu me bendisuva. I pred blw go sakav glupava ne si go naracav so vreme
Моето ја има оваа. ОК е, лесно се чисти, лесна е и стабилна. Се вадат сите каиши и лесно се перат. Е знае да исполепи се' со храна и има тешко пристапни места кај што е шиено, ама не е страшно за чистење. Ништо посебно, хранилка ко хранилка. Важно не се клати и изгледа дека му е удобна за седење.
Здраво драги мамички. За моето бебуле треба да купам хранилица и ја бендисав Luna, ja има во Енцименци. Но не знам дали тој пластичен дел меѓу нозе е прицврстен на делот за седење или е на послужавникот? Би ви била благодарна доколку со своето искуство ми помогнете.. Благодарам
Уште не сме почнале со дохрана, го ставам бебуш само колку да се навикне. Вака убава е, наслонот на грбот се поднесува на 2 нивоа, висината на столчето на 6, послужавникот има дел што се вади за миење - тоа е доста практично., се на се мислам дека е добра хранилка.
Еве веќе ти одговориле, некако и кога е склопена си зафаќа простор, не е дека можеш да ја пукнеш во некој ќош ако тоа те интересира.
Јас се мислам измеѓу овие,но не знам која најмалку простор зафаќа. Немам голема дневна соба. Прочитав дека Поли на Chicco зафаќа многу простор. Кој има искуство нека сподели, баш би била благодарна.
Оваа е мала и не зафаќа простор Јас ја имам Луна и е голема, дури и поголемата ќерка од 4г може да седе во неа
Многу место фаќаат, се испотепавме дома на неа. Зедовме од Икеа оние најобичните, научи и стабилно да седи, се брише и не зафаќа простор.
Хранилкава ептен ми фака око, ама не се собира? Ние имаме хранилка ама мекиот дел керката го искина.. И сега се мислам дали да купуваме нова. Се продава негде сунгерестиот дел од хранилките?
Не знам да ти кажам. Јас ја купив за подарок, неотпакована им ја дадов и отпосле во живо видов дека е помала,затоа ја препорачав