Јас да споделам искуство со оваа хранилка, Brevi Convivio. Презадоволна сум. Послужавникот оди напред назад можеш да го подесуваш, исто може да се извади и да се закачи позади на хранилката. Голен е и дупли. Цела се собира и малку место фаќа. Седлото и наслонот се подесуваат. Навлаката се вади. Тркалцата се исто супер. Купена е од бебе супермаркет. Едина мана е што делот за нозе оди само горе доле, висински не се подесува ама со модификација може да се намести за по блв.
На оваа хранилка конкретно не знам дали се вади, би требало, бидејќи на најголем број се вадат. За подесување мислев повисоко/пониско, тоа што го имаат kinderkraft enock, safety 1st timba, Tripp Trapp..
Ги имам видено,натурал/основната ја има по ресторани овде кај што живеам,а таа warm red во бебе шоп,ептен специфична е,ако ти се вклопува во ентериерот,зошто да не.. Мене сите ми се убави,особено минтот,но кога купував некако бев неодлучна и земав бела…
Во Стокомак имате хранилки за деца за 1200 денари. Можеби на некоја мајка ќе и биде корисна информацијава
Искуство со столчево? Во описот стои дека е од 6 или 9 месеци и тоа или стварно не го разбирам што им значи (демек ако бебето седи само или што е муабетот? ) @marta993 Вие се одлучивте мама?
Сакав да го земам столчето од ФриОн Тим, но го немаа на залиха во Бејби центар, а сакав во живо да го видам пред да го порачам. Ми пукна филмот од толку гледање, го оставив сопругот да одлучи Отиде во Локо Кроко и ја зема Тiny Иако не е такво столче како што го замислував и посакував, премногу маани им наоѓав на дрвените, де се гребеле, де се вадела бојата, ова си е супер и ќе си ја врши работата. Најважно е што бебуш сака да си седи Спојлер: Хранилка
Баш е убаво , со здравје да си папка во него лепотицата. Тоа е најбитно, нив да им е удобно и да сакаат да седат во него, дали ни се сфиѓа нас мање више битно. Јас па неам многу простор за ваква хранилка, затоа дрвениве ги ставив у прв план, ама па тие бре не ми се за бебе од 6 месеци, што знам.. И колку време се користи уствари хранилка да ме просветли ако сака некој, гледам до различна килажа и години се, од колку години дете седи на обичен стол? (мала бев не памтам )
@i13dk Те прочитав дека ја имаш Луна..може да споделиш искуство...загреана бев за неа ама после прочитав дека пластичниот дел е меѓу нозете а не на послужавникот...кажи ми дали смета тоа? за поклон ми е, за машко бебе, ми е страв да не му смета тој дел
Моето е машко и воопшто не му смета тој дел, бар сега за сега, скоро година има. Големо е реално столчето, собира и поголемо дете без проблем, а и тој дел ко што го гледам може да се извади ако смета понатака.
Кажи ми дали наслонот за нозе се подесува или не? и дали си генерално задоволна од хранилката? за поклон ми е сакам нешто квалитетно да купам
Наслонот за нозе не се поднесува, фиксно се мести само на 90 степени. Задоволна сум од хранилката, ја отварам, затварам со една рака, со една рака ја преместувам а бебе во друга, лесно се чисти ако се извалка од храна, цврста е - малово се влече и се исправа држејќи се за неа. Ми врши работа што има доста различни висини на кои може да се подеси пошто некогаш седнуваме да јадеме на масичка во дневна што е пониска, па го симнувам и бебуш подоле за да си јадеме заедно.. Послужавникот е двоен и горниот се вади за миење, што исто е супер. Исто има и опција да се закачи послужавникот на задните ногарки за да не го шуткаш низ дома ваму таму.
И јас ја имам истата , потврдувам се што кажа @i13dk , баш сум задоволна , малиот ми е 14м и активно а користиме од 5м некаде , не му смета тоа измеѓу нозе воопшто а голем си е. Дури и ќерка ми 5г знае да си седне во неа ( добро она малку и манекенка е )
Ми значат вакви рецензии…јас за мојата не се мислев бидејќи ми беше поклон па немав избор ама кога купувам за други повеќе се притресувам
За парите е топ , синко е 12кг+ тропа беснее на неа , дури и си излева и си седе на послужавник па си стое на седиште си рипа , и добра е нема прокрцано до сега Низ сите соби а шетам ептен практична ми е. И тоа измеѓу нозе нека не те секира , ич не смета и се ваде ако треба , а и најбитна работа се брише многу лесно
Јас и ти изгледа имаме врсници Мојава е некоја кинеска марка, искрено ни знам од каде е купена ни ништо, ја барав на интернет ми требаше упатство ама никаде ја нема, само на кинески ми излегуваа страници, ама убава се покажа…и моево ја вози низ дневна мисли дека е проодувалка е сега нема седнато на послужавник ама ако не е врзан редовно е исправен на седиште Лунава ме бендиса и гледам е доста фалена на форумов ама ми беше важно да е практична, да не речат ми носи на подарок нешто само колку да е купено
На 3ти фебруар годинка направи шефот мој Јас не читав упатства , маж а склопи и го седнав одма тука видов добри мислења и стари и нови и одма а порачав , а немам др искуство , за ќерка ми многу малку користеме бустер седиште за на столче. Јас немам навика да го врзувам секогаш , и многу почна да изведува а кога му давам оброк јас седам пред него и он си излева до мене , па пак си се враќа , си игра со моите нерви а во количка обавезно врзан , оти ни таму не е нешто поарен кога се возе Мислам дека ќе бидат баш задоволни од поклонот Далеку од само купено ради реда нешто е.
@Poppins @i13dk и јас ја имам истата задоволна сум и јас. Е сега сакав да ве прашам дали се вади навлаката за да се испере. Незнам колку пати пробувам и не ми оди се така само ја пребришувам. Фала ви
Ние сме 22ри јануари, тамам врсници абе ако го видам дека не се бунтова кога ќе го седнам и јас не го врзувам зошто цело време сум до него кога јаде, ама некогаш скока, буфта, се мава од седиште, се крева и морам да го врзам...и во количка обавезно иначе ќе се сврти и ќе стани...будало е Луна