Се зависи од бебето колку ќе биде цврсто и стабилно со седење на таа возраст. За бустер треба и да седи самостојно , пошто на тие не се подесува наслонот. Ова е постабилно ама пак ќе зафаќа простор. За по ресторани секаде речиси имаат хранилки тоа мислам нема да ти е проблем. За по гости да пробаш од овие некое ама пак зависи до детето.
Е супер Ќе земам вакво. Во нашиот град нема хранилки во секој ресторан. А и во тие што има, има по една. Неопходно ми е едно вакво. Тенкју на сите
Не Бубе, ниски се, јас на синко 11м под неа перница му местам за да му е масата на доволна висина да може да јаде.
Muffin mint - Мoni. Од Енци Менци е купена. Задоволни сме, да. Има се' од ова што погоре ти набројав, а што е најважно и бебе сака да си јаде во неа.
https://lococroco.com/хранилка-kikka-boo-multi-3-in-1 да не случајно некој има да сподели мислење за оваа хранилка? или па да ме посоветува... вака мене ми се допаѓа ама не се разбирам многу
Da si se samocitiram vi trebaat kaisi. Eve ja pocna da iskaca da stanuva...znaci 6-12mes verojatno ne ama posle 12mes da
@Bubce38 може овакво би ви завршило работа. Лесно се склопува и монтира, не зафаќа место кога е склопено а исто и на маса. Ова е од Шведска, ако знае некоја членка каде има во Мк да се најде нека пише. https://www.jollyroom.se/babyproduk...f3sONN-B-ShS2QtF68xIjTxcBF69_mXQaAjy_EALw_wcB
Се загреав за трип трапот, а дур бев трудна не ни знаев дека постојат вакви столчиња и мислев хранилкава е еден од помалите трошоци. Не знам дали вреди, ај сеа разубедете ме зошто да не го купам освен што е 300-400 еур? Или зошто баш него, а не поевтиниве копии. Маж ми може нема да ме разведе али ќе мрчи ќе попува сигурно. Е сега не ми се јасно дали бебето на 6м ќе може да седи во вакво столче, пошто на 6 месеци мислам дека не седат стабилно (ние сме 5, планирам на 6 да воведам вкусови). За BLW исто не знам дали и од кога ќе практикуваме, претпоставувам после 7ми 8ми месец се почнува, не веднаш. Ќе ја тагнам @Pacient srna пошто најтазе го има. Дали пред да го земеш ги гледаше овие кај нас што се слични сејфти 1ст, фрееон, киндеркрафт, овие се околу 100 евра, дали вреди трипп траппот 200 и кусур евра повеќе?
Немам трип трап, имам копија на сејфти 1ст - се љупи бојата, затоа не копија . Плус се расклати од што е мирен син ми многу, па пак го прицврстувавме. Квалитетот е неспоредлив мислам. Ама од друга страна, зошто копија, а не столица од 200+ евра - затоа што нејќе да седи во него, не седи мирен ни 2 минути и го земам в скут го хранам. Јас зедов ваков тип на хранилка бидејќи нејќам да се сопнуваме по дома од класичните, ова ми е супер, колку еден стол зафаќа место и е директ маса ставено, послужавникот не го ни монтирав. Иначе следев препорака - дете во хранилка откако ќе седне стабилно дотогаш в скут, без разлика дали го храниш со парчиња или каши. Така да немаше потреба да земам од оние на кои им се подесува наслонот, почнав негде од 7 месеци да го ставам да седи.
Вреди! Никогаш дома нема јадено на кревет, во скут или сл. Мало е 6 м. да го ставаш да седи. Додека да почне само може во скут, да има грбчето подршка. Еве може видеово ќе ти помогне:
Za mene vredi zaso toa e dolgorocno. Posle u soba ke mu go stais ke se koristi...baska imeto i go pisuva be izgravirano u drvoto Drvoto e cvrsto stabilno tesko puno drvo e. Za sedenje jas i vo klasicnata hranilka ne podesuvav naslon si sedese na 90stepeni mada od sto bese siroko toa realno pagase pa ja potpisav so peskir od strana. Mozes i so.ova vaka. Nas koa ni stigna stolceto malata imase 7 i neso i veke super stabilno sedese nemase gajle. Ke ti ostane misla naracaj si ne mu se sekiraj na maz ti koa e za bebe polesno proaga trosokot Inace ne gledav kopii od start znaev deka toa go sakam se mislev megu ova i cybexpt ama na graviranjeto me dobija i na roze bojata
@Autumn Love @*katja* @Pacient srna Ок изгледа ќе ми направите трошок . Значи од прилика на 7 месеци ќе почне во него до седи. А до тогаш во скут се раниме? Таман да има време да стигне.
Јас на моево му купив трип трап (6+ месеци верзијата) и пре пре пре задоволна сум. Многу лесно се одржува, многу е стабилно, многу е прилагодливо и што вика @Pacient srna после можеш во соба да му го ставиш да си го користи. Живеам во Скопје иако не сум од тука и решив за кога одиме кај дедово на подолго да купиме столче за таму. Купив едно поевтино и веднаш се гледа разликата, и во каишките, и во стабилноста - мислам дека да го удрам по ногара дека ќе падне, се лизга тоа седиштето итн. Најтопло го препорачувам. Инаку и јас почнав со BLW директ со моево - секогаш јаде во столчето, никогаш на друго место и ја обожава столицата. Не сум му давала ништо да јаде пред да почнам BLW. Не ретко другарки кажуваат дека транзицијата од кашички на БЛВ е потешка одошто да почнеш веднаш со едниот метод и да го тераш зашто се навикнуваат и одбиваат. Јас сум пресреќна што почнав и ден денеска терам со методов, бенефитите се неверојатни. Ако планираш BLW - препорачувам да посетиш обука кај Мајката Ката - се убаво ке ти објасни и за исхраната и за тоа од кога може да седи и е постојана морална и секаква поддршка и по обуката.
Naracuvaj go odma zaso se ceka. So ova so ukraina use poise kasnat baska letni odmori idat....ova e ako naracuvas gravirano inace mislam imaat na zaliha vo bebehome grcija
Здраво, може да ми кажеш нешто повеќе за обуката? цена и како се пријавува ? колку трае, дали вреди? можеш и во лп доколку не ти е проблем
Ќерка ми седеше многу стабилно од пред 6 месеци иако пред 5 ја ставав во хранилкава со наслон. Преубава е,стабилна,комотна и мислам единствена од ваков тип што е со еко кожа а не со мушама,маста и ја извадивме,секој оброк и ужинка ни е строго во хранилка,ја препорачувам од срце.