Ние го имаме ова столче. Солидно е. Го користиме активно веќе еден месец. Мене ми ги исполнува потребите. Има три позиции на седиштето, лесна е, лежиштето е како мушамче и лесно се одржува. И што е најважно бебе сака да седи дури во него дури и кога не ручка.
Па мислам дека не е толку гломазна. Мене ми стои отворена цело време во еден ќош и ја возам кај ми треба
Мамички ајде малку помош. Време ни е за столче за хранење и пд вчера истражувам какво да земеме, па да ми помогнете доколку можете. Ве читав за Tripp Trapp, Safety1 ама некако ич не ми се зима дрвено столче, не знам зошто. Е сега ги гледав и на Maxy Cosy, оваа на сликата и се мислам помеѓу оваа и tripp trapp. Што мислите, кое е подобро?
Квалитетот на трип трап е неприкосновен, можеш да го користиш и како скала и како обичен стол натака. Дрвен е но многу е убаво дрвото и лесно се одржува. Она што е најважно - многу е стабилен (за овој стол не знам), многу лесно се одржува и она што гледам тука фали потпора за нозете на детето, а на трип трап расте со детето. (Инаку и јас сум фан на макси кози, имам количка, но за стол дефинитивно трип трап).
Сосем различен тип е трип трап со ова што си го пуштила. За одржување мислам дека нема некое што лесно се чисти, сегде се заглавува храна реално, ова можда има повеќе местенца кај што може да влезе. Е од друга страна па ова меково седиште за чистење.. Потпората што ја има е само со 2 нивоа како што гледам, па ќе треба на почеток сигурно да доставаш нешто за да не му висат ноџињата. Трип трапот е многу по минималистички, лесно се вклопува во ентериер, се користи подолго, се менуваат нивоата, има носивост над 100кг, стабилен е. За сејфти 1ст и сличните мислам дека се жалеа се лупела боја се клацкале и тн. Не знам што цена е ова, ако е за кратко користење дур не седне на столче ондак можеш и од икеа да земеш и да ставиш потпора за нозе . Убавина е ствар на вкус ама трип трапот ми стана поубав од кога почнав да истражувам, а вака на прво видување исто мислев, дрвено столче, па не сме во градинка .
Ja iam triptrap za moeto ne e mrdnato 15 mes e. Prelesno za cistenje i imas da biras boi i ako sakas da ti izgravirast pozadi nesto, jas i go pisav imeto. Tesko puno drvo e i e stabilno ne se ljulja.
Мајки искуства со столчуњата 2во1? Што може да се искористат понатаму и како детско столче и масичка?
Некој што има искуство да каже.. Што е битно да се запази при избор на столче за хранење? Во фаза сме на купување па да знам на што да внимавам
Позиции на седење во смисол на погоре и подоле и потпора за нозе бар со неколку степени и каиш за врзување. За да може и 6 месечно и 18 месечно дете да седи и да му е пријатно, да не му е послужавникот до врат или да му висат ноџињата. За мене ова се 3 важни работи за хранилка.
- да е квалитетно за да може да се користи подолго време - да е стабилно за да не се преврти детето - да има појаси за врзување - да расте со бебето т.е. да може да се поместува погоре/подоле - да има потпора на нозете за да не му висат - да има послужавник кој се поместува и целосно вади
Како бе не си употребила. Оваа мојава ќе скокне ако не и е појасот. Сега па кога ќе ја ставам си бара да ја закопчам.
Pa taka koa bese mala nemase potreba sekako ne moze da izleze. Sefa ako i se stanuva ke vristi za da stane dzabe vrzuvanjeto